Прејди на содржината

Лу Бан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Статуа на Лу Бан

Лу Бан (кин. 鲁班, пинјин: Lū Bān, 507 п.н.е. - 440 п.н.е.) бил кинески столар, филозоф, воен мислител, државник и современик на Мо-це роден во државата Лу.[1]

Неговото вистинско име било Гонгшу Бан, а бил познат и како Мајстор Кунгшу (Кунгшу-це). Бидејќи бил од државата Лу, во записите најчесто бил нарекуван Лу Бан. Лу Бан е многу значаен по своите достигнувања по неговиот предмет то државата Чу.

Според преданијата, тој измислил неколку направи, како што може да се види во Мо-це 49 и 50 глава:

  • Облак-скала — пренослива опсадна скала со противтег.[2]
  • Бојни куки и овен — орудија за бродови за поморско војување.[3]
  • Дрвена птица — која можела да остане во воздух три дена - еден вид прототип на леталото змеј.[4]

Исто така други пронајдоци му се припишуваат нему, како направа за подигање при погреби [5], кочија со дрвен коњ и кочијаш [6], и други изработки од дрво кои му донеле титула Мајстор споменати во следниве книги:

  • „Книга на семејни лози“ (世本), напишана околу III век п.н.е..
  • „Приказни за чудесното“ (述异记), напишана околу V век од Жен Фанг.
  • „Записи за потеклото на нештата и случките“ (事物纪原), напишана околу XI век од Као Ченг.
  • „Потеклото на нештата“ (物原), напишана околу XV век од Луо Чи.
  • „Трактат на Лу Бан“ (鲁班经), текстови припишани нему XIII до XV век.
  1. Според цитат од делото „Разни трошки од Јијанг“, Том 24 од VII век, тој бил од Тунхуанг.
  2. 公输盘为楚造云梯之械,成,将以攻宋。(Мејов превод: Кунгшу Бан направил опсадни скали за државата Чу за напад врз државата Сунг) Мо-це Гл. 50, Пас. 1.
  3. 公输子自鲁南游楚,焉始为舟战之器,作为钩强之备,退者钩之,进者强之,量其钩强之长,而制为之兵。楚之兵节,越之兵不节,楚人因此若埶,亟败越人。(Мејов превод: Гонгшу-це дошол јужно од државата Лу во државата Чу, и почнал со изработка на орудија што се состоело од бојни куки и овни. Кога непријателот се повлекувал, овие ги користеле куките. Кога непријателот напредувал ги користеле овните. А оружјето било направено соодветно на должината на тие куки и овни. Така оружјето на државата Чу било стандардизирано, додека оружјето на државата Јуе не било. Со оваа предност, народот на Чу извојувал велика победа врз народот на Јуе) од Мо-це Гл. 49, Пара. 20.
  4. 公输子削竹木以为鵲,成而飞之,三日不下。(Мејов превод: Кунгшу-це направил птица од бамбус и кога ја завршил, ја летал. Останала горе [во воздух] три дена.) Мо-це Гл. 49, Пара. 21.
  5. Лиџи Гл. 4.
  6. Лунхенг Гл. 85, од Ванг Чонг (род. 27).
  • Du Shiran; и др. (1992). Biographies of Ancient Chinese Scientists Series One: Lu Ban. Beijing: Kexue Chubanshe. стр. 22–25. ISBN 7-03-002926-7. Надворешна врска во |title= (help)
  • Wang Fu; и др. (1994). Records of Lu Ban: China's Earliest Inventor — Lu Ban. Beijing: Zhongguo Kexue Jishu Chubanshe. стр. 3–6. ISBN 7-5046-1676-1.
  • Li Shaoyuan; Zhao Beizhi; и др. (1996). Stories of Chinese Scientist and Inventors. Beijing: Jindun Publishing House. стр. 1–8. ISBN 7-5082-0168-X.
  • Yu Xuecai; Li Chunfu (May 2004). "Gongshu Ban, No. 22 Monograph in Research Library of Chinese Architectural Culture". Huazhong Architecture Bimonthly. Архивирано на 4 март 2016 г.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]