Милан Чундев
Изглед
Милан Чундев | ||
Роден | Милан Чундев 13 јануари 1947 Велес, СФР Југославија | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | универзитетски професор |
Милан Чундев (р. 13 јануари 1947 во Велес) — македонски универзитетски професор на Факултетот за електроника и информациски технологии во Скопје.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Дипломирал во 1970 година на Електротехничкиот факултет во Скопје, каде што во 1996 година бил избран за редовен професор. Во 1978 година магистрирал на Електротехничкиот факултет во Белград, а во 1990 година докторирал на Електротехничкиот факултет во Скопје.
Од 1996 година бил раководител на Институтот за електрични машини, трансформатори и апарати на Електротехничкиот факултет.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Чундева“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1631. Text "series " ignored (help)