Потекнувал од истакнато бостонско семејство.[1] Во 90-тите години од XIX век изградил приватна опсерваторија во Флегстаф, Аризона за да го проучува Марс. Бил поборник на теоријата дека интелегентните жители на планетата Марс, која пропаѓала, конструирале систем за наводнување низ целата планета, но оваа теорија денес е напуштена. Тој сметал дена т.н. канали на Марс се површини со култивирана вегетација, која зависи од таа иригација. Теоријата на Лоуел, која имала жестоки спротивставувања, на крајот била побиена со сликите добиени од американскиот вселенски брод Маринер. Неговата претпоставка за постоење планета зад Нептун била потврдена со откривањето на Плутон во 1930 г.