Спелеологија
Спелеологија е научно проучување на пештерите, нивниот изглед, структура, физичките одлики, историјата, животните форми и процесите преку кои тие се форимирале и се менувале во текот на времето (спелеогенеза и спелеоморфологија).[1] Изразот спелеологија исто така се користи и за рекреативното истражување на пештерите. Спелеологијата е дисциплина која го комбинира знаењето на хемија, биологија, геологија, физика, метеорологија и картографија, што се потребни за да се создаде слика за пештерата како комплексен систем.
Спелеологијата во Македонија
[уреди | уреди извор]Првите спелеолошки научни информации во Македонија се однесуваат на Мечкина Дупка, во близината на Охрид и датираат од 1924 година. Сепак, објавените резултати за пештерата Дона Дука од страна на академикот Петар Јовановиќ од 1925 година се сметаат за почеток на спелеологијата во Македонија. Врз основа на овие истражувања, Јовановиќ ги основал студиите од областа на географијата при тогашниот Филозофски факултет во Скопје.[1]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Македонски спелеолошки информатор
- Спелеолошка федерација на Македонија Архивирано на 17 мај 2014 г.
Наводи
[уреди | уреди извор]Оваа статија поврзана со геологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|