Шакал
Шакал или чакал — грабливец со среден раст, еден од трите (во некои извори четирите) цицачи од семејството кучиња (Canidae), пронајдени во Африка, Азија и југоисточна Европа. Во Македонија живее обичниот шакал (Canis aureus).
Особини
[уреди | уреди извор]Шакалите и којотот (американски шакал) заземаат мала еколошка ниша, заедно со останатите мршојадни и сештојадни животни. Нивните долги нозе и криви кучешки заби се приспособени за лов на мали цицачи, птици и влекачи. Големите шепи, опремени со перници, овозможувајќи им да се задржи до 16 км/ч подолго време. Тие ловат главно при слаба светлина, најчесто при мугрите и самракот. Шакалите се моногамни, како една двојка брани својата територија од останатите како гневен прогонува натрапниците и обележува границата со урина и измет. Населена област може да биде доволно голема за да се сместат и младите чекаше додека си основаат семејство и да најдат свој територија. Понекогаш шакалите формираат мали групи, ако најде труп на животно, но обично ловат сами или во парови.
Современи истражувања разјаснуваат врските меѓу шакаловите видови. Иако нивните надворешни карактеристични црти, не сите шакалови видови се толку блиски едни со други. Пругавиот и црногрбиот шакал се слични, но биолошки, нивниот изглед е поделен од оној на дивите кучиња и волците пред 6-7 милиони години. Обичниот шакал и етиопскиот волк се дел од групата, која вклучува и сиви волци, домашно куче и којот. Опити во Германија дошле до заклучок дека при вкрстување помеѓу пудлица и шакал, се добива хибрид, кој за разлика од вкрстување помеѓу волк и куче е со намалена способност за размножување, намалени комуникациски способности, како и зголемување на генетските болести, само по три генерации размножување.
Видови
[уреди | уреди извор]- обичен шакал (Canis aureus)
- пругав шакал (Canis adustus)
- црногрб шакал (Canis mesomelas)
- етиопски волк или етиопски шакал (Canis simensis)
Во антиката
[уреди | уреди извор]Староегипетскиот бог на подземниот свет, Анубис е претставен во човечко тело со глава на шакал. Денес шакалот е едно од најчестите животни во Африка - надвор од резерватите, во обработливо земјиште, дури и во близина на човековите населби.
Преносно значење
[уреди | уреди извор]Популарната, но донекаде неточна, идеја за шакалите како мршојадни животни, придонесува за негативна асоцијација кога ќе се спомене тоа. Заедничко е оттаму и поврзувањето на зборот шакал со човек, дури и со група луѓе кои се однесуваат со одредени сличности - тепање, зборување агресивно, подло однесување и сл.ситуации во кои се напаѓа паднатиот.
Шакалите како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Шакалот во лов“ — африканска приказна.[1]
- „Месечината и чакалите“ - песна на македонскиот писател Славко Јаневски.[2]
- „Тема за чакал“ (англиски: Theme For A Jackal) - песна на американската панк-рок група Мисфитс (The Misfits).[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Крилатиот лав (црнечки приказни). Детска радост, Скопје, 1954, стр. 19-22.
- ↑ Славко Јаневски, Коренот на стеблото ја надминува мерата на нивните разуми. Скопје: Темплум, 2014, стр. 131-133.
- ↑ Discogs, The Misfits* – Static Age (пристапено на 28 јануари 2021)