Патеки на славата
„Патеки на славата“ | |
---|---|
Режисер | Стенли Кјубрик |
Продуцент | Џејмс Харис |
Главни улоги | Кирк Даглас Ралф Микер Адолф Менжу Џорџ Мекреди |
Музика | Џералд Фрајд |
Кинематографија | Џорџ Крауз |
Монтажа | Ева Крол |
Студио | Bryna Productions |
Дистрибутер | United Artists |
Премиера | 25 декември 1957 |
Времетраење | 88 минути |
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Буџет | $850,000 |
Патеки на славата — анти-воен филм од 1957 година во режија на Стенли Кјубрик според истоимениот роман на Хемфри Коб. Правата за да се снима филм според овој роман, Кјубрик на вдовицата на Хемфри Коб ѝ ги платил со 10.000 американски долари.
Филмот иако не постигнал голем комерцијален успех, сепак претставува големо анти-воено дело на младиот Кјубрик, каде невини војници по случаен избор се жртвени јариња за сметка на славата на неуспешните генерали.
Случувањата се засноваат на вистинита слична ситуација каде четири француски војници под команда на генерал Жеро Ревејак се казнети со смртна казна заради побуната во Souain-Perthes-lès-Hurlus. Семејствата на погубените војници подоцна ја имаат тужено француската војска заради залудно одземените животи, додека судењето е прогласено за нефер. Сепак целта на ваквите преземени мерки на генералштабот на француската војска бил да се зајакне моралот и зголеми одлучноста меѓу војниците. Познати се слични мерки како убивање на секој 10-ти војник од 8-миот батаљон во Алжир кога овие одбиле команда за напад.
Вакви мерки против кукавичлук се практикувале во римската војска 2000 години наназад, што е познато како десеткување. Слични мерки имало во војската на Светото Римско Царство во 1642 година (90 војници биле сурово обезглавени од познат чешки џелат Јан Мудлар), потоа во редовите на Италијанската војска за време на првата светска војна, а најизразено е казнувањето заради кукавичлук во редовите на Црвената армија за време на втората светска војна. За време на првата светска војна, војската на САД осудила 24 свои војници на смрт заради кукавичлук, но смртните казни никогаш не е биле извршени.
Дејство
[уреди | уреди извор]Стабилизиран западен фронт, 1916 година, долг 800 километри од Ламанш до Швајцарската граница, со утврдени рововски позиции, без поголеми воени успеси на едната или другата страна, платени се со десетици илјади животи.
Бригадниот генерал Пол Миро (Џорџ Мекреди) е докажан генерал, кој верно служи на својата татковина, со високи морални вредности. Во негова посета директно од командата во Париз, доаѓа генерал мајор Жорж Брулар (Адолф Менжу), кој му соопштува дека Француската војска спрема голема офанзива, а Мравјото брдо кое моментално е во рацете на непријателот е од клучно значење за успехот на офанзивата и мора да се освои за два дена. Оваа наредба од генералштабот за генералот Миро е неостварлива. Тој реално на генерал Брулар му ги образложува причините зошто ова би претставувало невозможна мисија: “Она што е останато како војска, не би можело дури ни да го брани Мравјето брдо, а камо ли да го освои! Жал ми е, но ова морам да Ви го кажам, одговорен сум за животот на 8000 војници и ништо во животот не ми значи повеќе од нив”. Но ветувањата од генерал Брулар дека би бил сериозно унапреден и прекомандуван му изгледаат примамливо. Истовремено бара да има максимална поддршка од артилеријата.
Следниот ден генерал Миро заедно со мајор Сен-Обан (Ричард Андерсон) одат во посета на војниците во рововите каде се среќаваат и со полковник Дакс (Кирк Даглас) соопштувајќи му ја наредбата: освојување на Мравјото брдо по секоја цена! Иако и на полковник Дакс ова му изгледа невозможна мисија, како војник бранејќи ја воената чест и морал не одбива да ја изврши наредбата.
Утредента започнува офанзивата за освојување на Мравјото брдо. Генерал Миро ја следи акцијата преку перископ од утврден ров. Гледа дека војската под притисок на германската артилерија се повлекува назад. Тогаш генерал Миро издава наредба до француската артилерија да ги бомбардира француските позиции за да ги одврати војниците од повлекување и да ги натера да атакуваат на освојување на стратешката точка. Францускиот командант на артилеријата капетан Русо (Џон Штаин) одбива да ја изврши оваа “чудна” наредба без да ја добие во писмена форма.
Моралот кај француската војска и покрај десеткувањата е висок, тие прават втор офанзивен обид, кој за жал повторно е неуспешен. Нервозата кај сите е присутна, посебно кај генерал Миро, не само што изврши неуспешна офанзива и има големи загуби во жива сила, туку нема да биде унапреден и прекомандуван. Ги повикува на рапорт полковник Дакс и капетан Русо. Од полковник Дакс бара да донесе на попладневното судење тројца војници од секој вод по еден.
На судењето се излезени буквално најхрабрите: војник Морис Ферол (Тимоти Кери), десетар Филип Парис (Ралф Микер) и војник Пјер Арно (Јозеф Туркел). Судењето е кратко и брутално: “- Дали се повлековте од нападот? - Да.” Тоа е доволна причина да бидат обвинети за кукавичлук и осудени на смрт со стрелање. Полковник Дакс, дава сè од себе на судењето, ги брани и оправдува постапките на своите војници, го образложува нивното повлекување, но поротата е едногласна: смрт со стрелање!
“Можеби овој пример ќе има големо влијание врз понатамошмото однесување на останатите војници, а и ние генералите ќе бидеме малку ослободени од притисокот на новинарите и политичарите”, вели генерал Брулар. Но откако од полковник Дакс сфатил дека генерал Миро дал наредба артилеријата да пука на сопствената војска, го известува дека ќе даде налог да се спроведе истрага: “Истрага која и не значи многу, со време ќе се заборави, само колку да се задоволат апетитите на јавноста, а и новинарите да имаат малку работа, ништо страшно”.
Целата чета е собрана во една локaлна кафеана, сака малку да се забавува после страшните моменти на фронтот. Во кафеаната “најновиот воен плен” млада и убава германка (Сузан Кристијан) пее германска тажна воена песна. Војниците немо ја следат свесни дека ги чекаат многу нови денови поминати во војна.
Улоги
[уреди | уреди извор]- Кирк Даглас како полковник Дакс
- Џорџ Мекреди како бригаден генерал Пол Миро
- Адолф Менжу како генерал мајор Жорж Брулар
- Ричард Андерсон како мајор Сен-Обан
- Џон Штаин како капетан Русо
- Тимоти Кери како војник Морис Ферол
- Ралф Микер како десетар Филип Парис
- Јозеф Туркел како војник Пјер Арно
- Сузан Кристијан е пејачка во локалната кафеана
Локации
[уреди | уреди извор]Филмот е комплетно снимен во Германија, поточно Баварија. Најголем дел е снимен во и околу Шлајсхајм дворецот, северно од Минхен. Исто така користени се студијата на Бавариан Филмстудиос во Грунвалд и на Пакариан-Филмкунст студиос во Минхен.
Мал дел од филмот е снимен по улиците на планинското село Бернрид во Вајлхајм-Шонгау областа, јужна Баварија.
Друго
[уреди | уреди извор]Улогата на "најновиот воен плен" како е наречена во филмот пејачката во локалната кафеана ја игра германската глумица Сузан Кристијан. На снимањето на филмот се запознава со режисерот Стенли Кјубрик, по што му станува сопруга.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Патеки на славата на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
|