Кандило
Кандило, кандил[1] или маслена ламба – мал сад исполнет со масло, во кој гори фитил, пливка, што се користи за осветлување.[2] Кандилото е предмет што се користи за постојано давање светло во одреден период со употреба на извор на гориво засновано на масло. Употребата на маслени ламби започнала пред илјадници години и продолжува до ден-денес, иако веќе не е вообичаена.
Маслените ламби се облик на осветлување и се користеле како алтернативи на свеќите пред да почне да се користат електрични светилки. Почнувајќи од 1780 година, светилката „арган“ брзо ги заменила другите маслени ламби кои сè уште биле во нивната основна античка форма. Тие пак биле заменети со керозинската ламба околу 1850 година. Во малите градови и руралните области, маслената ламба продолжила да се користи и во 20-от век, сè додека таквите области не биле конечно електрифицирани и можело да се користат електрични светилки.
Извори на гориво за маслени ламби вклучуваат широк спектар на растенија, како што се јатки (ореви, бадеми) и семе (сусам, маслини, рицинус, лен). Исто така, широко користени биле и животински масти (путер, рибино масло, црн дроб од ајкула, китова маст). Мешавина од терпентин и алкохол, било првото гориво, „горлива течност“, за ламби, откако се исцрпеле резервите од китово масло. Тоа било заменето со керозин, откако американскиот конгрес вовел акцизи на алкохолот за да ја финансира Граѓанската војна.
Повеќето маслени ламби биле заменети со горива засновани на бензин или нафта за да работат кога е потребна неелектрична светлина во вонредни ситуации. Денес, маслените ламби денес се користат за посебниот амбиент што го создаваат.
Кандилото во православието
[уреди | уреди извор]Има повеќе наводи за кандилата во Новиот завет. Во православните цркви како и во источнокатоличките цркви, кандилата сè уште се користат.
Во православната црква кандилото се става пред светите икони. Она кандило што се става на чесната трпеза во светиот олтар во храмот, се пази секогаш да е запалено и се нарекува „незгасливо“ кандило.[3]
Кандило се става и пред домашната икона и истото се пали секој ден.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „кандил“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „кандило“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Зошто палиме кандило на семрежното место на Бигорски манастир
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Кандило на Ризницата ?
- Romulus2.com, Ancient Lamps
- Steve-Adler.com, Oil Lamps from the Holy Land, from the Adler collection Oil Lamps of Antiquity