Прејди на содржината

Форст (Лужица)

Координати: 51°44′N 14°38′E / 51.733° СГШ; 14.633° ИГД / 51.733; 14.633
Проверена
Од Википедија — слободната енциклопедија
Форст
Водоснабдителна кула во Форст
Водоснабдителна кула во Форст
Водоснабдителна кула во Форст
Грб на Форст
Форст (Лужица) во рамките на Германија
Форст (Лужица)
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Шпре-Ниса
Градоначалник Јирген Голдшмит (СлДП)
Основни податоци
Површина 109,91 км2
Надм. височина 72 м
Население 17.855 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 162 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SPN
Пошт. бр. 03141–03149
Повик. бр. 03562
Портал www.forst-lausitz.de
Местоположба на градот Форст во рамките на округот Шпре-Ниса
Карта
Карта
Координати 51°44′N 14°38′E / 51.733° СГШ; 14.633° ИГД / 51.733; 14.633

Форст (Лужица) (германски: Forst (Lausitz), долнолужички: Baršć) — град во Бранденбург, Германија. Се наоѓа источно од Котбус на реката Лужичка Ниса, која во исто време е германско-полската граница според линијата Одра-Ниса. Градот е административно седиште на округот Шпре-Ниса. Тој е познат по неговата градина со рози и музејот за текстил. Во Форст постои железнички мост преку Ниса, кој е дел од линијата КотбусЖари и се користи за регионални возови и EuroCity возот помеѓу Хамбург и Краков (2011). Исто така постои и патен мост над реката северно од Форст.

Градот е дел од областа Лужица. Станал дел од Кралството Прусија по Виенскиот конгрес во 1815. Потоа градот бил управуван во рамките на покраината Бранденбург. По Втората светска војна станал дел од Источна Германија.

Форст искусил тешки времиња по падот на Берлинскиот ѕид и повторното обединување на Германија поради огромната невработеност. Во минатото, градот бил познат по производството на текстил, но сите текстилни фабрики се затворени во изминативе години.

  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]