Округот се наоѓа во најјужниот дел на Линебуршкото Поле (Lüneburger Heide). Реката Алер влегува во округот на исток, тече низ градот Целе и излегува од округот на северозапад. Кон нејзе се влеваат повеќе притоки од југ.
Лавот и срцето биле дел од грбот на Линебург, дел од Војводството Брауншвајг-Линебург. Кнежевството понекогаш било нарекувано Брауншвајг-Целе, бидејќи Целе бил главен град на истото, но тоа е погрешно. Единствената разлика е во бројот на срцата (првичниот вклучувал повеќе).