Прејди на содржината

Чалик Али-паша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хаџи · Чалик · Мерзифонлу
Али
Паша
Голем везир на Отоманското Царство
На должноста
23 март 1692 – 17 март 1693
Монарх Ахмед II
Претходник Арабаџи Али-паша
Наследник Бозоклу Мустафа-паша
Лични податоци
Роден(а) Мерзифон, Отоманско Царство
Починал(а) 11 октомври 1698
Хераклион, отомански Крит
Националност Отоманец
Потекло Турчин

Чалик Али-паша (познат и како Хаџи Чалик Али-паша или Мерзифонлу Чалик Али-паша; починал 1698 госина) — отомански државник кој бил голем везир за време на владеењето на Ахмед II.

Почетоци

[уреди | уреди извор]

Али-паша бил турчин од Мерзифон, град во североцентрална Анадолија, и потчиновник на Кара Мустафа-паша, кој исто така бил од Мерзифон. Иако неговиот сограѓанин бил погубен по неуспешната опсада на Виена во 1683 година, Али продолжил да работи во граѓанската служба. Тој отпатувал до Мека (денес Саудиска Арабија) на аџилак и ја добил титулата Хаџи, и во 1688 година, бил поставен за управник на Сакиз (денес Хиос, Грција). Во 1690 година, тој бил назначен за управник на Ерзурум а подоцна и за управник на Дијарбекир (денес Турција).

Како голем везир

[уреди | уреди извор]

На 23 март 1692 година, Али-паша би назначен за голем везир на Отоманското Царство. Негово прво дејство како голем везир било да отпатува на военото поле и да набљудува како се одвива војната, односно Големата турска војна. Дал наредби да се зацврстат утврдувањата во Белград (денес Србија).По враќањето во главниот град Истанбул, се потрудил да ја подобри состојбата со благајната, која била во негатива поради скапата војна. За оваа задача го избрал Џанаби Ахмед, тогашниот дефтердар (министер за финансии). Сепак, иако ја подобрил состојбата со благајната, Али-паша наскоро станал цел на тешки критики и противења од страна на противничките политичари поради состојбата на економско штедење. Султанот му дал наредба да го разреши Џанаби, но Чалик Али-паша го бранел Џанаби. Бидејќи не успеал да го разубеди султанот, тој се повлекол на 17 март 1693 година по една година како голем везир.[1]

Подоцна и смрт

[уреди | уреди извор]

Во апсолутната монархија како Отоманското Царство, непознато било спротивставувањето на султановите наредби. Сепак, Ахмед II бил еден од потолерантните султани, и не го казнил Чалик Али-паша. Тој, му понудил на Али-паша управна функција. Али-паша остатокот од животот го поминал во Бурса (денес Турција) и во Кандија (денес Хераклион, на островот Крит), каде починал во 1698 година.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Ayhan Buz: Osmanlı Sadrazamları, Neden Kitap İstanbul,2009, ISBN 978-975-254-278-5 p.139-142
Политички функции
Претходник
Арабаџи Али-паша
Голем везир
23 март 1692 – 17 март 1693
Наследник
Бозоклу Мустафа-паша