Уларци
Уларци | |
Координати 41°51′32″N 22°15′51″E / 41.85889° СГШ; 22.26417° ИГД | |
Општина | Чешиново-Облешево |
Население | 289 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 13042 |
Надм. вис. | 284 м |
Уларци на општинската карта Атарот на Уларци во рамките на општината | |
Уларци на Ризницата |
- За велешкото село со сличен назив видете Уланци
Уларци — село во Општина Чешиново-Облешево, во околината на градот Кочани.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во Кочанското Поле и е дел од општината Чешиново-Облешево, западно од градот Кочани.
Се граничи со општина Карбинци кај село Крупиште.
Историја
[уреди | уреди извор]На крајот на XIX век селото било дел од Штипската каза на Отоманското Царство. Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 144 Македонци. Според бугарскиот публицист Димитар Мишев, во 1905 година селото имало 208 христијани.
Во 1912 година е забележан еден жител од селото како член на македонско-одринското ополчение.
На 14 октомври 1944 година германскиот окупатор во селото извршил убиство на околу 40тина лица, во склоп на серијата масовни убиства што ги извршил во Штипско, Кочанско и Повардарието во тој период.[2]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Главна стопанска гранка во селото е земјоделството.
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Уларци живееле 540 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Уларци имало 208 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[5]
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 366 жители Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 289 жители, од кои 282 Македонци, 2 Власи и 5 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 144 | 208 | 334 | 351 | 465 | 503 | 516 | 427 | 378 | 366 | 289 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 884 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 220 гласачи.[13]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Павле Ананиев и др. (ур.) „Загинаа за да живеат 1941-1945“, Кочани, 1981, 97-104 стр.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р. 132-133.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Сателитска снимка на Уларци на Карти на Гугл
|