Чохалари
Чохалари Παρθένιο | |
---|---|
Координати: 40°42.1′N 22°36.25′E / 40.7017° СГШ; 22.60417° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски |
Општина | Илиџиево |
Општ. единица | Илиџиево |
Надм. вис. | 15 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 495 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Чохалари (грчки: Παρθένιο, Партенио или Παρθένος, Партенос; до 1926 година Τσοχαλάρ, Цохалар[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во Солунското Поле, на околу 4 км јужно од Илиџиево.
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во XIX век Чохалари било чифлик во Солунската каза.[3] Се смета дека името се должи на тоа што во него се произведувало сукно (тур. чоха).[3][4]
Црквата „Св. Ѓорѓи“ е изградена во 1856 г.[5]
На крајот од XIX атарот на Чохалари зафаќал површина од 560 хектари и му припаѓал на беговите Маслун и Саледин. Жителите се занимавале со земјоделство и сточарство, а воедно и риболов во водите на Долното Езеро и Вардар. Од 1892 г. натаму Чохалари го опслужувала железничката станица во Крџалиево.[3] Подрачјето страдало од маларија.[6]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Чолжелер броело 187 жители, сите Турци,[7] но ова е погрешно.
Според Христо Силјанов, по Илинденското востание во 1904 г. целото село (Чохаларе) прешло под врховенството на Бугарската егзархија.[8] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Чохаларе (Tchohalare) имало 216 жител, сите Македонци под егзархијата.[9][10]
На пописот од 1905 г. селото имало 109 жители со мешана црковна припадност.[3]
Според извештај на Димитриос Сарос од 1906 г. Цохалар (Τσοχαλάρ) било словенојазично село во Воденската митрополија со 180 жители. Во селото правела обиди грчката пропаганда — имало грчко основно училиште со 13 ученици и 1 учител.[11]
Пред 1912 г. селото било чифлик, сопственост на муслиман и имало околу 150 жители „македонојазични“ христијани под Егзархијата и под Патријаршијата, како и 50 Роми муслимани.[4]
По Младотурската револуција во 1909 г. жителите на селото испратиле телеграма до Отоманскиот парламент во име на 15 егзархистички семејства да им се даде делот од селското училиште кој им припаѓа и да можат Св. Ѓорѓи|црквата која претходниот режим им ја предал на патријаршистички семејства.[12]
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Чувалари пред Балканските војни имало 35 куќи на Македонци христијани и 10 куќи на Роми муслимани.[13]
Во Грција
[уреди | уреди извор]По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 216 жители кои во 1920 г. се намалиле на 190 лица.[14] Во 1926 г. селото е преименувано во Партенос, во превод девица. Според една верзија, наречено е по селото Партенон во Мала Азија од кое дошол тогашниот чохаларски учител Калафатидис, а според друга, по цариградскиот патријарх Партениј.[4]
Согласно Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција, а на негово место се доведени Грци. На пописот од 1928 г. Чохалари имало 239 жители[14], од кои 44 лица (17 семејства) биле грчки дојденци, а останатите мештани. Друг извор дели дека таа година имало 240 лица, од кои само 50 биле грчки дојденци од Понд.
До 1935 г. во селото постепено се доселиле Власи и Каракачани.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Селото лежи на добра земја која целосно се наводнува.[14] Жителите се занимаваат претежно со земјоделство, а по малку и со сточарство. Се одгледува ориз, пченка, памук, цвекло и шпарлги.[4]
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 423 | 513 | 571 | 519 | 563 | 657 | 562 | 495 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Цркви
- „Св. Ѓорѓи“ од 1856 г.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Μπαλάσης, Ευγένιος (Ιούλιος 2009). Οικισμοί του Κάμπου της Θεσσαλονίκης την περίοδο 1900-1940 : Μεταπτυχιακή Εργασία Επιβλ. Καθ. Μ. Μυρίδης (грчки). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης. Πολυτεχνικής Σχολή. Τμήμα Αγρονόμων Τοπογράφων Μηχανικών Τεχνικές και Μέθοδοι στην Ανάλυση, Σχεδίαση και ∆ιαχείριση του Χώρου Χαρτογραφική Παραγωγή και Γεωγραφική Ανάλυση. стр. 48. Проверете ги датумските вредности во:
|year=
(help) - ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 „Παρθένιο“. Δήμος Χαλκηδόνας. Архивирано од изворникот на 2020-09-24. Посетено на 8 јули 2019.
- ↑ . Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων https://web.archive.org/web/20220422093028/http://listedmonuments.culture.gr/fek.php?ID_FEKYA=5174&v17=. Архивирано од изворникот на 22 април 2022. Посетено на 18 октомври 2014. Занемарен непознатиот параметар
|заглавие=
(help); Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ Μπαλάσης, Ευγένιος (Ιούλιος 2009). Οικισμοί του Κάμπου της Θεσσαλονίκης την περίοδο 1900-1940 : Μεταπτυχιακή Εργασία Επιβλ. Καθ. Μ. Μυρίδης (грчки). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης. Πολυτεχνικής Σχολή. Τμήμα Αγρονόμων Τοπογράφων Μηχανικών Τεχνικές και Μέθοδοι στην Ανάλυση, Σχεδίαση και ∆ιαχείριση του Χώρου Χαρτογραφική Παραγωγή και Γεωγραφική Ανάλυση. стр. 49. Проверете ги датумските вредности во:
|year=
(help) - ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 141. ISBN 954430424X.
- ↑ Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 126.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 218–219. no-break space character во
|pages=
во положба 4 (help) - ↑ Παπαδόπουλος, Στ. Ι (1975). „Η κατάσταση της παιδείας το 1906 στην ύπαιθρο του Κάζα Θεσσαλονίκης: (Μια ανέκδοτη έκθεση του Δημητρίου Μ. Σάρρου)“ (PDF). Μακεδονικά (грчки). Θεσσαλονίκη: Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών. XV (8): 136–137. Занемарен непознатиот параметар
|lang-hide=
(help); no-break space character во|pages=
во положба 4 (help) - ↑ Македония : Сборник от документи и материали. София: Българска академия на науките. Институт за история. Институт за български език, Издателство на Българската академия на науките. 1978. стр. 527.
- ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 29.
- ↑ 14,0 14,1 14,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 348. ISBN 9989-9819-6-5.
|