Стар поредок
Стариот поредок (француски : Ancien Régime); буквално „старо владеење“), познат и како Стариот режим, бил политички и социјален систем на Кралството Франција од доцниот среден век (околу 1500 г.) до Француската револуција (1789),[1] по која бил укинат феудалниот систем на француското благородништво (1790) [2] и наследната монархија (1792).[3] Во овој период, со Франција владееле кралевите од династиите Валоа, а потоа и династијата Бурбон. Терминот понекогаш се користи за да се опишат сличните феудални системи од тоа време на други места во Европа, како оној во Швајцарија.[4]
Потекло на терминот
[уреди | уреди извор]По 1789 година терминот стар поредок обично се користел од новинарите и законодавците во Франција и се однесувал на институциите во Франција пред револуцијата.[5]
Општи одлики
[уреди | уреди извор]Според Пјер Губер, „Стариот поредок е, пред сè, форма на општество“.[6] Општеството што се создало во Франција пред Француската револуција било сосема поинакво од општеството во соседните држави. Марксистичките историчари сметале дека тоа е феудално општество, бидејќи имало феудален начин на производство и типична феудална сопственост на земјиштето. Сепак, огромно мнозинство немарксистички историчари не се согласуваат со ова, затоа што, според нив, му недостасувале главните одлики на феудализсталеж. Така, крепосништвото во Франција исчезнало кон крајот на 13 век, системот на вазално-феудални односи, исто така, се верува дека исчезнал долго пред воспоставувањето на Стариот поредок. Кардиналот Ришелје на почетокот од 17 век ги укинал остатоците од феудалниот систем.[7] Оттогаш во Франција завладеал апсолутизмот - голема неограничена моќ на монархот, што исто така не е карактеристично за феудализмот со својот систем на лабава вазална зависност („вазалот на мојот вазал не е мој вазал“).
Истовремено, Стариот поредок имал малку заеднички нешта со капитализмот, кој брзо се развивал во соседните земји: Англија, Холандија, Германија и Италија. За разлика од овие земји, Франција во таа ера се одликувала со неразвиени стоковно-парични односи и доминирала трампата. Токвил ги споредувал одликите на Стариот поредок со Индија пред нејзината колонизација од Британците,[8] други автори од таа ера направиле паралела со Персиската Империја од античката ера и ги споредувале француските провинции со персиските сатрапии, има многу сличности со Кина од XIV-XVIII век, што им овозможило на некои автори Стариот поредок да го опишат како на посебен тип на општество, кое не е ни феудално ни капиталистичко, што претежно било одлика на земјите од Истокот.[9]
Стариот поредок се одликувал со посебни сталежи. Целото француско општество било поделено на три сталежи - католичко свештенство, благородништвото и таканаречениот трет сталеж. Во политичката сфера, акцентот беше ставен на Божественото право на кралевите да владеат со своите поданици. Апсолутниот монарх (најпознат меѓу нив е „Кралот на сонцето“, Луј XIV) имал неограничена моќ.
Стариот поредок се поклопува со неколку историски периоди од француската историја. На почетокот тоа била ерата на Ришелје и францускиот апсолутизам. Периодот пред склучувањето на мирот во Утрехт (1713), додека моќта на Франција растела, обично се нарекува голема ера (Grand Siècle), а времето потоа - галантна ера. По револуционерните пресврти, многу Французи со носталгија се присеќавале на „стариот поредок“.
Структура на државата
[уреди | уреди извор]Државната структура на Франција била слична со другите европски земји од тој период. На чело на државата бил кралот, кому му биле подредени министрите; во покраините имало управители и парламенти, со градовите управувале месни општински органи. Сепак, имало и суштински разлики кои ја прават Франција различна од нејзините соседи.
Најважна разлика бил системот на продажба на службенички позиции (полет), кој го опфаќал сиот државен апарат во Париз и во провинциите. Практиката на продавање службенички позиции се појавила во Франција уште во почетокот на 16 век за време на Луј XII, но својата конечна форма ја добил на почетокот од 17 век за време на Анри IV, кога овој систем станал сеопфатен, доживотен и наследен, и траел до 1789 г. Цената на највисоките владини позиции во последните децении пред Француската револуција достигнала 200-300 илјади ливри (фунти) или повеќе, што било еднакво на вредноста на луксузна палата сосе мебел.[10] Со купувањето на позиција, службеникот добивал право на доживотна „кирија“, што обично му овозможувало постепено да си ги врати направените трошоци.[11]
Оваа практика била главен виновник за неефикасноста и екстремната бирократија на француската државна машинерија, која опстојувала до самата револуција во 1789 година. Со правото на наследство добивале целосна независност во своето дејствување од централната власт.[12] Токвил истакнал дека како резултат на овој систем во Франција, „се појавија неверојатен број сосема бескорисни, па дури и штетни, работни позиции... Така, тие самите изградија преголема, сложена, гломазна и непродуктивна административна машина.“[13]
Пример за постоење на вакви паралелни структури со исти функции е институцијата на кралските интенданти во провинциите, која била воведена од Ришелје. Интендантите имале широки овластувања кои ги надминувале овластувањата на провинциските гувернери (шефовите на провинциите) и парламентите, а нивните должности во голема мера биле исти со тие на интендантите (даноци и финансии, домашна политика, судство итн.). Познатиот англиски економист Ло бил изненаден од оваа одлика на францускиот систем на управување: „Никогаш не би поверувал во она што самиот го видов како финансиски контролор. Знајте дека со Кралството Франција управуваат триесет интенданти. Кај вас нема парламент, нема држави, нема намесници; има само триесет интенданти испратени во провинциите, од кои зависи среќата или несреќата на овие провинции, нивното изобилство или неплодност“.[14]
Системот на купување и доживотно вршење јавна функција било постојан извор на корупција. Откако ќе се стекнал со функција, секој службеник се обидувал да ги надомести направените трошоци, преку својата службена положба. Историчарите даваат примери за огромни богатства акумулирани од службеници во текот на нивната служба, додека на почетокот на нивните кариери, некои од нив биле сиромашни.[15]
Во 1771 година, Луј XV се обидел да ја укине купопродажбата и наследството на многу од позициите, но планов наишол на силно противење од аристократијата и по смртта на кралот бил заборавен.[16]
Социјална структура
[уреди | уреди извор]Прв и втор сталеж
[уреди | уреди извор]Првиот и вториот сталеж (благородништвото и свештенството) биле ослободени од плаќање даноци, имале ексклузивни политички права и многу други привилегии во однос на остатокот од населението. На повеќето владини места можеле да бидат назначени само благородници, тие исто така можеле да бидат членови на парламентите, каде што било скоро невозможно да влезат претставници од третиот сталеж. На пример, во парламентот на покраината Бретања во периодот од 1660 до 1789 г. немало ниту еден член кој немал благородничка титула.[17]
Освен продажбата на јавни функции во Франција, била распространета и практиката на продажба на благороднички титули. Таа практика ја користеле новопечените богаташи од третиот сталеж, кои преку овој механизам се претворале во благородници. Новиот благороднички слој формиран преку купување на титули бил наречен „ благородништво по облеката “ (noblesse de robe), а старата наследна аристократија била наречена „благородништво по мечот“ (noblesse d'épée).
Како резултат на оваа практика, за време на Стариот поредок, дошло до силно раслојување на француското благородништво со богати луѓе од третиот сталеж. На пример, во Парламентот во Париз во 18 век, од 590 негови членови, само 6% биле потомците на старата аристократија од пред 1500 година, а 94% од членовите на парламентот биле од семејства кои стекнале благородничка титула во текот на 16-18 век. Според историчарите, до XVIII век, исчезнале сите значајни разлики помеѓу новото и старото благородништво и тие формирале единствена „каста“.[18]
Во средината на XVIII век се појавила популарна теорија меѓу француската аристократија, според која благородништвото во Франција потекнувало од „расата на освојувачите“ - Франките, а остатокот од населението биле потомци на галските селани, порано покорени од Франките; и со тоа, посебната положба на аристократијата била оправдана.[19]
Трет сталеж
[уреди | уреди извор]Третиот сталеж опфаќал околу 98% од населението на Франција и бил хетероген. Најголеми општествени групи во неговиот состав биле селанството (преку од 85% од населението) и буржоазијата. „Буржоазијата“ во Франција ја означувала средната класа, која имала свој „буржоаски“ начин на живот, кој одговарал на нивното прилично скромно ниво на приход; а оние буржуи кои успеале да се збогатат, по правило, си купувале благородничка титула, ги напуштиле редовите на буржоазијата и станувале аристократи.[20] Англиските историчари Милвард и Саул пресметале дека во Франција кон крајот на 18 век, просечниот приход на аристократијата бил 10 пати поголем од просечниот приход на буржоазијата, а вториот, пак, бил исто така околу 10 пати поголем од просечниот приход на работниците и селаните.[21]
Селанството било во најтешка состојба, и на свои плеќи го носеле товарот на даноците и таксите, страдале од самоволието на земјопоседниците и бирократијата и немале политички права. Според проценките, вкупното даночно оптоварување на селаните во однос на земјопоседниците, државата и црквата (даноци, кирија, десеток, итн.) во просек изнесувал 30-40% од бруто жетвата[22] (или околу 45-50% од нето - жетва, минус семенскиот фонд). Покрај тоа, селаните честопати биле принудувани на неплатена работа за државата (изградба на патишта, итн.) и за сопствениците на земјиштето.
Според очевидци, 3/4 од селаните во Франција во текот на целата година - и во лето и во зима - оделе во иста излижена облека, бидејќи немале друга, и со дрвени обувки (сабо) на боси нозе; преку зима им било мошне студено, бидејќи во живеалиштата немале греење, а шумите, по правило, биле сопственост на земјопоседниците или на кралот, а влезот таму бил забранет.[23] Селските буни биле постојана појава, а понекогаш покривале големи области. Голем размер достигнале во 1789 година, кога селаните запалиле многу имоти на земјопоседници (настани наречени „Голем страв“ - Grande Peur).
Многу факти сведочат за постоењето на нетрпение меѓу благородништвото и третиот сталеж, што особено било очигледно во првите години од Револуцијата. Зборовите „аристократи“ и „аристократија“ тогаш станале навредливи, а самите благородници и нивните семејства биле тероризирани, малтретирани и напаѓани од пошироките маси. Француските историчари Ф. Фуре и Д. Рише веруваат дека ова е поради „комплексот на понижување“ што се формирал меѓу масите на обичните Французи до престанокот на постоењето на Стариот поредок.[24]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Dewever, Richard (June 14, 2017). „On the changing size of nobility under Ancien Régime, 1500-1789“ (PDF). L'Ecole des Hautes Etudes en Sciences Sociales. Посетено на February 3, 2022.
- ↑ The National Assembly (19 June 1790). „Decree on the Abolition of the Nobility“ (PDF). The Open University. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-10-19. Посетено на December 27, 2021.
- ↑ „Ancien Regime“, Europe, 1450 to 1789: Encyclopedia of the Early Modern World (англиски), The Gale Group Inc., 2004, Посетено на 26 February 2017
- ↑ „Switzerland | History, Flag, Map, Capital, Population, & Facts | Britannica“. www.britannica.com (англиски). Посетено на 2022-03-07.
- ↑ Doyle 2012, p. 1.
- ↑ Goubert P. L’Ancien Regime. T. I. Paris, 1969, p. 16
- ↑ Mandrou R. La France aux XVIIe et XVIIIe siecles. Paris, 1987, p. 161
- ↑ Токвиль А. Старый порядок и революция. С-П., 2008, с. 117
- ↑ Кузовков Ю. Мировая история коррупции. М., 2010, п. 13.3 Факт существования ранее в истории особого типа социально-экономической системы на Востоке признаётся как российскими историками — см. Азиатский способ производства, так и западными — см. Wallerstein I. The Modern World-System. Capitalist Agriculture and the Origins of the European World-Economy in the Sixteenth Century. New York, 1974, pp. 57-58
- ↑ Goubert P. L’Ancien Regime. Paris, T. 1, 1969, p.174
- ↑ Токвиль А. Старый порядок и революция. С-П., 2008, с. 98-99. Подобной практики действительно в то время не было более нигде на Западе, но она в ту же эпоху существовала на Востоке, например, в Китае, а ранее в Византии
- ↑ Mandrou R. La France aux XVIIe et XVIIIe siecles. Paris, 1987, p. 222
- ↑ Токвиль А. Старый порядок и революция. С-П., 2008, с. 98-99
- ↑ Токвиль А. Старый порядок и революция. С-П., 2008, с. 42-43
- ↑ Goubert P. L’Ancien Regime. Paris, T. 1., 1969, p. 180; T. 2, 1973, p. 53
- ↑ Goubert P. L’Ancien Regime. Paris, T. 2, 1973, pp.232-233
- ↑ Goubert P. L’Ancien Regime. Paris, T. 1, 1969, p.165
- ↑ Goubert P. L’Ancien Regime. Paris, T. 1, 1969, pp.179, 235
- ↑ Goubert P. L’Ancien Regime. Paris, T. 1, 1969, p. 152
- ↑ Goubert P. L’Ancien Regime. Paris, T. 1, 1969, pp. 221—222.
- ↑ Milward A., Saul S. The Economic Development of Continental Europe, 1780—1870, Totowa, 1973, p. 265.
- ↑ Mandrou R. La France aux XVIIe et XVIIIe siecles. Paris, 1987, pp. 77-79.
- ↑ Goubert P. L’Ancien Regime. Paris, T. 1, 1969, p. 114. Mandrou R. La France aux XVIIe et XVIIIe siecles. Paris, 1987, p. 97.
- ↑ Furet F. et Richet D. La revolution francaise. Paris, 1973, p. 211.
Дополнителна литература
[уреди | уреди извор]- Беренс, антички режим на CBA (1989)
- Блек, Џереми. Од Луј XIV до Наполеон: Судбината на една голема сила (1999)
- Броклис, Лоренс и Колин Џонс. Медицинскиот свет на раната модерна Франција (1997) 984 стр.; многу детално истражување, извадок од 1600-1790 година и пребарување на текст
- Дојл, Вилијам, ед. Стариот режим Франција: 1648–1788 (2001) извадок и пребарување на текст
- Дојл, Вилијам, ед. The Oxford Handbook of the Ancien Régime (2012) 656 стр. извадок и пребарување на текст ; 32 тематски поглавја од експерти
- 9780394717517 , социјална историја од училиштето Аналес
- 9780521312691
- Хаузер, Х. „Карактеристичните одлики на француската економска историја од средината на шеснаесеттиот до средината на осумнаесеттиот век“. Преглед на економската историја 4#3 1933, стр. 257–272. онлајн
- Holt, Mack P. Renaissance and Reformation France: 1500–1648 (2002) извадок и пребарување на текст
- Џонс, Колин. Големата нација: Франција од Луј XV до Наполеон, 1715-99 (2002). извадок и пребарување на текст
- Кендал, Пол Мареј. Луј XI: Универзалниот пајак . (1971).ISBN 0-393-30260-1ISBN 0-393-30260-1
- Корс, Алан Чарлс. Encyclopedia of the Enlightenment (4 том. 1990; 2. издание. 2003), извадок од 1984 стр. и пребарување на текст
- Кнехт, RJ Подемот и падот на ренесансната Франција . (1996).ISBN 0-00-686167-9ISBN 0-00-686167-9
- Ле Рој Ладури, Емануел. The Ancien Regime: A History of France 1610–1774 (1999), извадок од политичко истражување и пребарување на текст
- Линдзи, JO ед. Новата модерна историја на Кембриџ, кн. 7: Стариот режим, 1713-1763 (1957) онлајн
- Лин, Џон А. Војните на Луј XIV, 1667–1714 (1999) извадок и пребарување на текст
- 0-8018-5631-0
- 978-1-844-67636-1
- О'Горман, Френк. „Англија од осумнаесеттиот век како антички режим“, во Стивен Тејлор, ед. Хановерска Британија и Империја (1998) тврди дека блиската споредба со Англија покажува дека Франција навистина имала антички режим, а Англија немала (напад на Џонатан Кларк. Англиско друштво, 1688–1832 (1985))
- Перкинс, Џејмс Брек. Франција под Луј XV (2 том 1897) онлајн том 1 Архивирано на 29 јуни 2011 г. ; онлајн том 2 Архивирано на 29 јуни 2011 г.
- Потер, Дејвид. Историја на Франција, 1460–1560: Појавата на национална држава (1995)
- Рајли, Џејмс Ц. „Француски финансии, 1727-1768“, Журнал за модерна историја (1987) 59#2 стр. 209–243 во ЈСТОР
- Рош, Даниел. Франција во просветителството (1998), опширна историја 1700–1789 извадоци и пребарување на текст
- 0-416-73050-7
- Шепер, Т.Ј. Економијата на Франција во втората половина од владеењето на Луј XIV (Монтреал, 1980).
- Спенсер, Самиа И., ед. Французинките и ерата на просветителството. 1984 година.
- Сатерленд, ДМГ „Селани, лордови и Левијатан: Победници и губитници од укинувањето на францускиот феудализам, 1780-1820 година“, Журнал за економска историја (2002) 62#1 стр. 1–24 во ЈСТОР
- Токвил, Алексис де. Античкиот режим и Француската револуција (1856; издание 2008) извадок и пребарување на текст
- Treasure, GRR Seventeenth Century France (второ издание 1981), водечко научно истражување
- Treasure, GRR Луј XIV (2001) кратка научна биографија; извадок
- 9780575000889
Религија
[уреди | уреди извор]- Aston, Nigel (2000). Religion and Revolution in France, 1780-1804. Washington D.C.: Catholic University of America Press. ISBN 978-0-8132-0977-7. OCLC 59522675., comprehensive overview
- McManners, John (1999). Church and Society in Eighteenth-Century France. 1: The Clerical Establishment and Its Social Ramifications; Vol. 2: The Religion of the People and the Politics of Religion.
- Palmer, R.R. (1939). Catholics and Unbelievers in Eighteenth-Century France. Princeton University Press.
- Van Kley, Dale (1996). The Religious Origins of the French Revolution: From Calvin to the Civil Constitution, 1560–1791.
- Ward, W. R. (1999). Christianity under the Ancien Régime, 1648–1789.
На француски
[уреди | уреди извор]- Bély, Lucien (1994). La France moderne: 1498–1789. Collection: Premier Cycle (француски). Paris: PUF. ISBN 2-13-047406-3.
- (in French) Bluche, François. L'Ancien Régime: Institutions et société. Collection: Livre de poche. Paris: Fallois, 1993. ISBN 2-253-06423-8
- (in French) Jouanna, Arlette and Philippe Hamon, Dominique Biloghi, Guy Thiec. La France de la Renaissance; Histoire et dictionnaire. Collection: Bouquins. Paris: Laffont, 2001. ISBN 2-221-07426-2
- (in French) Jouanna, Arlette and Jacqueline Boucher, Dominique Biloghi, Guy Thiec. Histoire et dictionnaire des Guerres de religion. Collection: Bouquins. Paris: Laffont, 1998. ISBN 2-221-07425-4
- (in French) Pillorget, René and Suzanne Pillorget. France Baroque, France Classique 1589–1715. Collection: Bouquins. Paris: Laffont, 1995. ISBN 2-221-08110-2
- Viguerie, Jean de (1995). Histoire et dictionnaire du temps des Lumières 1715–1789. Collection: Bouquins (француски). Paris: Laffont. ISBN 2-221-04810-5.
Претходник Hundred Years War |
French periods of history 1453–1789 |
Наследник Revolutionary Period |