Адам Важик
Адам Важик | |
---|---|
Адам Важик | |
Роден/а | Ајцик Вагман ноември 17, 1905 Варшава |
Починат/а | август 13, 1982 | (возр. 76)
Занимање | Преведувач, поет, есеист |
Јазик | полски |
Адам Важик (полски: Adam Ważyk; 17 ноември 1905, Варшава — 13 август 1982, Варшава) — полски поет и есеист.
Животопис
[уреди | уреди извор]Адам Важик, чие вистинско име е Ајцик Вагман (Ajzyk Wagman), потекнува од еврејско семејство. За време на Втората светска војна, Важик престојувал во СССР, а во Полска се вратил заедно со Првата полска армија. По војната, тој бил уредник на едно списание и извршувал неколку одговорни политички функции, а во октомври 1956 година се повлекол од политичкиот живот.[1]
Творештво
[уреди | уреди извор]Својата поетска кариера Важик ја започнал во рамките на краковската авангарда; заедно со Пшибош и Бженковски, Важик бил еден од најдобрите поети на полската авангарда. Потоа, во 1930-тите, тој почнал да пишува речиси само проза. По Втората светска војна, тој бил еден од најистакнатите претставници на соцреализмот во полската книжевност. Покрај многу декларативни песни, посветени на Сталин и на партијата, во тие години, Важик се занимавал и со публицистика, уредувал едно списание, а од октомври 1956 година почнал да се занимава само со книжевност. Важик се смета за еден од предводниците на новата полска поезија. Во 1955 година, во „Нова култура“, тој ја објавил поемата „Поема за возрасните“ која содржи стихови кои во тоа време звучеле еретички. Поемата претставува поетски трактат, исповед, самокритика, политички манифест, критика и повик за нов живот. Поемата била големо изненадување имајќи предвид дека Важик бил исклучително ангажиран сталинист.[2]