Бугарска пропаганда во Македонија
Бугарска пропаганда — разгранет систем за ширење на бугарското национално чувство, култура, јазик, идеја и влијание меѓу населението во Македонија.[1] Организираниот пробив на оваа пропаганда започнува со создавањето на Бугарската егзархија, а по отворањето на бугарските трговски агентства во 1897 година, се засилува и дирекното влијание на бугарската влада во Македонија. Целта на оваа пропаганда е да се соберат што поголем број на национални приврзаници кои би се искористиле како внатрешни сојузници и оправдувачки фактор за остварување на санстефанскиот идеал, односно создавање на Голема Бугарија.
Пробив
[уреди | уреди извор]Бугарска црковна пропаганда
[уреди | уреди извор]Странски пропаганди во Македонија |
---|
Организираниот пробив на бугарската пропаганда во Македонија започнува со формирањето на Бугарската егзархија.[2] Егзархијата била формирана на 28 февруари 1870 година со посебен султанов ферман и прва епархија во Македонија која била под јурисдикција на Егзархијата е Велешката епархија. За прв претставник на Егзархијата во Македонија бил поставен архимандритот Дамаскин кој стапил на должност во 1872 година [3].
Според член 10 од султановиот ферман со кои била основана Егзархијата, било дозволено доколку во рамките на една Црковно - училишна општина во Македонија со 2/3 мнозинство нејзините општинари одлучаат да се приклучаат кон Егзархијата, да можаат тоа да го направат. На тој начин во 1874 година под јурисдикција на Егзархијата се нашле Скопската и Охридската епархија.
Meѓутоа во текот на Руско - Турската војна егзархиските претставници биле отстранети од Македонија. Егзархијата своите позиции ќе ги зацврсти дури во 1890 година кога од Високата порта ќе добие 2 владички берати за Скопската и Охридската епархија и доплнително уште два владички берати за Велешката и Неврокопската епархија во 1894 година.[4] На егзархијата во 1897 година и се доделени уште три владички берати за Битолската, Струмичката и Дебарската егзархија.
Вмешување на бугарската држава
[уреди | уреди извор]Основите на бугарската државна пропаганда во Македонија ги поставил бугарскиот политичар Константин Стоилов. Тој подготвил специјален проект за идно дејствување во Македонија и таквиот програмски документ во јануари 1883 година го претставил пред бугарскиот кнез Александар I Батенберг.
Во овој документ биле утврдени односите помеѓу Егзархијата и владата, како и модалитетите за идната црковно-просветна дејност на Егзархијата, а притоа било истакнато дека самата Егзархијата својата дејност мора да ја врши под контрола на бугарската влада. Столилов во својот документ на Егзархијата и препорачал:
„ | 1) при неа да се создаде една просветна комисија (попечителство) под претседателство на егзархот, во која задолжително би влегувал еден дипломатски претставник на бугарската влада во Цариград, потоа еден од синодалните архијереи и уште два члена што би ги избрал самот егзарх 2) да се спроведе еднообразност во организирањето на црковно-училишните општини во Македонија и преку нив да ја изведува својата активност на теренот 3) егзархот да и поднесува на бугарската влада сметка за сите материјални издатоци за изградба и поправка на секакви видови училишта, за издржување на учителите ии професорите, претседателите на црковно-училишните општини и други лица 4) на секој шест месеци егзархот да поднесува опширен извештај за работата во текот на целата година и за потребите во идната учебна година | “ |
Меѓу другото било истакнато и дека:
„ | секој Македонец треба да е вдахновен со мислата дека во Софија се грижат за неговата судбина, за неговата сегашност и за неговата иднина [5] | “ |
Кај населението во Македонија треба да се разбуди и развие бугарското национално чувство, да се работи на просветен план и затоа бугарската влада и Егзархија треба да работат рака под рака.
Да се внимава кој се испраќа за учител во Македонија, воспитаниците да ги воспитуваат учениците во бугарски патриотски дух и кај воспитаниците и останатото македонско население да се всади идејата дека бугарскиот кнез е господар на целиот бугарски народ и дека тој ќе го изврши обединувањето на целиот бугарски народ.[6]
Со таквата цел, во 1883/1884 година, при Егзархијата во Цариград бил формиран Училиштен оддел кој требало да раководи со просветната дејност во Македонија и да го надгледува трошењето на финансиските средства испратени од Бугарија, а наменети за веќе зацртаниот план[7]. И затоа Петар Поп Арсов ќе истакне дека:
„ | (Егзархијата се претворила во б.н) чисто бирократско одделение на софиското надворешно министерство [8] | “ |
Со тоа биле поставени основите за идната просветна дејност во Македонија. Бугарската држава за да се осигура успешно делување на овој црковно-просветен ситем почнала да дава големи суми на пари од својот сопстевн буџет.
Со текот на годините овие средства постојано се зголемувале. Во 1881 година сумата која била одвоена за пропагнадата во Македонија изнесувала 100 000 лева, а во 1885 година за Македонија и Одринско заедно биле одвоени 574 874 лева, а за 1890 година според еден извештај биле одвоени 5 500 000 франци.
Во 1890 година, по иницијатива на бугарската влада била изработена специјална програма за просветната егзархиска политика во Македонија, која била прифатена од Народното собрание на Бугарија. Меѓу другото, во седмата точка од оваа програма стои:
„ | за учители во Македонија да се назначат само родени Бугари, а за учители по турски јазик да се назначат само влијателни лица кај турските власти. На учениците што ќе завршат гимназија во Македонија, ако не сакаат да добијат повисоко образование да им се даде служба во Бугарија. Ако некои од учениците сакаат да прифатат учителски позив, откако ќе поминат четири години на практика во Бугарија да се назначуваат за учители по нивните родни места [9] | “ |
Бугарските егзархиски училишта
[уреди | уреди извор]Бугарската влада со текот на годините постојано ги зголемувала финансиските издатоци од својот буџет за потребите на црковно-просветната пропаганда во Македонија. Во почетокот се издвојувале 30 000 лева, но во 1882 година сумата се искачила на 100 000 лева, а во 1883 година на 200 000 лева.
Во учебната 1896/1897 година средствата изнесувале 972 915 лева, а во учебната 1897/98 година 939 748 лева. Со овие финансиски средста се зголемил и бројот на егзархиските бугарски училишта во Македонија. Според Селаник газет во 1885 година покрај Солунската егзархиска гиманзија Св. Кирил и Методиј егизистирале и 4 бугарски уилишта. Во нив работеле 21 учител и 10 учителки, а наставата ја посетувале 460 ученици и 140 ученички.
Во Солунскиот санџак имало 119 егзрхиски училишта со 133 наставника и 2810 ученика, додека пак во Серскиот санџак и во тамошните кази Сер, Неврокоп, Мелник, Петрич, Зихна, Горна Џумаја и Демир Хисар имало 41 училиште, 50 учители и 2326 ученика.
Во 1885 година во Македонија имало 250 основни бугарски училишта со 14 824 ученици. Од оваа бројка општините издржувале 187 училишта со 10 127 ученика. Во Солунскиот санџак, општините издржувале 46 училишта со 1312 ученици. Во Серскиот санџак имало 47 општински училишта со 3270 ученици. Останатите 63 училишта со 4697 ученици биле издржувани од Егзархијата. Во оваа бројка не влегуваат 21 класно уилиште. Во 1885 година во Солунската машка гимназија учеле 425 ученика во 6 класа, а во женската гимназија имало 125 ученички подделени во 4 класа. Треба да се истакне дека речиси сите ученици биле сместени во пансиони.
Во прилог на бугарската просветна политика одел турскиот закон од 1882 година кој дозволувал отворање на училишта доколку тоа го побараат барем 30 куќи во едно село или град. Во 1884 година во Прилеп била отворена богословија во која биле обучувани егзархиските свешеници, но по една година оваа богодловија била пренесена во Одрин.
Репресивниот карактер на бугарската пропаганда
[уреди | уреди извор]Со цел да се зацврстат и прошираат позициите на бугарската пропаганада во Македонија, бугарската држава понекогаш ги користела и сите механизми на власта со цел да се придобијаат што поголем број на приврзаниции во Македонија.
Во втората половина на 90 - тите години на 19 век бугарската пропаганда направила обид за проширување на своето влијание во Солуннската област и притоа биле искористени сите средстава за притисок. Во 1897 година бугарските власти извршиле притисок вр жителите на селото Караќој принудувајќи ги да ја признаат бугарската народност и Егзархија.[10]
Имено сите мажи од селото Караќој оделе на печалба во Бугарија, а дома се враќале еднаш или двапати годишно. Треба да се истакне дека во пасошите на печалбарите од оваа село пишувале дека се грчка народност и според некои истаричари токму тоа и сметало на бугарската влада.
Во едено известување на Бугарското министерство за внатрешни работи со дата од 18.07.1897 година и заверено под број 2810, а испратено до окружните управници и градоначалникот на Софија се истакнувало дека:
„ | жителите од Караќој се чисти бугари, кои ја држат гркоманската страна, не ја признаваат Егзархијата и не ги учат децата на бугарски... сите обиди... да си го признаат јазикот и народноста останаа безуспешни, и ако селото не се спечали за бугарската страна... ќе биде тешко да се спечалат уште многу села во солунската каза [11] | “ |
И затоа Бугарското министерство за внатрешни работи им наредило на административните, полициските и финансиските власти да се дејствува на сериозен начин врз селаните од Караќој и заедно со духованата власт по пат на закани, уцени и убедувања да им се каже дека ако не ја признаат Бугарската егзархија, ако не земат Бугарин за учител во селото и ако не ја признаат бугарската народност тогаш нема да им биде дозволено да одаат на печалба во Бугарија [11].
Властите биле задолжени да ги пронајдаат сите жители од селото Караќој кој се на печалба, а за нивно пронаоѓање бил доставен список од 101 лице [11]. Министерството за внатрешни работи посебно им нагласило на финансиските власти дека треба серосзно да се влијае и притоа како средство за притисок да се искористи патентовиот данок (данок за занимање)[11].
Сите оние кој немало да имаат потврда дека ја признаваат Бугарската егзархија и во пасошите нема да им пишува дека се од бугарска народност, требало да бидаат обложени во највисоки размери, а во спротивно ако ја признавале бугарската народност данокот би требало да биде синболичен. Во иднина оваа мерка требало да важи за сите лица кој ќе доѓле во Бугарија на печалба, а во пасошите немало да им пишува дека се од бугарска народност [11].
Од коресподенцијата на бугарските министерства се дознава дека селаните од Караќој истакнале подготвеност ако биде отворено бугарско училиште во нивното село да ја признаат Бугарската егзархија. Меѓутоа следната година кога повторно тие се нашле во Бугарија на печалба во пасошите им пишувало дека се од грчка народност. Поради тоа Министерството за внатрешни работи испратило ново окружно во кое било констатирано дека мерките не ги дале посакуваните резулатати и затоа се предвидувале поостри мерки [11].
Крсте П. Мисирков беше голем противник на Бугарската пропаганда, во неговите дела тој пишувал како примање на пропагандата беше голема несреќа на Македонскиот народ, тој ја пишувал Бугарската пропаганда и Бугарската Егзархија како ѓаволите на Македонија[12]
Грчко-бугарската пропагандна војна во Македонија
[уреди | уреди извор]До создавањето на Бугарската егзрхија, црковните имоти во Македонија и припаѓале на Цариградската патријаршија. Но по создавањето на Егзархијата, двете цркви започнале борба за контрола на црквите и гробиштата во Македонија.
Борби за црквите
[уреди | уреди извор]Во селото Месимер - Воденско имало 150 куќи и две цркви. Црквата која се наоѓала во ценатрот на селото, а другата на крајот од селото. Во 80 - години на 19 век селаните се договориле во централната црква богослужбата да се изведува на грчки јазик, а во периферната црква на словенски јазик. Малку подоцна во селото се нашла турската жандармерија со грчкиот владика и двете цркви и биле доделени на Патријаршијата иако во селото имало само 20 патријаршиски куќи.
Во селото Негован, Лагадинско имало 400 куќи од кој само 10 биле патријаршистички, но и покрај тоа црквата во селото и била доделена на Цариградската патријаршија и на тој начин се зголемил бројот на патријаршиските куќи на вкупно 50. Училиштето и останатиот црковен имот во селото и биле доделени на Патријаршијата. По еден судир во црквата таа била затворена [13].
Речиси истата случка се повторила и во Ново Село - Солунско каде по инцидентот во црквата биле затворени селските првенци кои биле егархисти.
Борби за гробиштата
[уреди | уреди извор]Уште поморбидна била борбата за контрола на гробиштата. Во 1888 година на општинските гробишта во Дојран, кога егзархистите го закопувале телото на еден починат егзархист биле нападнати од страна патријаршистите. Се создала тензична состојба која можела да го зафати целиот град и затоа морал да интервенира солунскиот валија Галиб - паша. Тој дозволил да биде закопано телото на егазархистот, а на егзархистите им доделил посебен плац за гробишта. Истата година во месец ноември сличен инцидент се случил во Сер кога бил закопан еден егзархиски свештеник и повторно интервенирал Галиб - паша и на егзархистите им доделил посебен плац за гробишта. Во 1891 година во Струмица гркоманите го откопале телото на едно дете само затоа што неговите родители биле егзархисти. На 25.05.1902 година во селото Просечан во Драмскиот санџак бил закопан егзархискиот свештеник Георги Фркачев меѓутоа против неговото закопување се побуниле гркоманите од селото. Затоа драмскиот мутесариф дошол со жанадармеријата, го блокирал селото и издал наредба да биде откопан свештеникот и да биде закопан поблиску до егзархиската црква, а тоа се случило четири дена по неговиот првобитен погреб. Имено во селото Просечан имало две цркви, една егазрхиска и една патријаршиска со зеднички двор, најголемиот дел од дворот и припаѓал на Патријаршијата. Ваквите случаи биле многубројни и од нив може да се заклучи дека:
„ | Во грчко - бугарската пропагандна војна во Македонија, очигледно не биле поштедени ниту мртвите. Двете цркви проповедајќи ја Христовата вера ги заборавиле основните христијански и морално - етички норми дека покојниците треба да почиваат во мир. Ако во оваа пропагандна трка не биле поштедени ниту мртвите, тогаш како им било на живите?![11] | “ |
Бугарската вооружена пропаганда
[уреди | уреди извор]Македонска револуционерна |
---|
Мото
|
Псевдоним
|
Институти
|
Статути
|
Конгреси
|
Весници
|
Непријатели
|
Сојузници
|
Хронологија
|
Афери
|
Фракции
|
Битки
|
Aпостоли
|
Поврзано
|
Со текот на времето бугарската пропаганда попримила и вооружен карактер. Притоа бугарскиот двор и влада се послужиле со Македонската емиграција во Бугарија како и со Македонскиот комитет.
Така оваа организација од чисто патриотска се претворила во орудие на дворот и владата, а тие преку Македонскиот комитет [14] направиле обиди за остварување на своите цели и интереси, што многу штетно влијало врз македонското револуционерно движење. Првиот престап бил направен во 1895 година преку Мелничкото востание и затоа Крум Христов истакнал дека:
„ | Трајко Китанчев со својот авторитет ја покривал подготовката на првата престапна авантура на дворот, која отвора цела ера на врховистички престапи кон Македонија [15][16] | “ |
За разлика од грчката влада која дирекно организирала и препраќала чети, Бугарија сакала да ја искористи македонската емиграција и целото македонско револуционерно движење за оставрување на санстефанскиот идеал, а сето тоа се одразлило во дејноста на двете најголеми македонски револуционерни организации кој на крај започнале и борба меѓу себе.
Пропагандата за време на Првата светска војна
[уреди | уреди извор]По влегувањето на Бугарија во Првата светска војна на страната на Централните сили, нејзината Втора армија есента 1915 година ги зазема македонските градови Куманово, Штип, Велес и Скопје. Пролетта 1916 година потпомогната од своите германски и австроунгарски сојузници, ја освојува Рупелската Теснина и, навлегувајќи во источниот дел на Егејска Македонија, ги зазема градовите Сер, Драма и Кавала. Кон средината на август истата година бугарските сили, предводени од генерал Климент Бојаџиев ги разбиваат трупите на Антантата на просторот Добро Поле - Баница - Лерин и продирајќи кон Костур го заземаат Лерин со околните населби. За тоа време пропагандата станала секојдневие, која дејствувала врз самото на селение во Македонија. Во неколките години на окупација, Бугарија во Македонија издавала весници на Бугарски јазик, кој веќе бил воврден и во самите училишта.
Пропагандата за време на Втората светска војна
[уреди | уреди извор]За време на Втората светска војна, по окупацијата на Македонија од страна на Бугарија, пропагандата станала секојдневие, која со доста репресивни мерки дејствувала врз самото на селение во Македонија. Во неколкуте години на окупација, Бугарија во Македонија издавала весници на Бугарски јазик, кој веќе бил воврден и во самите училишта. Еден од методите на пропагирање бил и формирање на разни организации и друштва.[17]
- Колаборационистичко комитско движење - било политичко и оружено движење за соработка со окупаторите за време на Втората светска војна во Егејска Македонија
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ Gyalistras, Sergios (1945). Hellenism and Its Balkan Neighbours During Recent Years. Hestia. стр. 51.
- ↑ Rossos, Andrew (2013). Macedonia and the Macedonians: A History. Hoover Press. стр. 77. ISBN 081794883X.
- ↑ Александар Трајановски, Бугарска егзархија и македонското националноослободително движење (1893 - 1908), Скопје, 1982, 35.
- ↑ Ortakovski, Vladimir (2021). Minorities in the Balkans. BRILL М10 25. стр. 43. ISBN 900447899X.
- ↑ М. Миновски, Македонија во билатералните и мултилатералните договори..., 228.
- ↑ Taškovski, Dragan (1976). The Macedonian Nation. Nasha Kniga. стр. 90.
- ↑ Бугарската егзархија и македонското национално-ослободително движење (1893-1908), Александар Трајановски, Скопје, 1982
- ↑ П.п.Арсов, Потеклото на револуционерното движење во Македонија... No. 8, Софија, 19.07.1919,3
- ↑ Просветната политика на егзархијата у училишните бунтови во Македонија, Славко Димевски, Скопје, 1960, 12
- ↑ Papavizas, George (2006). Claiming Macedonia: The Struggle for the Heritage, Territory and Name of the Historic Hellenic Land, 1862-2004. McFarland M01. стр. 39. ISBN 0786423234.
- ↑ 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 11,5 11,6 Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893-1903 година, Скопје, Институт за Историја-Филозофски факултет
- ↑ Entangled Histories of the Balkans - Volume One: National Ideologies and Language Policies. BRILL М07. 2013. стр. 320. ISBN 900425076X.
- ↑ Политиката на турското правителство..., 38 - 40
- ↑ Независно од злоупотребите на бугарскиот двор и влада, македонскиот комитет е организација на македонската емиграција во Бугарија. Во неа членувале Македонци, а помалку Бугари. Повеќето од нив биле искрени македонски патриоти. Меѓутоа, во МК се вовлекле доверливи луѓе на бугарската политика, разни профитери, кариеристи, авантуристи, случајни сопатници, квазипатриот, дури и арамии. Инволвирањето на таквиот профил во МК, се одразило на неговата активност, а посебно врз македонското ослободително дело и МРО.... види Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт...187
- ↑ Крум Христов,Гоце Делчев,Софија 1955,109
- ↑ Според некои смрта била придизвикана од сознанието дека македонското дело со кое раководел Китанчев е злоупотребено и изманипулирано од бугарскиот кнез. Навистина тоа се случило откако бугарските власти ја затвориле границата и почнале преследување на македонските чети
- ↑ Т. Мамуровски, Бугарската пропаганда во Југозападна и Централна Егејска Македонија 1941–1944, Скопје, 1989
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Бугарска пропаганда
- Писмо од Димитрие Боди до Владан Ѓорѓевиќ за македонскиот јазик и пропагандите на Викиизвор.
- Писмо од Димитрие Боди до Владан Ѓорѓевиќ на Викиизвор.
- Писмо од Димитрие Боди до Министерството за надворешни работи на Викиизвор.
- Јован Цвииќ за македонските Словени на Викиизвор.
- Од признавање до негирање - (бугарски ставови за македонското прашање) 1970 година, Скопје.