Лавци (Ресенско)
Лавци | |
Координати 41°02′43″N 20°57′16″E / 41.04528° СГШ; 20.95444° ИГД | |
Општина | Ресен |
Население | 118 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 23023 |
Лавци на општинската карта Атарот на Лавци во рамките на општината | |
Лавци на Ризницата |
Лавци (или Влашци) — село во Општина Ресен, во областа Горна Преспа, во околината на градот Ресен.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Лавци се наоѓа 6,5 км југозападно од Ресен во воздушна линија сметано од средиштата на населените места. Соседни села се: Прељубје (на југ; 1,2 км), Дрмени (на запад; 3,3 км), Царев Двор (на запад; 3,6 км), Горно Дупени (на североисток; 2,2 км), Евла (на север; 3,4 км).
Историја
[уреди | уреди извор]Во 1468 г. селото било мулк (имот) на извесен Мурат. Заведени се жителите Никола, син на Мано; Радоја, син на Боѓол; поп Петре; Томко (или Думко), зет на Васил; Јован, син на Томко; Дујко, сиромав; Димитри Приезда; Миле, син на Стале; Радан, сиромав; Радослав, Србин; Раде, сиромав; Никола, син на Мануил; Крајо, брат на Добре; Миле, син на Бојко; Петко, син на Ѓорго; Божик, сиромав; Драгош Петко; Пејо, син на Драгош; Дујко, син на Черп; Добре, син на Преспанчанецот; Раде, син на Калуќер; вдовица Рада; Димитри, син на Тодор; Димитри, син на Мартин; Никола, син на Димитри; Музак, син на Черп; Велко, син на Черп; Стајко, говедар; Бојко, син на Драго; Пројо, син на Пејо; Миле, син на Черп, зет на Димче; Никола, син на Димитри. Броело 33 семејства, 1 вдовица, па вкупно 169 жители, кои таа година платиле 3.788 акчиња данок — 1.200 само ушур за лозје и 825 акчиња за испенџе. Плаќале за лен, свилена буба, свињи и улишта, бостан, свадбарина и нијабет.
Во дефтер од 1519 г. Влашци имало 98 христијански домаќинства, 4 вдовици христијанки и 10 ергени христијани. Во дефтерот од 1583 се води со 93 христијански семејства, 38 ергени христијани и 1 муслиман кој имал баштина (задолжбина).[2]
Влашци спаѓало во средно развиените селски населби. За последен пат се споменува во 1568 г. како населено место со 192 жители.[3]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лавци живееле 276 жители, од кои 150 Турци, 120 Македонци и 6 Албанци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Турци и 100 Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 118 жители, од кои 13 Македонци, 6 Албанци, 98 Турци и 1 останат.
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Лица без под. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 305 |
1953 | 126 | — | 206 | — | — | — | — | 1 | — | 333 |
1961 | 121 | 1 | 217 | — | — | — | — | — | — | 339 |
1971 | 103 | — | 209 | — | — | — | — | — | — | 312 |
1981 | 97 | 16 | 241 | — | — | — | — | 4 | — | 358 |
1991 | 28 | 4 | 164 | — | — | — | — | 5 | — | 201 |
1994 | 28 | 4 | 113 | — | — | — | — | — | — | 145 |
2002 | 18 | 2 | 113 | — | — | — | — | 1 | — | 134 |
2002 | 13 | 6 | 98 | — | — | — | — | — | 1 | 118 |
Родови
[уреди | уреди извор]Лавци е македонско-турско село.
- Македонски родови се: Андоновци, Бојчевци, Гештаковци, Жиловци, Таневци (доселени од Коњско во 1934 година), Колевци, Мркачовци, Пандевци и Перовци (доселени од Перово).
- Турски родови се: Алиовци, Зеќировци, Јашаровци, Јуруковци, Резаковци, Селимовци и Шаиновци.[7]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:
Македонски
- Староседелци и со непознато потекло: Жиловци (8 к.)
- Доселеници: Андоновци (4 к.) доселени се од селото Прељубје; Коњцкари со Ивановци и Тасевци (3 к.) доселени се во 1914 година од селото Коњско. Подалечно потекло од селото П’пли во егејскиот дел од Преспа; Пандевци (5 к.) доселени се во 1915 од селото Волкодери; Перовци и Голицовци (1 к.) доселени се од селото Перово; Колевци (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Шурленци; Мркачовци (2 к.) доселени се од селото Горно Дупени;
Муслимански
- Староседелци: Шаиновци (9 к.) и Јашаревци (8 к.)
- Доселеници: Алиовци (17 к.) доселени се од некое место Пеќиште.[8]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 1665 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на продавница на Акиф Селимовски.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 172 гласачи.[10]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Верски храмови
- Археолошки наоѓалишта[11]
- Тумба — населба од доцноантичко време;
- Андонови Градини — населба од римско време;
- Трансформатор — населба од средниот век;
- Стара Црква — црква и некропола од средниот век;
Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]- Гоше Котаревски — македонски револуционер од ВМОРО.[12]
- Коле Трајчев Узунов — македонски револуционер од ВМОРО.[13]
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Галерија
[уреди | уреди извор]-
Куќи во западниот дел на селото
-
Улица во западниот дел на селото
-
Улица во средишниот дел на селото
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Соколоски, Методија. „Преспанската нахија во текот на XVI век“ (PDF). Филозофски факултет на Универзитетот во Скопје. Скопје: 123. Архивирано од изворникот (PDF) на 2024-02-28.
- ↑ Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 93. ISBN 978-608-65616-4-2.. Во изворот погрешно се води како Демирхисарско, но всушност се работи за друго име на ова Лавци.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 238.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа.
- ↑ Русиќ, Бранислав. Преспанска област. Архивски Фонд на МАНУ, к-2, АЕ 87.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)