Прејди на содржината

Ѓевгир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Турски ѓевгир

Ѓевгир[1][2] (турски: kevgir) — кујнски сад што има издупчено дно и се користи за цедење варени тестенини, компири, месо, ориз или бланширан зеленчук. Покрај тоа, се користи и за миење овошје (најчесто грозје) и зеленчук, па дури и за пасирање или цедење сок од овошје или зеленчук.

Во изворниот облик, тие се метални или земјени кружни конусни садови. Во поново време, тие се претежно изработени од лесни метали како алуминиум или не’рѓосувачки челик или дрво, но во последниве години почнаа масовно да се произведуваат од пластика.

Поврзано

[уреди | уреди извор]