Прејди на содржината

Јас сум легенда

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Јас сум легенда
(I Am Legend)“
РежисерФранцис Лоренс
ПродуцентАкива Голдсмен
СценаристРичард Матесон (роман)
Главни улогиВил Смит
Жанрнаучна фантастика, хорор
МузикаЏемјс Њутон Ховард
ДистрибутерWarner Bros
Премиера14 декември 2007
Времетраење101 мин.
Земја САД
Јазиканглиски
Буџет$150,000,000
Бруто заработка$584,015,483

Јас сум легенда (англиски: I Am Legend) — научнофантастичен филм на ужасите од 2007 г. Филмот е преработка на филмот Омега човек од 1971, а во главната улога се појавува американскиот глумец Вил Смит.

Приказна

[уреди | уреди извор]

„Моето име е Роберт Невил. Преживеав. Ако има уште некој, кој било... знај не си сам!“ — е очајничката порака на генијалниот научник Роберт Невил (Вил Смит). Но науката не можела да го прекине смртоносниот вирус, страшен, злобен и — направен од човечка рака. Необјаслив имун, Роберт е единствениот преживеан човек во она што останало во Њујорк, а можеби и во светот. Додека како последна надеж за човечкиот вид, очајнички се обидува да го уништи вирусот и со помош на сопствената имуна крв да го открие лекот против овој вирус.