Акутен бронхитис
Акутен бронхитис | |
---|---|
Специјалност | Пулмологија |
Симптоми | Кашлица со спутум, свирење во градите, недостиг на здив, треска, чувство на стегање во градите[1][2] |
Времетраење | До 6 недели[3] |
Причинители | Вообичаено вирусна инфекција[1] |
Ризик-фактори | Пушење, прашина, загаден воздух[2] |
Дијагностички метод | Врз основа на симптомите[4] |
Диференцијална дијагноза | Астма, пневмонија, бронхиолит, бронхиектазија, ХОББ[1] |
Спречување | Избегнување на загаден воздух, миење на рацете[5] |
Лекување | Одмор, парацетамол (ацетаминофен), НСАИЛ[3][6] |
Честота | ~5% една или повеќе епизоди годишно[7][8] |
Акутен бронхитис (Bronchitis acuta) претставува краткотрајно (акутно) воспаление на слузницата на бронхиалното стебло. Најчесто се јавува во есен и зима т.е во студена и влажна сезона. Се развива во три етапи: - на почетокот како ринофарингетис, што значи кијавица и ангина, во траење од еден до три дена; - потоа сув бронхитис со кашлица, оскудна слузава плунка и покачена температура до 38 степени; - и најпосле како катарален бронхитис со кашлица и течна обилна плунка. Акутниот бронхитис може да се јави како самостојна болест или во склоп на друго заболување, на пример мали сипаници. Кај возрасните поминува лесно за неколку денови, а кај децата може да се комплицира со бронхопнеуномија.
Етиологија и патогенеза
[уреди | уреди извор]Најчеста примена за настанување на акутниот бронхитис е вирусна инфекција при настинка особено во зимскиот период. Друга причина се бактерии како: хемофилус инфлуенце, стрептококи и др. коишто најчесто од горните дишни патишта се спуштаат према долу. Поретка причина може да биде алергиска реакција, габични инфекции и физички фактори. Основни промени во бронхиите се едем, зголемена секреција, а понекогаш и бронхоспазам.
Клиничка слика
[уреди | уреди извор]Кашлицата е основен знак и секогаш е присутна при акутен бронхитис. Во почетокот е сува и непродуктивна, а подоцна станува продуктивна, со искашлубање на мукоидна, мукопурулентна содржина. Кашлицата понекогаш е пратена со препотување. Болниот може да чувствува лесна омалаксаност, субфебрилност, секреција од носот. Кашлицата понекогаш може да се јави во пароксизби – напади предизвикани со вдишување на ладен воздух, пушење, физички напор, зборување или смеење. Ако има гушење и свирење во градите значи има присуство на бронхоспазам.
Тек на болест
[уреди | уреди извор]Трае 5- 7 дена, но кашлицата и искашлувањето можат да траат 3- 4 недели.
Лекување
[уреди | уреди извор]Лекувањето е етиолошко и симптоматско. Кај повеќето болни тоа е симптоматско и се состои од одмор во постела, примање на течности (2- 4 литри дневно, во облик на чаеви, сокови, лимонада), витамини, андол. Кај упорна сува кашлица може да се даде и антитусик и се забранува пушењето. Кога има зголемена слузаво- гнојна секреција болеста се третира и етиолошки со антибиотици со широк спектар како пеницилин.
Терапија:
[уреди | уреди извор]1. Течности
2. Витамини (Vitamin C 500 гр. 2- 3 пати по една таблета)
3. Антипиретици (paracetamol, analgin, upsarin, andol)
4. Антитусици (сируп herbion- сируп од тегавец, prospan, бел слез)
5. Муколитици (сируп herbion – јаглика, prospan, tusidil, medoprim)
Оваа медицинска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеAFP2010
. - ↑ 2,0 2,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеNIH2011Def
. - ↑ 3,0 3,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеTac2012
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеNIH2011Diag
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеNIH2011Pre
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеNIH2011Tx
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеWen2006
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеFlem2007
.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Класификација | |
---|---|
Надворешни извори |
|