Александар Маркус
Александар Маркус | ||
Роден | 20 јуни 1926 Скопје, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 14 март 2012 Скопје, СФРЈ | |
Националност | Македонец | |
Занимање | режисер преведувач |
Александар Маркус (роден на 20 јуни 1926 година во Скопје - починал на 8 ноември 1988 година во Скопје) — македонски режисер и преведувач.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Александар (Саша) Маркус дипломирал на Високата филмска школа во Белград во 1951 година, а потоа работел во „Вардар филм“ (1953–1955). Станал режисер и уметнички раководител на Театарот на народностите во Скопје (1955–1957). Режирал во Битола, Куманово, Ниш, Скопје - во Театарот на народностите и на Детската сцена на Младинскиот театар (подоцна Драмски театар), Струмица, Велес и Штип. Од 1957 година работел како слободен уметник. Како глумец учествувал во првата целовечерна пиеса на МНТ „Платон Кречет“. Повремено пишувал критички осврти, рецензии и друг вид написи за театарската и филмската уметност. Саша Маркус е еден од основачите на Академскиот кино клуб во Скопје.
Филмографија:
- 1953: Кој е крив? (Асистент на режија)
- 1953: Пожар (Сценарио)
- 1953: Европа (Режија, Сценарио)
- 1954: Македонски тутун II (Асистент на режија)
- 1955: Хигиенско-техничка заштита (Режија, Сценарио)
- 1967: Мементо (Асистент на режија)
- 1969: Време без војна (Асистент на режија)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Маркус“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 922. Text "series " ignored (help)