Прејди на содржината

Америка (ТВ серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Америка (ТВ Серија))
Америка
Жанрдрама, теленовела
Создадена одГлорија Перес
УлогиДебора Секо
Мурило Бенецио
Едсон Целулари
Камила Моргадо
Воведна темаSoy loco por ti, America
Земја на потеклоБразил
Првичен јазикпортугалски
Бр. на епизоди140
Производство
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаГлобо
Првично прикажување14 март 2005 – 15 ноември 2005
Хронологија
СледбеникБелисима (2005–2006)
Надворешни врски
Мрежна страницаamerica.globo.com

Америка е романтична бразилска теленовела. Серијата е снимена во Бразил и САД, во текот на 2005 година, со 203 епизоди за бразилското население, а 140 за меѓународниот пазар. Кај нас серијата се емитуваше на А1 телевизија. Последната епизода во Бразил достигна рекордна гледаност од 66%.

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Сол е девојка со борбен карактер, која живее во Вила Изабел, северна зона во Рио де Жанеиро. Работи како фризерка и козметичарка, но заработува многу малку што постојано и ствара финансиска нестабилност. Сол не сонува за тоа да биде богата, но би сакала да има безгрижен живот, своја сопствена куќа и да биде финанскиски стабилна. Секако, сето тоа таа сака да го стекне со својата работа, а не да ја издржува сопругот или некој друг. И поради тоа Сол сонува за живот во САД. Таа верува дека во таа земја, луѓето имаат повеќе прилика за успех од Бразил. Од мала таа ги слуша приказните на луѓето како се одселуваат таму, успеваат во животот, и дури имале доволно пари и да му праќаат на фамилиите во Бразил. Проблемот е тоа што таа не успеала да добие ниту туристичка виза за одмор во САД, а камоли онаа за живееење во таа земја. И затоа Сол одлучува да побегне илегално за Америка. Животот на Тијао е сличен како на Сол, и тој е сиромашен. Како и Сол, тој секогаш живеел со мали средства, и морал да работи многу за да донесе пари дома. Но сличностите на нивните животи завршуваат овде. Тијао живее во Бојадерос, северно од Саун Пауло и е професионален матадор. Сонот на Тијао е да заработи доволно пари и да го изгради имотот кој неговиот татко никогаш не успеал. Неговиот татко умрел уште кога бил мал, обидувајќи се да го оствари својот сон и да пронајде скриени дијаманти. Кога ќе се сретнат Тијао и Сол се појавува љубов на прв поглед, Но, тие планираат свој заеднички живот и заедничка иднина. Она што ќе ги рездели се нивните соништа: тој сака да остане во негобвата родна земја, а таа верува дека среќата ќе ја пронајде во САД. Ако тој оде со неа, неговиот сон ќе пропадне. А ако таа остане со него, никогаш нема да приме плата од американски долари. Заради тоа, тие се разделуваат и секој заминува по свој пат, во потрага по остварање на својот сон. Но каде е љубовта во оваа приказна? Зар двајцата ќе ја отфрлат љубовта на својот живот?

Глумци Ликови
Дебора Секо Сол Оливиера
Мурило Бенецио Тијао
Габриела Дуарте Симоне
Како Сиослер Еди
Тијаго Ласерда Алекс/Роберто
Камила Моргадо Меј
Кристин Торлони Ајде
Едсон Селулари Глауко
Даниела Ескобар Ирене
Клаудија Хименес Консуело
Елиане Џардини Неута
Марија Хименес Раиса
Самара Фелипо Детиња

Интернационалмо издание од музиката од серијата

[уреди | уреди извор]

Интернационално издание

[уреди | уреди извор]
  • 01. Take Me Home, Country Roads - Happening
  • 02. Don't - Shania Twain
  • 03. Home - Michael Bublé
  • 04. Abrazame Así - Tamara
  • 05. Amore e Musica - Russell Watson
  • 06. The Look of Love - Diana Krall
  • 07. Summertime - Michael Bolton
  • 08. A Horse with no Name - America
  • 09. Redneck Woman - Gretchen Wilson )
  • 10. Pieces of Me - Ashlee Simpson
  • 11. Por un Beso - Gloria Estefan
  • 12. Cancion Mixteca - Mariachi Vargas de Tecalitlan
  • 13. Bésame Mucho - Maysa
  • 14. Wind Shaking the Trees - Darwing James Band
  • 15. Lon Long Away - Jesse Johnson
  • 16. Regresa a mi - Il Divo
  • 17. Can't Get Over - Kasino
  • 18. Breath - O2

Америка на Балканот

[уреди | уреди извор]

Македонија: А1 Телевизија
Србија: Фокс ТВ
Хрватска: РТЛ Телевизија
Бугарија: Нова ТВ
Босна и Херцеговина: БН Телевизија
Црна Гора: РТЦГ2

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]