Прејди на содржината

Амиши

Од Википедија — слободната енциклопедија
Амиш од Ланкастер, Пенсилванија

Амишите се група на традиционални здруженија на христијанската црква кои сочинуваат една подгрупа на Менонитската црква. Амишите се познати по нивниот едноставен живот, обичната облека како и неподготвеноста да ги прифатат бројните погодности на модерната технологија. Историјата на Амишката црква започнала со едно разидување во Швајцарија во 1693 год. во рамките на една група на швајцарски и алзашки анабаптисти предводена од Јакоб Аман. Оние кои го следеле Аман станале познати како Амиши. Во почетокот на XVIII век, многу Амиши се доселиле во Пенсилванија од различни причини. Денес, најконзервативните потомци на Амишите сè уште зборуваат пенсилваниско-германски, исто така познат како пенсилваниско-холандски. Сепак, во некои заедници на Стариот амишки ред доминира дијалект на швајцарско-германски, особено во американската сојузна држава Индијана. Почнувајќи од 2000 година во САД живеат преку 165,000 Амиши од Стариот ред, а околу 1500 живеат во Канада. Едно истражување од 2008 год. укажа дека нивниот број се зголемил на 227,000. Истражувањето од 2010 пак покажа дека нивното население се зголемило за 10 отсто во последните две години т.е. на 249,000 со зголемено движење на Запад. Членството во Амишката црква започнува со крштевањето, обично на возраст помеѓу 16 и 25 години. Тоа е услов за брак и кога личноста веќе еднаш се приклучила кон црквата, тој/таа можат да се оженат само со некој од таа вера. Црковните области во просек опфаќаат од 20 до 40 семејства, и секоја втора недела се одржуваат богослужби во домот на некој приврзаник. Областа е предводена од страна на епископ и неколку свештеници и ѓакони. Правилата на црквата, Орднунг (збирка од правила за живеење на Амишите) мора да се почитуваат од страна на секој член и ги опфаќаат сите аспекти од секојдневното живеење, вклучувајќи ги забраните и ограничувањата за користење на електрична енергија, телефон и автомобили, како и прописи во врска со облеката. Повеќето Амиши немаат комерцијално ниту пак социјално осигурување. Како денешните анабаптисти, амишките црковни членови не применуваат насилство и не служат никаков воен рок.

Членовите коишто не ги следат овие верувања на заедницата и што одбиваат да се покајат ќе бидат исклучени од црквата. Во прилог на исклучувањето, членовите може да бидат избегнувани, обичај што ги ограничува контактите со општеството за да го засрами своеглавиот член и да го принуди да се врати во црквата. Речиси 90 отсто од Амишите тинејџери избираат да бидат крстени и да се приклучат на црквата. Во текот на тинејџерската rumspringa(ритуал кога младите Амиши бираат дали ќе бидат крстени или пак ќе ја напуштат заедницата) во некои заедници, лицето кое што било крстено и чиешто несоодветно однесување довело до избегнување, можат сите да го игнорираат. Амишките црковни групи се обидуваат да останат одделени од неамишкиот (англиски) свет. Општо, главен акцент се става на црквата и семејните односи. Тие обично ги водат нивните училишта со по една училница и го прекинуваат редовното образование до осмо одделение (возраст 13/14). Го ценат руралниот живот, рачната работа и понизноста.

Историја

[уреди | уреди извор]

Амиш-менонитското движење потекнува од едно здружение од 16 век познато како Swiss Brethren(Швајцарски Браќа).Тие биле анабаптисти и често се смета дека биле дел од Радикалната реформација.”Анабаптист” значи “оној што повторно ќе крштева” - што се однесува на оние кои биле крстени како бебиња,но подоцна пристапиле кон верувањето во “крштевање на верникот” и потоа повторно се крстиле како возрасни.Овие Swiss Brethren водат потекло од Феликс Манц(околу 1498-1527 г.) и Конрад Гребел(околу 1498-1526 г.),кој се одделил од реформаторот Улрих Цвингли. Амишкото движење го носи името на Јакоб Аман (околу 1656-1730 г.),водач на швајцарските Менонити.Аман смета дека Менонитите,мирољубните анабаптисти од Белгија,Холандија и Германија,се оддалечиле од учењата на Мено Симонс и Менонит Дордрехт Исповедувањето на Верата од 1632 г.Аман се залагал за построга црковна дисциплина,вклучувајќи поригорозна примена на “избегнувањето”,општествено исклучување на членови исфрлени од црквата.Швајцарските анабаптисти,кои беа распрскани по прогонувањето низ Алзас и изборното кнежевство Пфалц, никогаш не практикуваа строго “избегнување” како што беше случајот со некои низински Анабаптисти.Аман инсистираше на оваа практика,дури до тој степен очекувајќи сопружиците да одбиваат да јадат заедно,сè додека не се покае казнетиот сопружник.По ова прашање,како и по другите,овој тип на строг буквализам придонесе за поделбата помеѓу Менонитите од Јужна Германија,Алзас и Швајцарија во 1693 и доведе до повлекување на оние што застанале на страната на Аман. Оттогаш,Швајцарскиот анабаптизам се разви во два паралелни правца.Оние кои го следееа Аман станаа познати какоАмиши или Амиш Менонити,а другите на крајот ја основаа Швајцарската Менонитска Конференција.Поради ова заедничко наследство,Амишите и Менонитите задржале многу сличности.Оние што ја напуштаат заедницата на Амишите настојуваат да се приклучат кон различни заедници на Конзервативните Менонити. Амиш Менонитите започнале да мигрираат во Пенсилванија во 18 век,како дел од една поголема доселба од Пфалц и соседните области.Оваа миграција се должеше на религиозните војни,сиромаштијата и религиозните прогонства во Европа.Првите Амишки имигранти се населиле во Беркс Каунти,Пенсилванија,но подоцна ,поттикнати од земјиштето и безбедносните причини поврзани со Француската и индијанската војна,се преселиле.Многу од нив конечно се населиле во Ланкастер Каунти во Пенсилванија.Други групи подоцна се населиле,или се прошириле кон Алабама, Делавер, Илиноис, Индијана, Ајова, Канзас, Кентаки, Мичиген, Минесота, Мисисипи Мисури, Монтана, Небраска, Њујорк, Охајо, Мериленд, Тенеси, Висконсин, Мејн и Онтарио.

Преостанатите Амишки заедници во Европа полека се соединиле со Менонитите.Последната која се соединила била Ixheim Амишката заедница ,која се соединила со соседната Менонитска црква во 1937 г.Некои Менонитски заедници,вклучувајќи ги повеќето во Алзас,имаат директно потекло од поранешни Амишки заедници. Повеќето Амишки заедници кои биле создадени во Северна Америка на крајот не го задржале нивниот Амишки идентитет.Најголемото разидување што резултирало со губење на идентитетот се случило во 1860-те.За време на таа деценија,во Вејн Каунти,Охајо, биле одржани Dienerversammlungen(свештенички конференции) во врска со тоа како Амишите да се справат со притисоците на современото општество.Самите состаноци биле напредна идеја.Собирањето на епископи и разговарањето за единство била невидена идеја во црквата на Амишите.До првите неколку состаноци,поконзервативните епископи решиле да ги бојкотираат конференциите.Понапредните членови,сочинувајќи околу две третини од групата,го задржале името Амиш Менонити.Многу од овие на крајот се соединиле со Менонитската црква и други менонитски секти,особено во почетокот на 20 век.Поконзервативно-ориентираните групи станале познати како Амиши од Стариот ред.

Религиозни практики

[уреди | уреди извор]

Двата клучни концепти за да се разберат практиките на Амишите се нивното отфрлање на Hochmut (гордост,ароганција и надменост) како и нивното големо вреднување на Demut(понизност) и Gelassenheit(смиреност,сталоженост и ведрост),често преведувано како “потчинување” или “допуштање”.Gelassenheit можеби најдобро може да се сфати како неподготвеност да се биде современ,да се самоунапредува или одлучно да се искаже став.Желбата на Амишите да се покорат на “Волјата на Исус”,изразена преку групни норми,е во контрадикција со индивидуализмот којшто преовладува во пошироката американска култура.Анти-индивидуалистичките ставови на Амишите се причина поради која тие ги одбиваат технологиите кои заштедуваат работна рака и што можат да придонесат човекот да е помалку зависен од заедницата.Модерните иновации како што е електричната енергија може да предизвикаат борба за престижни стоки,а фотографиите можат да предизвикаат самобендисаност.

Начин на живот

[уреди | уреди извор]

Начинот на живот на Амишите е одреден според Орднунг( Германски збор со значење :ред),кој малку се разликува од заедница до заедница,како и од област до област во рамките на една заедница.Она што е прифатливо во една заедница може да не е дозволено во друга.Ниедно резиме за Амишката култура и начин на живот не може да биде целосно ,бидејќи има неколку општи факти што се вистински за сите Амиши.Групите можат да наидат на несогласувања во врска со ширината на работ на шапката,бојата на кочијата и други работи.Имањето и растењето на деца,како и нивното социјализирање со соседите и роднините се најголемите должности на Амишките семејства.

Поголемиот број Амиши од Стариот ред зборуваат пенсилваниско-холандски и се обраќаат со “Англичани” кон оние што не се Амиши.Според еден научник”денес,скоро сите Амиши се функционално двојазични во пенсилваниско-холандски и англиски јазик,но сепак домените на користење се јасно одделени.Пенсилваниско-холандскиот преовладува во повеќето опкружувања внатре во групата,како на трпезата и проповедите за време на црковната служба.Спротивно на тоа,англискиот се користи при читање и пишување.Исто така,англискиот се користи за следење на настава во училиштата како и деловни трансакции.Често,заради учтивост,англискиот се користи за комуницирање со луѓе што не се Амиши.И за крај,за време на црковните служби,Амишите читаат молитви и пеат на стандарден германски јазик(кој на пенсилваниско-холандски се нарекува Hochdeitsch.)Карактеристичното користење на три различни јазици служи како моќен показател на амишкиот идентитет.Иако англискиот се користи во сè повеќе ситуации,пенсилваниско-холандскиот е еден од малкуте јазици на малцинствата во САД кој не е ниту загрозен ниту пак поддржан од постојаните пристигнувања на имигрантите.

Кулинарство

[уреди | уреди извор]

Амишката кујна е позната по својата едноставност и традиционални квалитети.Храната игра важна улога во општествениот живот на Амишите и се служи на свечени гозби,свадби,настани за собирање на средства,проштални забави и други прилики.Многу нивни производи се продаваат на пазарите како на пример:пити,кознервирани овошја и зеленчуци,лебови,закиселени производи,десерти и конзервирани производи.Многу амишки заедници отворија ресторани за посетители.

Население и поделба

[уреди | уреди извор]

Тешко е да се одреди точната бројка на Амишите поради фактот што тие обично се крстат после 18та година и децата не се вброени во локалните заедници.Груби проценки од различни истражувања покажаа бројки од околу 125,000 Амиши во 1992,166,000 во 2000 и 221,000 во 2008.Според тоа,од 1992 до 2008,порастот на Амишите во Северна Америка беше 84 проценти(3.6 проценти годишно.)За тој период тие основале 184 нови населби и се преселиле во шест нови држави.Во 2000 г. живееле околу 165,620 Амиши од Стариот ред,од кои 73,609 биле членови на црквата.Амишите се вбројуваат меѓу најбрзо растечките населенија во светот,во просек 7 деца по семејство. Во 2010 година,неколку религиозни органи,вклучувајќи ги Амишите,го сменија начинот на кој нивните следбеници беа пријавувани за подобро да одговара на стандардите на Здружението на статистичари на американските религиозни органи(ASARB.)Кога ќе се погледнат сите амишки следбеници,а не само оние од Стариот ред,тогаш во 2010 имало околу 241,000 амишки приврзаници во 28 држави. Во 27 сојузни држави на САД и канадската провинција Онтарио постојат заедници од Стариот ред.Охајо има најголемо население(55,000),потоа следи Пенсилванија(51,000) и Индијана(38,000).Најголемите амишки населби се наоѓаат во Холмс Каунти,во централен Охајо,Ланкастер Каунти во јужно-централна Пенсилванија како и областите Елкхарт и ЛаГранџ на југоистокот во Индијана.Најголемата концентрација на Амиши западно од реката Мисисипи е во Мисури заедно со други населби во источна Ајова и Југоисточна Минесота.Покрај тоа,во западно-централен Висконсин живеат околу 10,000 Амиши од Стариот ред.Поради брзиот раст на населението се градат нови населби за да се добие доволно обработливо земјиште.Други причини кое доведуваат до појавата на нови населби се: сместувањето во изолирани области што им одговараат на нивниот начин на живот, преселувањето во области каде што културите се погодни за нивниот животен стил,одржувањето близина со семејството и другите амишки групи,а понекогаш и разрешување проблеми со црквата и раководството. Во Република Ирска постои т.н Бичи Амишка заедница која е поврзана со амишко-менонитската црква од Вивертаун.

Етничка група

[уреди | уреди извор]

Амишите во голема мера имаат германско или швајцарско-германско потекло.Тие обично го користат терминот “Амиш” само за членови од нивната верска заедница,а не како етничко обележје.Оние кои ќе изберат да се приклучат на црквата, вклучувајќи ги малите деца пораснати во амишки домови кои се сè уште премлади за да станат членови на црквата,се сметаат за Амипи.Одредени менонитски цркви имаат голем број луѓе кои порано биле дел од амишки заедници.Иако повеќето Амиши имигрирале во Америка во 19 век отколку за време на 18-тиот,поголемиот број од денешните Амиши имаат потекло од имигрантите за време на 18 век.Второспоменатите во голема мера настојувале да ја нагласат нивната традиција и можеби имале поголема веројатност да одржат посебен амишки идентитет.Постои голем број на амишко-менонитски црковни групи што никогаш во нивната историја не биле поврзани со Амишите од Стариот ред.Поранешната Западна менонитска конференција во Онтарио(WOMC) беше составена речиси целосно од поранешни Амиш-менонити кои се обединија со менонитската црква во Канада. Во својата книга Амиши од Канада,Орланд Џинџерих поголемиот број од своите странци го посветува на заедниците на поранешната WOMC,а не на оние Амиши од Стариот ред или од Бичи.

Кај амишкото население многу често се појавуваат особени генетски нарушувања како на пример џуџест раст(синдромот на Елис ван Кревелд), голем број на метаболични нарушувања,како и необична распределба на крвни групи.Амишите се како група од разни организми кои меѓусебно се вкрстуваат или се генетски затворени заедници.Поради тоа што сите Амиши потекнуваат од 200 основачи од 18 век,генетските нарушувања кои произлегуваат од меѓусебното вкрстување постојат во поизолираните области(како пример на “основачкиот ефект”).Некои од овие нарушувања се прилично ретки и несекојдневни,но доволно сериозни за да ја зголемат стапката на смртност кај амишките деца.Мнозинството Амиши го прифаќаат ова како “Gotes Wille”(Божја волја) и одбиваат да направат превентивни тестови пред брак или генетски тестови на сè уште неродени деца за да откријат генетски нарушувања.Сепак,тие сакаат да учествуваат во истражувања во врска со генетски заболувања.Нивните опширни семејни приказни им се корисни на истражувачите кои проучуваат болести како што се Алцхајмеровата,Паркинсоновата и макуловата болест.Додека Амишите се изложени на зголемен ризик од бројни генетски нарушувања, истражувачите на Центарот за рак на при Државниот Универзитет во Охајо-Артур Г. Џејмс болницата за рак и Ричард Џ. Солов Институт за истражување(OSUCCC-James) дознаа дека настојувањата за чисто живеење на Амишите можат да доведат до поздрав живот.Севкупните стапки на рак кај амишкото население се 60 проценти според стапката за стандардизација за Охајо и 56 проценти според државната стапка.Стапката на зачестеност на рак од пушење кај возрасните Амиши е 37 проценти од стапката за возрасни во Охајо,додека пак зачестеноста на ракот кој не се поврзува со пушењето е 72 проценти.Амишите се заштитени од многу типови на рак. Прво, преку нивниот начин на живот бидејќи користат малку тутун и конзумираат алкохол во мали количини и бројот на сексуални партнери им е ограничен,а второ преку нивните гени кои можат да ја намалат нивната подлежност кон рак.Д-р Џудит Вестмен,директор за човечка генетика на OSUCC-James,го спроведе истражувањето.Резултатите беа објавени во неодамнешното издание на списанието Причини за појава на ракот и негова контролa(Cancer causes and control).Дури и стапките на рак на кожа се пониски кај Амишите,и покрај фактот што тие заработуваат работејќи на отворено каде што се изложени на сончева светлина и УВ-зраци.Обично носат широки шапки и долги ракави за да ја заштитат нивната кожа додека работат на сонце. Амишите се свесни за предностите на егзогамијата.Заедничката крвна врска од една заедница често нема да биде присутна во друга,а генетските нарушувања можат да се избегнат со тоа што ќе се бираат сопружници од заедници коишто не се во сродство..На пример,семејствата кои го основале амишкиот Ланкастер Каунти не се сродни со основачите на Перт Каунти,Онтарио амишката заедница.Поради помалиот генски круг,кај некои групи е зголемена зачестеноста на одредени наследни болести. Амишите од Стариот ред обично немаат приватно комерцијално и здравствено осигурување.Околу две-третини од Амишите од Ланкастер Каунти учествуваат во Црковна помош,неформална самоосигурителна организација која има за цел да им помогне на членовите со катастрофални медицински трошоци.Почнувајќи од средината на 1990-тите години,неколку американски болници формираа специјални теренски програми за помош на Амишите.Првата од овие програми беше воведена во Сусквехана здравствениот систем во централна Пенсилванија од страна на Џејмс Хјуберт.Програмата доби државно медиумско внимание во САД и се прошири во неколку околни болници.Задачата на клиниката за деца со посебни потреби во Стразбур,Пенсилванија е лекувањето на генетските болести.Оваа клиника разви ефективни третмани за болести како што е уринарната болест со боја на јавор,која претходно беше фатална.Клиниката е прифатена од повеќето Амиши бидејќи веќе нема потреба родителите да ги напуштаат заедниците за нивните деца да бидат соодветно згрижени,постапка која може да резултира со “избегнување”. ДДЦ Клиниката за деца со посебни потреби ,која што се наоѓа во Мидлфилд,Охајо,од мај 2002 ги лекува децата со посебни потреби со наследни и метаболички нарушувања.Оваа клиника им обезбедува лекување,испитување и образовни услуги на децата и семејствата Амиши,но и на оние кои не се Амиши.

Иако тоа не е забрането или не се смета за неморално,повеќето Амиши не користат никаква контрацепција,па оттука се и нивните големи семејства.Тие се против абортусот и сметаат дека вештачкото оплодување,генетиката,евгениката како и истражувањата за матични клетки се недоследни за амишките вредности и верувања.Помагатели на луѓето е мрежа организирана од Амишите и се состои од пружатели на помош кои им помагаат на семејствата да се справат со менталните заболувања и им препорачуваат професионални советници.Стапката на самоубиства кај Амишите од Ланкастер Каунти била 5.5 проценти наспрема 100,000 во 1980,околу половина од тоа на општото население.

Животот на Амишите во современиот свет

[уреди | уреди извор]

Како што поминува времето, Амишите ги чувствуваат притисоците од современиот свет.Доста проблематични се работите како што се даноците,образованието,законот и неговата примена како и повремената дискриминација и непријателство. Општо гледано,начинот на живот на Амишите сè повеќе се одвоил од оној на современото општество и поради ова тие биле подложени на повремена дискриминација и непријателство од страна на соседите кои некогаш фрлале камења и други предмети врз коњските кочии на патиштата. Обично децата не го продолжуваат образованието по осмо одделение бидејќи нивните родители сметаат дека основното знаење постигнато до тој степен е доволно за да детето биде подготвено за амишкиот начин на живот.Речиси никој од Амишите не оди во средно училиште или на факултет.Во многу заедници Амиште раководат со нивните училишта и обично се работи за училиште со една училница каде наставата ја држат наставнички(млади немажени жени) од амишката заедница.На 19 мај,1972,Јонас Јодер и Валас Милер од Стариот амишки ред и Адин Јутци од конзервативната амишко-менонитска црква,беа казнети со 5 долари бидејќи одбиваа да ги пратат своите деца на возраст од 14 и 15 години во средно училиште.Во случајот Висконсин против Јоде,Врховниот суд на Висконсин ја поништи пресудата, а Врховниот суд на САД го потврди тоа изрекувајќи дека придобивките од општото образование не го оправдуваат нарушувањето на клаузата за слободно практикување на религија од Првиот амандман. Амишите се подлежни на даноци за продажба и имот.Бидејќи не поседуваат моторни возила нема зошто да плаќаат такси за регистрација на моторни возила ниту пак да трошат пари за купување на гориво за возилата.Општо,според нивните верувања и традиции, Амишите не се согласуваат со концептот за придобивки од социјалното осигурување и имаат религиско спротивставување кон осигурувањето.Врз основа на ова,во 1961 година,Службата за домашен приход на САД се согласи дека тие не треба да плаќаат даноци поврзани со социјалното осигурување.Во 1965 година оваа политика беше утврдена со закон.Самовработените лица од некои секти не плаќаат ниту пак добиваат придобивки од системот за социјално осигурување на САД.Овој исклучок се однесува на членови на религиозни групи кои се совесно против прифаќањето на какво било приватно или јавно осигурување,обезбедуваат солиден живот на членовите кои зависат од нив и кои континуирано постојат од 31 декември,1950 година.Во 1982 година,Врховниот суд на САД појасни дека Амишите работодавци не се исклучок,туку оние кои се самовработени.

Издавачка дејност

[уреди | уреди извор]

Амишите од Стариот ред поддржуваат една неофицијална издавачка куќа позната како Петвеј издавачка компанија во ЛаГранџ,Индијана, и Елмер,Онтарио.Петвеј објавува бројни учебници, книги за читање и списанија.

Подгрупи на Амишите

[уреди | уреди извор]

Со текот на годините многу цркви на Амишите се разишле поради спорови во врска со доктрината.Стариот ред на Амишите,се најголемите конзервативни групи кои се спротивставиле и одделиле од Амишите во 1860-тите и оние кои најмногу ги нагласуваат традиционалните практики и верувања.Постојат околу осум поголеми подгрупи на Амишите со најголема припадност со растечки ред на конзервативизам,како Бичи Амишите,Новиот ред,Стариот ред како и Шварцентрубер амишките секти.

Судирите помеѓу подгрупите на Амишите доведоа до случаи на напади на “сечење на брада” врз членови на амишката заедница.Поради повлечената одлика на нивниот начин на живот,тие често се колебаат да поднесат тужби во локалната полиција која ги опишува овие напади како “многу ретки”.Во септември 2012 година,на група од 16 мажи и жени Амиши од Бергхолц,Охајо,им беше изречена пресуда поради државни злосторства од омраза и обвиненија за заговор.Тука вклучен беше Семјуел Малет Сениор кој не учествуваше во петте напади со сечење на брада и коса, но му се судеше за водство на акцијата.

Слични групи

[уреди | уреди извор]

Менонитите од Стар ред,Конзервативните менонити,Хутеритите и Старо германските баптист бретхрен се разликуваат од Амишите.Сите тие емигрирале од Европа,но пристигнале со поинакви германски дијалекти,одделни цркви и различни религиски традиции, особено Хутеритите кои живеат заедно и најчесто ја прифаќаат модерната технологија. Плејн Квекерите се слични по нивниот начин на однесување и животен стил,вклучувајќи ги и нивните ставови за војната,но сепак не се во сродство со Амишите.Поранешните Квекери до некој степен биле под влијание на анабаптистите,а за возврат влијаеле врз Амишите во колонијална Пенсилванија.Оттогаш,поголемиот број Квекери го отфрлиле нивното традиционално облекување.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]