Прејди на содржината

Војска

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Армија)

Војската претставува вооружена организација, овластена од општеството да употребува сила, вклучувајќи и употреба на оружје за одбрана на сопствената земја. Војската, покрај одбраната, има и други улоги важни улоги за општеството, како што се: напредокот на политичката агенда (случајот со комунизмот во текот на Студената војна), поддршка на економската експанзија (случајот со империјализмот), како и надворешна контрола. Како придавки, изразите „воена/воено/воен“ се однесуваат на сето она што е поврзано со војската, било да се работи за имот, гледиште итн. Војските често функционираат и како „општество во општество“, што значи дека имаат посебни воени заедници, посебна економија, посебен образовен систем, здравство, судство и други сегменти.

Професијата „војник“, како дел од војската, е постара. Некои од најраните зачувани примероци од античкиот древен период ја отсликуваат моќта и вештината на тогашните воените водачи. Битката кај Кадис, во 1274 година п.н.е., како едно од клучните достигнувања во владеењето на фараонот Рамзес Втори е претставена во барелјеф врз неговите споменици. Илјада години подоцна, првиот император на обединетата Кина, Ќин Ше Хуанг, имал толку голема желба да ги импресионира боговите со неговата воена моќ, што дури бил погребан со цела теракотна војска.[1] Римјаните оставиле зад себе безброј монографии, ракописи и голем број раскошно изрезбарени триумфални капии и статуи во чест на извојуваните воени победи.

Етимологија и дефиниција

[уреди | уреди извор]

Во Англија, зборот војска првпат се среќава во 1585 година, како „милитари“.[2] Значењето доаѓа од латинскиот збор „милитарис“ (латински: miles, што значи војник), меѓутоа изворот не е многу веродостоен, бидејќи често упатува на сосема различни значења на овој поим како „тело“ или „маса“, кои немаат апсолутно никаква поврзаност со војската. Денешното значење на зборот упатува на некој кој е вешт во ракување со оружје, ангажиран е во воена служба или учествува во војна.

Како именка, Воена, обично го опфаќа значењето на државните вооружени сили или упатува на командантите кои управуваат со нив.[3][4] Во суштина, овој израз ја опфаќа и физичката способност (работната сила) на воените сили, кадарот, нивната опрема, и териториите кои ги поседуваат.

Како придавка воен/но/на се применува за „војник“ и „војникување“, но подоцна значењето е проширено, па упатува на сè што е поврзано со нивната професија.[2] Имињата на „Кралска Воена Академија“ (1741 година) и „Воената Академија на САД“ (1802 година), се чист пример за употребата на „воена“ како придавка. За време на Војните на Наполеон „воен/на/но“ започнало да се употребува за сето поврзано со воените сили,[2] а во 21 век, изразите како „воена служба (воен рок)“, „воена разузнавачка служба“ и „воена историја“ добиваат поширокото значење на зборот. Како такво, „воен/но/на“ денес упатува на сè она што е направено од воениот кадар.

Историја

[уреди | уреди извор]

Кога станува збор за воената историја, често се мисли на историјата на сите воени конфликти, а не само на историјата на државната војска. Притоа, мора да се направи некоја разлика меѓу поимите Историја на војните и воена историја. Првито поим ќе го опфаќа развојот на војните низ историјата, промените во технологијата, владите и географијата, додека вториот поим ќе се фокусира на луѓето и институциите кои влијаеле врз создавање на војната.

Воената историја има безброј цели. Една од најважните е, преку неа да можат да се согледаат грешките и постигнувањата од минатотото, со цел да се остварат поефективни достигнувања во иднина. Друга цел е да создаде чувство на воена традиција што ќе доведе до формирање на сплотени воени сили. Од друга страна пак, нејзината улога може да биде корисна и за да се воочи, како поефективно да се спречат воените конфликти. Човековото познавање за војската, во голема мера е засновано врз пишаната и усната историја на воените конфликти (војните), нивните формации, без разлика дали станува збор за војска или морнарица, а веќе во поново време, и воздушните сили.

Има два одделни вида на воена историја, иако не може да се направи строга поделба, бидејќи речиси сите зачувани податоци имаат елементи и од двете. Описната историја ја обработува хрониката на конфликтите без притоа да наведе податоци за причините, видот на војување, крајот на кофликтот или ефектите од истиот. Аналитичката историја, пак, настојува да понуди податоци за причините, видот, крајот и последиците од конфликтот, кои ќе послужат за разбирање на истиот во целост, што ќе спречи повторување на истите грешки во идниина, упатувајќи кон подобар концепт на методи при ангажирање на воените сили, да ја оправда потребата за современа технологија итн.

Воена организација

[уреди | уреди извор]

Секој народ низ историјата на човештвото имал различни потреби од воените сили. Таквите потреби ги одредиле основните форми на составот, опремата и употребата на објектите на воените сили. Исто така ја одредиле и улогата на војската во време на мир и во време на воени активности. Сите војски, без разлика на големината, претставуваат воени организации кои мораат да извршат одредени функции и да исполнат одредени задачи кои ќе го оправдаат нивниот квалитет и навистина ќе ги именуваат како воени организации. Меѓутоа доколку не се покажат како такви, може да се именуваат како полувојнички, организации за заштита на граѓаните, милиција или пак како организации кои воопшто не упатуваат на никаква поврзаност со вјската.

Воена управа (Воена команда)

Првата задача на војската е да докаже дека е способна да се справи со извршување на национална одбранбена политика. Иако политиката, најчесто е водена од политичари или политички аналитичари, нејзиното спорведување бара огромно познавање од тоа како војската функционира и ги исполнува своите активности. Најважно е да се направи една сплотена војска способна да ја спроведе сосптвената политика кога е потребно, и токму затоа една од првите функции на војската е да воведе Воена управа. Улогата на воената управа ќе биде да ја преточи целата политиката во конкретни мисии и задачи и да им ја приближи на подредените во вид на наредби. Воената управа својата делотворност и ефикасност како воена организација ја остварува преку делегирање на авторитетот, сврстувајќи ги тука сите организациски структури од воени реони или зони до водови. Управата има огромно влијание врз организацијата на целата војска.

Воен кадар

Втора задача на војската е да обезбеди раководен кадар, или офицерски трупи кои ќе управуваат со подредениот воен кадар (војници, морнари, маринци, воздухопловци) кој е способен да ги извршува сите политички инструкции вклучувајќи ги тука специјалните оперативните мисии и задачи. Исто како што претпријатието има директори, менаџери и други вработени кои здружено ги остваруваат дневните дејности во бизнисот, така и војската има свои вообичаени активности и проекти. За време на мир воениот кадар, обично, е стациониран во гарнизони (касарни) каде извршуваат вообичаени воени работи како административни задачи, вежби, образовни активности, технолошка обука итн. Исто така воениот кадар треба постојано да биде надградуван со резервисти, односно воени регрути, преку замена на веќе старите војници со нови.

Воена разузнавачка служба

Следна задача на војската е да ги препознае заканите со кои постои опасност да се соочи една земја. За таа цел членови од управата и останатиот воен кадар, дури понекогаш и граѓанското општество, земаат учество во идентификување на овие закани. Всушност сите овие сочинуваат една организација, систем или процес т.н. центар за разузнавање. Потешкотиите при користење на концептот и методите на раузнавачката служба најчесто лежат во дискрецијата при пронаоѓање на некоја информација, воздржаноста и способноста која треба да ја поседуваат разузнавачите за да препознаат за каква закана се работи, дали е можно избивање на конфликт, отпочнување на војна или напад.

Разузнавачката служба има задача да прави воени анализи, со цел да ја процени воена способност на потенцијалните противници или напаѓачи, да направи модел на борбата што ќе доведе до делумно споредување на сопствените сили со оние на напаѓачот. Ваквите видови истражувања на разузнавачките служби довеле до сознанија дека Кина и Индија имаат најголеми вооружени сили, а пак Војската на САД е најмоќна на светот.

Иако некои групи, ангажирани во воени конфликти, како активистите или членовите во движењата на отпор, користат воена терминологија и себеси се нарекуваат „војска“ или „фронт“, немаат никаква структура на народна војска за да го оправдаат овој назив. Дури и често, биле приморани да се обратат за помош на други (надворешни) национални војски. Исто така ги користеле овие термини за да го сокријат својот идентитет и способност од разузнавачката служба и да влијаат врз потенцијалните регрути. Улогата на разузнавачите е од голема важност за претставниците кои учествуваат во водењето на националната одбранбена политика, бидејќи нивниот глас и мислење се најважни кога станува збор за проценка на реалната закана која демне и развивањето на стратешка цел. Кога извештајот на разузнавачите се поклопува со оној на политиката, голема е веројатноста државните водачи да почнат да им доделуваат парични примања на офицерите и нивните подредени, средства за одржување на воените објекти, како и поддршка за воените служби.

Воена економија

Често се среќава и како Економија на одбраната. Претставува финансиска и монетарна политика во која се прават напори, за снабдување и одржување на војската и финансирање на воени операции или војни. Процесот на распределување на средствата наложува утврдување на воениот буџет со кој управува Воената финансиска организација, која функционира во рамките на војската. Набавките за потребите на војската се одобрени со Договорот за обезбедување на стоки и услуги за војската, без разлика дали се побарани во воена база за време на мир, или од месното население во некоја воена зона.

Развој на воениот капацитет

Воениот капацитет, попознат уште и како „воена сила“, убедливо е една од најкомлпексните активности познати за човештвото. Комплексноста лежи во: потребата за утврдување на стратешките, оперативните и тактичките вештини на војската кои ќе послужат при спротивставување со заканите; посебните доктрини за начините на кои ќе се употребуваат стратешките, оперативните и тактичките вештини; создавање на концепти, методи и ситеми кои ќе бидат дел од учењата; создавање на макети и насочувње на производителите кон исполнување на потребите на војската во време на немири; развивање на концептите, методите и системите; создавање структури на вооружени сили обучени да ги користат концептите, методите и ситемите ефикасно и продуткивно;воведување на овие концепти, методи и системи во военото образование, обуките и вежбите кои се почесто добиваат облик на војна, поради автентичност и полесно приспособување на воените сили; создавање системи на воена логистика кои ќе пружат непрекинати и континуирани вежби на воените организации во услови на војна, вклучувајќи тука здравствени услуги за вработените и одржување на опремата; служби кои ќе помагаат во закрепнувањето на повредените војници и во обновување на оштетената опрема; и конечно, демобилизација по завршувањето на конфликтот и распределба на вишокот воени залихи за потребите на војската во време на мир.

Развојот на воената доктрина можеби е еден од најважните,кога станува збор за воениот капацитет.Ја утрврдува улогата на вооружените сили во конфликтите, ги утврдува концептите и методите кои ги користи управата при ангажирање на соодветен, вешт, вооружан и опремен воен персонал, погоден за постигнување на видливи цели во воените конфликти, походи, битки, акции или двобои.[5] Врската помеѓу стратегија и тактика е прилично танка и кога треба да се одлучи за што станува збор обично тоа се прави врз база на лично мислење на некои критичари или историчари. Употребата на стратешки и тактички потези на ниво на една организација се нарекува оперативна подвижност.

Воена наука

Многу од концептите, методите и системите кои ги поседува војската не наишле на широка употреба во пракса, па затоа многу од нив се подложени на истражувања, проектирања и надградувања, а некои се понудени да се вклучат во „арсеналот“ на воената научна организација која, глобално, функционира како гранка на воената структура. Притоа, воените научници соработуваат со сите воени родови и служби, во рамките на вооружените сили, односно со сите нивоа од воената хиерархија и управа. Иако најчесто обработуваат тематика поврзана со воената психологија, посебно осврнувајќи се кон пост-воениот стрес и неговото влијание врз карактерот на војниците, често воената наука своите истражувања знае да ги насочи кон воената разузнавачка служба и технологијата која таа ја користи. Исто така ги проучува и воените комуникации и работи на подобрување на воениот капацитет преку истражувања, развој, творби на прототипи на оружја, воена опрема, воена технологија, и воопшто, на сè што некогаш може да најде примена во војската, од глобални комуникциски мрежи и носачи на авиони до боја и храна.

Воена логистика (материјално-техничка и организациона подддршка)

Залудно е воопшто да се поседува воен капацитет ако нема услови за негов развој или пак нема можност за негово искористување во воени конфликти. За да не дојде до ова, постои воена логистика чија намена е военото управување и военото планирање, како и снабдувањето на воените сили со потрошна и инвестициска опрема. Иако најчесто се занимаваат со воениот транспорт, користејќи го како средство за испорака со камиони, товарни бродови кои работат од одредени воени бази итн, дејноста на воената логистика исто така вклучува и создавање на т.н. места за набавки во воените зони. Понекогаш овие набавки се вршат кон посебни единици како, на пример, тактичката единица за одговорност. Ваквите достави до воените зони, често им овозможуваат да ги уживаат добрата на военото инженерство. Тоа значи дека обезбедени им се поправки на дефектни возила, обнова на нефункционалното оружје, одржување на оружјата кои се користат на бојното поле, ремонт и прилагодување на оружјата и опремата според потребите на терен итн. Во време на мир, пак, одржувањето на оружјата и опремата се прави со цел да им се продолжи животниот век и да бидат во постојана употреба. Сепак, најважна задача на воената логистика е набавката на муниција, како примарно потрошен материјал, нејзино складирање и распределба по единици.

Воени операции

Ако развојот на воениот капацитет е важен бидејќи на војската и обезбедува вршење на својата улога и функција во спроведувањето на одбранбената политика, тогаш воените операции имаат мноштво одговорности од подеднакво иста важност. Искористувањето на воениот персонал и воената опрема во војувањето со непријателот, извојување на победи, успешно завршување на воените походи, или војни итн. Воените операции всушност претставуваат интерпретација на политиката во воени планови, правилна распределба на воениот капацитет во посебни стратегии, оперативни и тактички цели, промена на позициите на вооружените сили, соработка меѓу воените родови, меѓу единиците кои овозможуваат оперативна поддршка (оперативни формации) и единиците кои овозможуваат логистичка поддршка (логистичка формација) за време на воените операции, определување на воените мисии и задачи за време на конфликт, справување со воените заробеници и граѓанските судири, воено окупирање на непријателските територии, запленување на туѓата опрема и одржување на јавен ред и мир во териториите под нивна власт. За време на еден воен конфликт, без разлика дали непрекинато се одвиваат походи или има затишје, воената разузнавачка служба постојано поднесува извештај до каде е исполнувањето на воениот план, какви се реалните постигнувања, а какви очекувањата и до каде е остварувањето на политиката.

Проценка на воените достигнувања

Последна задача на војската е проценката на воените достигнувања. Проценките најчесто ги прават воени историчари и теоретичари, чија работа е да ги утврдат грешките или успесите од минатото и да направат исправки онаму каде што се потребни. Сето тоа се прави во вид на воени реформи кои ќе ја подобрат работата на воените сили, и ќе создадат војска која ја извршува својата функција согласно со (прегледите направени од) националната одбранбена политика.

Војската во борба

[уреди | уреди извор]

Примарна причина за постоењето на една војска, според националната одбранбена политика, е нејзината улога и ангажирање за време на војна и целта да извојува победа. Ова ја претставува организаторната цел на секоја војска како и водечката мисла на вооружените сили, векови наназад низ воената историја. „Воената престстава“ на вооружените сили е термин кој упатува на целокупната воена изведба, вклучувајќи ја тука и онаа на воените единици како пешадијата и топовските водови распоредени по бојните полиња, воените батерии итн. Во текот на Заливските војни, секоја централна командна воена едниница била управувана од четирите воени служби на САД. Како ќе се извојува победата и каков ќе биде нејзиниот облик, според претпоставките, се смислува од страна на воените групи на три начини.

Стратегиска победа

Воената стратегија всушност претставува управување на воените сили во војна или во воени походи од страна на полководец, чија задача е да ги ангажира воените сили било да се национални или сојузнички, заедно со останатите елементи како што се морнарицата и воздушните сили вклучувајќи голем број авионски флоти. Воената стратегија е долгорочна проекција на воинствената политика, насочена кон резултатите од војувањата кои се надвор од јурисдикцијата на воената управа. Нејзина главна преокупација е снабдувањето на војската и планирањето, потоа управувањето со силите на бојното поле како и борбите коие се водат помеѓу воените формации. Времето кое е потребно за военото стратегиско планирање може да одземе седмици, месеци, па дури и години.[5]

Оперативна победа

Оперативната подвижност како поим се наоѓа некаде меѓу војната и воената доктрина, што значи дека е вид на управување кое ги координира најситните тактички детали со сеопфатните стратегиски цели. Се среќава и како „оперативна уметност“. Оперативното ниво се наоѓа скалило повисоко од она ниво на кое видикот и временските интервали се најважни, а скалило пониско од стратегиското ниво на кое политиката и резултатите се значајни. Воени формации кои припаѓаат на ова ниво се сите оние кои се способни сами да водат воени операции и кои се доволно големи, директно да управуваат влиаејќи врз стратегиското ниво. Ваквиот концепт за првпат бил воведен од Германската армија во текот на Втората светска војна. На ова ниво, планирањето и воените активности, изведени од силите на терен, армискиот корпус, како и морнарицата и воздушните сили траат од една седмица до еден месец.

Тактичка победа

Воената тактика се занимва со ангажирање на воените сили и победа на непријателот во директен конфликт. Воените единици обично ги користат овие тактики по неколку часови или денови, фокусирајќи се на точната задача и цел на одредите, компаниите, батаљоните, пешадиските полкови, бригадите и дивизиите како и нивните еквиваленти – морнарицата и воздушните сили.[5] Едно од најстарите изданија кое говори за воената тактика е „Уметноста на војната“, напишана од кинескиот филозоф Сун Цу.[6] Напишана е во 6 век п.н.е. и нејзините 13 поглавја се прифатени како воени инструкции а не како празна воена теорија. Имала огромно влијание врз Азиската воена доктрина, а кон крајот на 19 век, влијаела и врз европското и американското воено планирање. Надвор од воените рамки, тактиките од ова издание се користат за водење на бизнис, дури наоѓаат примена и во општественото и политичкото упрaвување.

Античките Грци и Римјаните зад себе оставиле богато творештво посветено на воените походи. Меѓу најпознатите римски дела се забелешките на Јулиј Цезар направени за тактиките во војната со Галите и Римската граѓанска војна, напишани во педесеттите години од н.е. Две познати дела кои ја обработуваат воената тактиката датираат од доцниот римски период. Тоа се „Теорија на тактиката“ од Ајлианус Тактикус и „За воената суштина“ (De re military) од Вегетиус. „Теорија на тактиката“ ја анализира грчката воена тактика, и е едно од највлијателните дела кои оставиле печат врз Византиското Царство и Златното доба на исламот. „За воената суштина“, пак, ги дава основите на европските воени тактики, сè до крајот на 17 век. Најпозната аксиома од ова дело е „Оној кој посакува мир, треба да биде подготвен на војна“ (Igitur qui desiderat pacem, praeparet bellum).

Поради промената на воената природа, со воведувањето на артилеријата во средниот век во Европа и воведувањето на пешадијата во периодот на ренесансата, се направиле обиди да се дефинираат стратегии и тактики кои ќе доведат до победи почесто отколку што тоа го постигнувале римјаните молејќи им се на нивните боговите пред битка.

Подоцна ова станува познато како Воена наука, за подоцна да се усвои пристапот на научниот метод за спроведување на воени операции под влијание на Индустриска револуција. Во неговата антологиска книга „Во војна“, прускиот генерал-мајор и водечкиот експерт за модерна воена стратегија Карл фон Клаусвиц, ја дефинирал воената стратегија тврдејќи дека „ако се добијат битките, тоа ќе доведе до крај на војната“.[7] Според Клаусвиц,

стратегијата ја дава формата на војната и за таа цел поврзува низа акти кои ќе доведат до крајното решение, што значи, дека се прават планови за одделни походи и се регулира начинот на кој ќе се водат борбите.[8]

Оттука, Клаусвиц ги сместува политичките цели над воените, обезбедувајќи цивилна контрола на војската. Воената страгетијата е една од врвните достугнувања на воената уметност и наука, која управува со начинот на војување, а другите се воената тактика, спроведувањето на плановите, управување со силите во војна и одржување на армијата.

Смислата на постоењето на воената тактика се менувала со текот на време, почнувајќи од освојување и управувањето на целото армиско земјиште во античките битки и флотите на галиите, завршувајќи со модерна употреба на помали воени единици за заседи, окружници, бомбашки, фронтални, воздушни напади, „удри и бегај“ тактики, најчесто користени од партизаните, и во крајни случаи самоубиствени напади на копно и во вода.

Тактиката на пешадијата ја доживеала својата преродба со се почестата појава на т.н. „војни во ровови“, посебно развиени во XIX и XX век. Ваквиод вид на војување бил застапен во Првата светска војна, во освојувањето на Галиполе и во Западниот фронт. „Рововските војни“ обично се претворале во себеуништување, носејќи со себе безброј човечки жртви, поради начинот на напаѓање. Всушност, со цел да го нападнат непријателот, војниците од рововите морале да минат низ „ничија земја“ постојано изложени на напади, под тежок оган кој доаѓал од непријателските ровови.

Воена технологија

[уреди | уреди извор]

Како и секоја друга гранка, така и војската уште од античко време се разликувала од останатите сегменти на општеството по своите алатки, воените оружја и опремата која се користела во војните. Луѓето во камено време ставајќи остро парче од кремен на врвот на копјето го направиле првиот чекор применувајќи ја тогашната технологијата за напредок на оружјето. Оттогаш, како што се развивало општеството, така се развивале и оружјата. Оние од камено време им остапиле простор на оружјата од бронзено време, за подоцна на сцена да стапат и оружјата направени во железно време. Со секоја промена во технологијата, безброј промени се забележувале и во материјалниот воен капацитет, како на пример ефикасните остри предмети над кожните оклопи и поквалитетните материјали кои се користеле за изработка на оружја. На копно, првиот значаен напредок во војување благодарение на технолошкиот развој е забележан по појавата на подвижните оружја, посебно рачните фрлачи. После ова,голем напредок е постигнат и со примитомувањето на коњите и јавачките вештини.

Веројатно, најголемиот изум, кој влијаел не само врз војската, туку и врз целото општество, после огнот е тркалото, и неговата примена за изградба на кочии со две тркала. Не е забележан поголем напредок во воената технологија сè до појавата на рачниот фрлач како оружје и изработката на каменофрлачот (катапултот) од страна на грците, египќаните, римјаните, персијците и кинезите. Лакот, пак, бил произведуван во огромни количини и добил одлики на моќно оружје, бидејќи напоредно со неговата појава, се подобрил и квалитетот на оклопот, што е логична причинско-последична реакција за заштита. Ваквите моќни композиции на лакот и самострелот се развиле во Античка Кина. Се покажале како доста корисни за време на подемот на коњаницата, донесувајќи и попрефинети оклопи кои станале доминантни на бојното поле.

Малку порано, во средновековна Кина, бил измислен барутот и сè повеќе се користел во воените конфликти. Употребата на барутот во минофрлачите, употребата на копјата, самострелот и витезите во оклоп се обележја на едно време, чиј крај пополека се наѕирал. После копјето, за кое биле потребни голема сила и вештина да се користи, следен најзначаен напредок во технологијата било појавата на мускетата (вид на пушка), за која не била потребна некоја посебна техника на користење, напротив, била лесно совладлива со малку тренинг. Со тек на време, наследници на мускетата и топовите, станувале пушките и тешката артилерија, кои во иднина ќе го претставуваат јадрото на технологијата на бојното поле.

Како што влијаел брзиот технолошкиот напредок врз општеството, така влијаел и врз војската, па војувањето станувало се поиндустријализирано. Новите измислени автоматски пушки (митралези) и репетиторки, дале нов облик на огненото оружје на бојните полиња, што делумно ја објаснува високата стапка на жртви кои ги однела Американската граѓанска војна, каде најмногу се употребиле токму овие два вида на оружјe. Следен чекор кој говори за развојот на артилеријата е разликата во полнењето на пушките, ги имало секакви, од пушки со предно полнење до пушки со полнење во посебни комори, а кон крајот на 19 век, свој личен белег оставил и безотскочниот теренски пиштол – 75 (Sioxante-Quinze), прозиведен во Франција.

Поморското војување посебен развој доживува со појавата на т.н. „дополнителен товар“. Ова е втор најважен технолошки придонес во морнарицата, после средниот век, кога за првпат бил променет начинот на кој се монтирале оружјата на воените бродови. Овој придонес ја подигнал и наутичката тактика на едно поинакво ниво одделувајќи ги воените од обичните бродови со внатрешно согорување. Огромен напредок, што се однесува до воената наутичка тактика е постигнат со дизајнот на подморницата и добро познатото, торпедо.

Во текот на првата светска војна, потребата да се излезе од лавиринтот кој го создал рововското војување, доведува до брз развој на многу нови технологии, се појавиле тенковите, како и воената авијација. Најширока употреба, воената авијација доживува во текот на втората светска војна, период кој благодарение на бомбардерите е обележан како најдеструткивен период, кога станува збор за равојот на оружјето, гледано низ историјата наназад. Војувањето со тек на време добива многу нови облици и концепти, користејќи ги сите дотогаш откриени добра на технологијата кои своето усовршување го достигнуваат во пероидот од 1939 до 1945 година.

Во текот на војната значаен напредок бил постигнат во областа на воените комуникации со појавата на радиоприемниците, во областа на разузнавачката служба со појавата на радарот, во областа на воената медицина со појавата на пеницилинот, додека пак во воздухопловството, за првпат се појавиле технолошки пронајдоци како проектилот, млазниот авион и хеликоптерот. Еден од најозлогласените изуми на воената технологијата е создавањето на атомската бомба, иако ефектите на радиоактивното зрачење не биле познати сè до почетокот на 1950-тите години. Понатамошниот развој на воените возила конечно ја тргнала од воената структура кочијата со две тркала.

По Втората светска војна, со почетокот на Студената војна, благодарение на постојаниот технолошки развој многу нови оружја биле внесени во употреба како дел од постојаниот наптревар за вооружување, но исто така го дале својот придонес и во развојот на воениот капацитет. Овој непрекинат развој на оружјето продолжува и денес, како постојан потрошувач на државните ресурси, иако делумно еднаков потрошувач претставува и воено индустрискиот состав.

Најзначаен технолошки напредок кој влијаел врз начинот на војување бил постигнат со појавата на теледиригираниот проектил користен од сите воени формации. Неодамна, информациската технологија одиграла мошне важна улога во воените операции, така што покрај нејзината веќе добро позната надзорничка задача, ги поставила корените и на извидничките мисии во вселената.

Инфомрациските одделенија во текот на војувањето најчесто се фокусираат на напаѓање на комуникацискиот систем на противничката командна единица и воените бази со податоци. Со новиот развој на технологијата улогата на информациското одделеније се зголемува, преку иновацијата на роботските системи во областа на военото разузнавање. Своите задачи, одделенијата за информации ги обавуваат преку хардверски и софтверски апликации.[9]

Нуклеарките од видот на MIRV и ICBM, како и водородната „Цар-бомба“ нуклеарка се сметаат за едни од најразорните оружја, воопшто создадени.

Воената моќ и општеството

[уреди | уреди извор]

Речиси сите податоци низ воената историја сведочат за тоа дека вооружените сили се наоѓале под диригентска палка на главата на општеството, или во дамнина под покровителство над кралот. Во демократските општества, пак, или во другите политички системи, го претставуваат јавниот интерес, односно се јавна сила.

Врските меѓу војската и општеството се доста комплексни и во постојан, непрекинат развој. Многу зависи од тоа каква е природата на општеството и на кој начин тоа ја третира војската. Често се случува да биде преценета за време на немири, а да се потцени во време на мир, скратувајќи и ги основните средства за одбрана.

Ваквите врски се разгледувани од самата воена перспектива, од политичко-воена, воено-индустриска и општествено-воена. Последната, општествено- воена перспектива може да биде поделена на повеќе сегменти: сегменти кои и пружаат постојана поддршка на војската, спротивно на оние кои сакаат да ја засенат нејзината улога, оние кои доброволно и пристапуваат, спротивно на оние кои се вклучуваат во воените редови без своја сопствена волја, цивилите во воените зони итн.

Војската, неретко функционира и како „општество во општество“, поседувајќи ги сите нешта што ги поседува едно нормално општество, од заедници, економија, образование, медицина итн. Иако војската најчесто припаѓа на една нација, слично на приватните компании за обезбедување, може да биде ангажирана и од организации или личности од општеството за лично обезбедување, пратење, односно придружба или за други намени каде полицијата, или воените организации не постојат или ја немаат доволната доверба од граѓаните.

Идеологија и етика

[уреди | уреди извор]

Воената идеологија функционира во согласност со општествените гледишта. Според тоа, војската е должна да му служи на општеството најдоборо што може, сè што прави треба да биде од полза за владата, и на крајот како начело во идеологијата да стои некој концепт кој е дел од воената култура, доктрина, метод или управа.

Аргументите на културните сведоштва, националната историја и воените написи, упатуваат на тоа дека цивилното население е зависно од војската и токму поради тоа треба да се држи до нејзините потреби и цели за заеднички да се борат и да ја задржат независноста. Милитаризмот како државен систем, честопати се спротивставува на концептите на сеопфатната политика, меката и тврдата политика.

Многу народи имаат различни воени закокони кои го регулураат однесувањето во време на немири и во време на мир. Меѓу првите поддржувачи на оваа идеја бил Хуго Гротиус кој со своето дело „Правата на војна и мир“ од 1625 година, извршил огромно влијание врз човековиот пристап кон развојот на војната. Идеологијата на Гротиус ја продолжил Густав Адолф.

Етиката на војувањето се установила во 1945 година, со Женевскиот договро со цел да се дефинира военото однесување кон затворениците и цивилите. Сепак овие ограничувања на поведението ретко се применуваат за време на политички конфликти од страна на внатрешните безбедносни трупи, што резултира со многу протести и немири.

Меѓународните стандарди ја ограничуваат, всушност дури и ја забрануваат употребата на оружје, посебно она за масовно уништување. Меѓународните спогодби ги дефинираат воените злосторства и се грижат за судско гонење на воените злосторници. Некои земји имаат создадено детални правила на воената правда. Пример за тоа се Сооединетите Американски Држави и нивниот Едиствен код за воена правда кој го изнесува пред Воениот суд било кого од воениот персонал кој е обвинет за воено злосторство.

Воените акции понекогаш се направени од хумани причини. Пример за такви акции се операциите за ослободување и одбрана на бегалците, познати под едно има како воен хуманизам.

Антимилитаризам

[уреди | уреди извор]

Антимилитаризмот претставува општествено гледиште кое се залага за мир меѓу државите, спротивставувајќи се на аргументите на милитаризмот. Следејќи ги истражувањата на Хегел, за врската меѓу историјата и насилството, антимилитаризмот зборува за тоа дека постојат различни видови на насилство, некое е легално и оправдано а друго не. Синдикалецот Жорж Сорел ја застапувал употребата на насилство како облик на директно делување, нарекувајќи ја револуционерно насилство, теорија што претставувала потполна спротивност на онаа наведена во делото „Размисли за насилството“ (1908) за класните борби. Сорел исто така бил следбеник на Меѓународната работничка организација која ја поддржувала теоријата на сопственост.

Според антимилитаризмот, војната како насилство може да биде поделена на два вида, војна меѓу државите и граѓанска војна каде спаѓаат и класните борби. Оттука, дејствувањето на Карл Маркс врз антимилитаристичката доктрина воопшто не треба да не изненади, иако ставајќи го Маркс во ист кош со сите оние кои навистина влијаеле врз антимилитаризмот е преувеличување на реалната слика за него. Верувањето во вечниот антимилитаристички дух, денес, е само мит бидејќи модерната војска како институција е тоа што е благодарение на историските достигнувања во текот на XVIII и XIX век. Идејата на Наполеон за регрутација претставува основен напредок во организацијата на воените сили, за подоцна, прускиот милитаризам да биде изложен на социјалните теории од 19 век.

Стереотипи за војската

[уреди | уреди извор]

„Воено детиште“ е разговорен термин кој се користи за дете на кое барем еден од родителите, бил или е активен член на вооружените сили. Како резултат на постојаниот ангажман на нивните родители, децата на војниците често се селат во различни воени бази, што придонесува да имаат доста необично детство. За разлика од вообичаеното значење на зборот „детиште“, употребено во овој контекст, нема воопшто навредливо значење.

Пишани сведоштва за војската и популарноста во медиумите

[уреди | уреди извор]

Војниците и војската отсекогаш имале посебно место во народната култура од почетокот па сè до денес. Безбројните цртежи на воени водачи во херојски пози од античко време биле непресушен извор на инспирација во воената литература. Меѓутоа не сите податоци пишани во литературата биле комплементарни, често војската била сатирично претставена и исмејувана, а често и идејализирана. Грчкиот писател Аристофан, ја напишал комедијата „Лисистрата“, често преведена како „Противничка на војната“, каде што ја опишува саботажата на жените врз војната спречувајќи ги нивните мажи да заминат во борба, манипулирајќи со сексот.

Во средна Европа, приказните за витештвото и рицарството, биле проткаени со огромна фантазија. Писатели и поети како Талесин, Крецијан де Троес и Томас Малори напишале приказни осмелувајќи се да споменат ликови како Кралот Артур, Геновева, Ланселот и Галахад. Дури во 21 век продолжиле да се појавуваат книги и филмови за легендата за Кралот Артур и за Светиот Грал.

Векови подоцна, во делата на Џон Фројсарт, Мигел де Сервантес и Вилијам Шекспир, измислени ликови како Белиот тиранин и реални како восјководецот Џон Хоквуд, биле ставени рамо до рамо со фантастичните Дон Кихот и љубителот на капката, Сер Џон Фалстаф. Во делото „Хенри V“, генијалниот Шекспир успеал само на едно место да вметне цела лепеза на воени карактери, од ладни и остроумни генерали до капетани и груби војници.

Брзиот напредок во пишувањето, кон крајот на 16 и почетокот на 17 век довел до развој на јавното издаваштво. Политичките летописи станале доста популарни, често исмевајќи ги воените водачи. Типичен пример за вакво дело е летописот за Принцот Руперт од Рајна. Во текот на 19 век, деградирањето на авторитетот на воените водачи бил тема за бројни портрети насликани од врвните мајстори на Европскиот двор, како Томас Гејнсборо, Гоја, Рејнолдс и други. Сепак и меѓу нивните карикатури се наоѓаат некои кои им се наклонети на војсководците, но и некои со брутална содржина како оние за Роланд и Хогарт.

Ова продолжило и во текот на 20 век, со издавањето на „Панч“ (неделен магазин) во Британија и „Пјер Дучес“ во Франција чија омилена тема била исмевањето на воените институции.Овој замав не запира со неделните весници.Нареден чекор е појавата на комичната опера на Гилберт и Саливан посветена на некој тогашен генерал–мајор, потоа оперетата „Роб на обврските“, каде армиски офицер е сатирично отсликан како човек кој има познавање од се освен од она што треба да има итн.

Со појавата на киното во почетокот на 20 век, се создала шанса за одново отсликување на воените субјекти. Во текот на Првата светска војна, луѓето во домовите имале можност да ја согледаат од прилика реалната ситуација која владеела на фронтот. Им биле проектирани кратки цензурирани филмови со морбидна содржина од војната. Во исто време на големото платно се појавиле филмови кои ја претставувале војната како обичен историски настан, но и филмови кои го отсликувале нејзиниот смртоносен карактер. Еден од првите филмови со воена содржина, посветен на воздухопловството е „Пеколот на ангелите“, кој ги срушил сите претходни рекорди на благајните со самото премиерно прикажување во 1929 година. Наскоро, воени филмови од секаков вид се прикажувале насекаде низ светот, посебно оние со познатиот Чарли Чаплин кои постојано ја промовирале воената гаранција и доброволното пријавување за отслужување на воениот рок.

Исто така, за време на Првата светска војна, покрај киното, нова димензија на воените субјекти им дава и поезијата. Во тоа време, несомнено ја славела војната, обидувајќи се да ги оправда нејзините цели, издигнувајќи ја на едно високо општествено ниво. „Задолжени за светлината на бригадата“, е наративна поема од Алфред Лорд Тенисон која со својот галопирачки лесен ритам е прв викторијански пример за почитта кон војната, иако Рудјард Киплинг како остра реплика на ова дело ја напишал „Траењето на светлинатата на бригадата“, критикувајќи ја сиромаштијата во која остареле сите ветерани кои некогаш храбро се бореле токму во редовите на таа бригада. Од тука можеме да заклучиме дека наместо да се развие нов бран на воена поезија величана од воените поети, најчесто се појавувале дела кои ја критикуваат војната, слично на оној начин на кој би ја искритикувал еден разочаран „рововски“ ветеран.

Поети од таков вид биле: Зигфрид Засон, Вилфред Овен, Џон Мекреј, Руперт Брук, Исак Росенберг и Дејвид Џонс. Слично движење се појавило и во литературата, исфрлајќи на површина безброј романи, на двете страни од Атлантикот. Особено познати од ова време се „На Западот ништо ново“ и „Џони, во борба“. Англискиот мјузикл од 1963 година, „Колку е убава војната“, и задава една сатирична нота на првата светска војна, па така во 1963 година доживува и своја кино верзија, режирана од Ричард Атенборо.

Воената пропаганда која ја пратела втората светска војна, повторно ги отсликува непријателските трупи на еден грозен и непривлечен начин. Ниту советскот сојуз,ниту нацистичките Германци не заостануваат во создавањето на херојски портрети за нивните војници, претставувајќи ги скоро со натчовечки особини. И во ниту еден момент не запреле само кај портретите. Лени Рајфенштал и Сергеј Ејзенштејн направиле и филмови на оваа тематика.

Освен ова, втората светска војна била тема на многу филмови како што се: „Мостот на реката Кваи“, „Најдолгиот ден“, „Улов 22“, „Спасувајќи го војникот Рајан“, „Морето не треба да ги добие“, и др. Следниот важен настан, Корејската војна, била инспирација за долгометражниот телевизиски серијал „M*A*S*H“. Во текот на војната во Виетнам, со обидите да се постигне своевиден баланс, се појавиле и филмови како „Апокалипсата пристигна“, „Добро утро, Виетнам“, „Известете ги Спартанците“, „Роден на 4 јули и „Ние бевме војници“, кои се правеле со цел да ја претстават војната како најголем непријател на просперитетот на општеството.

Постојат дури и некои комични песни, најачесто среќавани во редовите на медицинските сестри, како што се „Големиот стар војвода од Јорк“, поема која се потсмева на генералите во поодминати години, кои жалаат за неспособноста да ја предводат вечно својата фомација. Во никој случај не се заборавени ниту песните со воена тематика, како што се „Оркестарот го изведуваше валцерот Матилда“ и „Светскиот војник“.

Родова наспроти полова припадност

[уреди | уреди извор]

Мажите имаат огромна улога во редовите на војската. Воените организации на нивните членови им налагаат низа одговорности и задачи на кои очекуваат да се прилагодат и да ги исполнат во текот на нивното служење. Воените норми се слични со општествените, според кои некои поединци од кога ќе постигнат некаков статус, пожелно е да се придржуваат на претходно дефинирано односување. „Машкиот пол“ или воопшто, „мажите“, како што најчесто се среќава во општеството, е поим кој скоро секогаш е поврзуван со војската. Женскиот пол исто така има свое место во воените редови, исто како што има во општествените. Целта на објаснувањето на овие поими е да се стави до знаење дека жените рамо до рамо со мажите се снаоѓаат како во воените, така и во општествените области. Огромна е важноста во разграничувањето на поимите, кое е значењето на родот а кое на полот, и што е уште поважно, кога говориме за мажите и жените, сето тоа се однесува на машкиот и женскиот пол, а не на родот.

Четириесет и третиот претседател на САД, Џорџ В. Буш, има изјавено дека најдобра одбрана од тероризмот е токму нападот врз тероризмот. Ова донекаде го објаснува воениот менталитет, насекаде ширум светот. Општата асоцијација на оваа идеја за напад некако се препишува на машкиот пол, односно на мажите. Во секое патријархално општество, издигнувањето на машкиот пол зборува за тоа дека мажите се далеку посупериорни од жените, стремејќи се да создаде хиерархија на моќта.[10] Друг пример од ваков вид, може да биде забележан во изјавата на пенсилваниско американскиот револуционер, проследена од Грегори Т. Кноф, која вели дека вистинските револуционери на Америка биле, цврсто поврзани со американската раса, припаѓале на машкиот пол (машкоста) и на општеството.[11] Најголемиот проблем овде лежи во тоа што, актот на напад, најчесто се поврзува со машкиот пол, односно со мажите. Во спротивно, трпението, волјата и некои други вредности , кои за жал се потценети, почесто асоцираат на жените. Поради логичката поврзаност меѓу значењето на поимот машки пол со поимот маж, машките вредности се поценети, и се сметаат за стандардни кога станува збор за војската. Разликата која задолжително треба да се воочи е дека овде се работи за полова припадност и во никој случај не се работи за родова дискриминација.

Согледувајќи ги познатите изјави, како онаа на Буш и некои други војници, лесно е да се воочи важноста на машкиот пол во рамките на војската. Кога зборуваме за значењето на мажите, поимот упатува на полови а не на родови одлики. Идентично како мажите, така и жените имаат огромна улога и квалитети, потребни во воените сили.

Вредности на војската

[уреди | уреди извор]

Кога станува збор за квалитети кои некој мора да ги поседува за да биде дел од војската, најчесто тоа упатува кон машкиот пол. Сепак, погрешно е да се каже дека жените не можат, или не ги поседуваат истите квалитети кои се потребни. Воените вредности се карактеристични бидејќи го дефинираат војникот и неговите основни вештини потребни за работа во војската, без разлика која е неговата улога. Кратенката LDRSHIP, односно нејзиното значење ги објаснува сите квалитети кои еден војник треба да се стреми да ги поседува. Станува збор за лојалност, должност, почит, несебично служење, чест, интегритет и себеохрабрување.[12] Многу е важно војниците да стекнат менталитет на лична одлучност, што значи дека не смеат да чекаат постојано да им биде наредено што треба да направат од некој друг. Со оглед на реалност ова е многу тешко, бидејќи каде и да сме ќе има некој што ќе диктира што треба да се прави следно.

Друга важна особина е емотивноста односно чувствителноста. „Машката способност за емотивна самоконтрола, особено важна за војниците во борба, им дава на мажите престижна позиција, сместувајќи ги за чекор понапред пред жените...Ова е прецизен податок кога станува збор за половиот идентитет...“[13] Во овој дел опишани се израелските мажи и нивното гледиште за емоциите и нивниот негативен ефект врз воената способност. Сепак, некои емоции се прифатливи ако доаѓаат во вистинско време, како на пример мотивацијата, амбицијата или среќата при остварување на напредок.[13]

Најдобар пример за предначењето на машкиот род во рамките на воените сили може да биде забележан во истражувањето направено врз британските војници. Според тоа, упорноста, издржливоста, физичката спремност и агресивноста се особини кои треба да ги поседува секој успешен војник.[14] Иако, погоре постојано се зборува за емотивните состојби на војниците, сето ова е директно поврзано со машките припадници на воените сили.

Машки и женски работни места

[уреди | уреди извор]

Во рамките на војската на САД, постојат многу воени работи за чие извршување се потребни доста одлики и особини.[15] Некои задачи, гледано од општествена перспектива, се препишуваат на мажите, како што се конструирање, изградба, инжинерство итн, додека пак други, како што се советување, здравствена нега итн, се препишуваат на жените. Постојат различни работни обврски за оние кои го отслужуваат вониот рок и за офицерите. Тие најчесто се занимаваат со управување и надгледување на они коие допвра треба да се квалификуваат. Иако војската на САД тврди дека има еднаков третман за машките и женските војници, сепак се откриваат нееднаквости кога станува збор за половата припадност.

Американската војска отвора 93% од своите работни места и за мажи и за жени, додека останатите 7% се чуваат за време на немири и тоа само за мажи.[16] Имено, проблемот лежи во тоа што, жените сè уште сочинуваат многу мал дел од воениот кадар. Воените сили, ширум светот, всушност имаат постојани ангажмани за жените, исто како и вооружените сили на САД, меѓутоа нееднаквост се создава така што тие го намалуваат бројот на обврски што би ги имале жените доколку се квалификуваат за таа позиција. За жал, и општеството на идентичен начин како војската, ова го прави ненамерно, преку типизирање (поделба) на работите на машки и женски.

Доброволно да се биде член на војска од која демне постојана опасност да се загине за татковината, е нешто што не доаѓа природно ниту кога станува збор за мажите, ниту за жените. Сепак, мажите се поспремни да се жртвуваат за својата земја, спојувајќи ги својата машкост со агресивноста. Ова тврдење е можеби една од причините зошто жените се помалку застапени во воените редови и зошто работите кои би можеле да извршуваат се редуцирани. Друга можна причина за недостигот на жените е типизирањето односно половата поделба која често доведува до полови напади. Примери за ова, се појавиле уште во текот на втората свестка војна, кога жените биле користени за забава, односно како сексуални робови, и од поново време „Теилхук“ скандалот кој избил како последица на тоа што голем број од воените трупи сексуално нападнале 87 жени.

Милитарија

[уреди | уреди извор]

Милитарија е друг поим кој ја отсликува војската на еден поинаков начин. Често упатува на антички артефакти, реплики од воени историчари, оружја, мечеви, значки, беџеви итн, кои се собирани од колекционери поради нивното историско значење. Денес, собирањето на вакви воени симболи како играчки во облик на минијатурни војници, оловни воини, воени макети итн. претставува хоби на безброј луѓе насекаде низ светот.

Војската како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]

Војската како тема во народното творештво

[уреди | уреди извор]
  • „Силна ми војска идеше“ - македонска народна песна.[17]
  • „Ферман дојде, џанам, од Стамбола“ - македонска народна песна.[18]
  • „Кога војници тргнавме“ - македонска народна песна.[19]
  • „Ѓорѓија војник отиде“ - македонска народна песна.[20]
  • Војник Огнен“ - македонска народна песна.[21]
  • Мома војник го одменува татка си“ - македонска епска народна песна.[22]
  • „Храбриот војник“ - унгарска народна приказна.[23]
  • „За војникот кој станал крал“ – полска народна приказна.[24]
  • „Воденичарот оди во војска“ (Хоће воденичар у војску) - српска народна приказна.[25]
  • „Добродушниот војник“ — естонска народна приказна.[26]

Војската како тема во книжевноста

[уреди | уреди извор]

Војската како тема во популарната музика

[уреди | уреди извор]
  • „Џони беше војник“ (англиски: Johnny Was A Soldier) — песна на британската панк-рок група Адиктс (The Adicts) од 1982 година.[51]
  • „Армиски сонувачи“ (англиски: Army Dreamers) — песна на британската поп-пејачка Кејт Буш (Kate Bush) од 1980 година.[52]
  • „Војска на иднината“ (англиски: Troops Of Tomorrow) — песна на британската панк-рок група Вајбрејторс (The Vibrators) од 1978 година.[53]
  • „Предметите на војникот“ (англиски: Soldier's Things) — песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1983 година.[54]
  • „Двајца парталави војници“ (англиски: Two Ragged Soldiers) — песна на американскиот поп-пејач Скот Вокер од 1969 година.[55]
  • „Ќе го испратат во војската“ (англиски: He'd send in the army) — песна на британската рок-група Генг оф фор (Gang Of Four) од 1979 година.[56]
  • „Сакам човек во униформа“ (англиски: I Love A Man In A Uniform) — песна на британската рок-група Генг оф фор од 1982 година.[57]
  • „Непознатиот војник“ (англиски: The Unknown Soldier) — песна на американската рок-група Дорс (The Doors) од 1968 година.[58]
  • „Војнички живот (2 дел)“ (англиски: Army Life (Part 2)) — песна на британската панк-рок група The Exploited од 1981 година.[59]
  • „Иван се среќава со Г. И. Џо“ (англиски: Ivan Meets G.I. Joe) — песна на англиската рок-група Клеш (The Clash) од 1980 година.[60]
  • „Војската на Оливер“ (англиски: Oliver's Army) — песна на англискиот рок-музичар Елвис Костело од 1979 година.[61]
  • „Не сакам да бидам војник“ (англиски: I Don't Want To Be A Soldier) — песна на англискиот поп-рок музичар Џон Ленон од 1971 година.[62]
  • „Војска од пет луѓе“ (англиски: Five Man Army) — песна на британската група Масив Атак (Massive Attack) од 1991 година.[63]
  • „Цивили и војници“ (словенечки: Civili In Vojaki) — песна на словенечката панк-група Панкрти од 1980 година.[64]
  • „Војникот-џентлмен“ (англиски: The Gentleman Soldier) — песна на ирската рок-група Поугс (The Pogues) од 1985 година.[65]
  • „Сега си во војската“ (англиски: In The Army Now) — песна на англиската рок-група Статус кво (Status Quo) од 1986 година.[66]
  • „Лимени војници“ (англиски: Tin Soldiers) — песна на северноирската панк-група Стиф литл фингерс (Stiff Little Fingers) од 1980 година.[67]
  • „Ти си војник“ (англиски: You're A Soldier) — песна на американската рок-група Хускер Ду (Hüsker Dü) од 1987 година.[68]
  • „Дечиња-војници“ (англиски: Little Boy Soldiers) — песна на англиската рок-група Џем (The Jam) од 1979 година.[69]

Војската како тема во филмот

[уреди | уреди извор]
  1. Редови на теракотни воини во гробницата на Ќин Ше Хуанг
  2. 2,0 2,1 2,2 Oxford English Dictionary (2nd edition) Oxford: 1994
  3. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име COD.
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Webster.
  5. 5,0 5,1 5,2 p.67, Dupuy
  6. The Art of War. Mypivots.com. 2011-06-11. Посетено на 2011-08-01.
  7. MacHenry, Robert (1993). The New Encyclopaedia Britannica. Encyclopaedia Britannica, Incorporated. стр. 305.
  8. On War by General Carl von Clausewitz“. gutenberg.org. Посетено на 2007-05-31.
  9. Ray Mabus greening the military
  10. „Hegemonic masculinity“. encylco.co.uk. Посетено на 2011-01-25.
  11. Knouff, Gregory (2007). White Men in arms: Concepts of Citizenship and Masculinity in Revolutionary America," in Representing Masculinity: Male Citizenship in Modern Western Culture. New York: Palgrave McMillan. стр. 25.
  12. „Army Values“ (PDF). Посетено на 2011-03-04.
  13. 13,0 13,1 Spade, joan a (2011). The Kaleidoscope of Gender: Prisms, patterns, and possibilities. Los Angeles: Sage Publications. стр. 297. ISBN 9781412979061. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „The Kaleidoscope of Gender“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  14. Green, Gill (2010). „'Exploring the Ambiguities of Masculinity in Accounts of Emotional Distress in the Military Among Young Ex-servicemen'“. Social Science & Medicine. 71: 1480–1488.
  15. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-03-23. Посетено на 2012-01-09.
  16. Casey, Melanie (2011). „Women in Combat“. The Ranger. 60 (5): 1+.
  17. Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 131-132.
  18. Антологија на македонската чалгија / Antology of Macedonian Chalgia, Македон мјузик, МАКМ 00106, 2006.
  19. Документ - Никола Бадев (некомерцијално издание). ТЕА Модерна, Planet Press.
  20. Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 130-131.
  21. Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 19-22.
  22. Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 25-28.
  23. Мађарске бајке. Београд: Народња књига, 1974, стр. 115-117.
  24. Пољске бајке. Београд: Народна књига, 1974, стр. 117-125.
  25. Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 416-417.
  26. Волшебниот прстен - Естонски народни приказни. Наша книга, Скопје, 1969, стр. 14-19.
  27. Иво Андрић, Ex Ponto - Немири - Лирика. Београд: Просвета, 1977, стр. 170-171.
  28. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 107-108.
  29. Horhe Luis Borhes, Šifra. Beograd: Paidea, 2012, стр. 52-54.
  30. Alphonse Daudet, Pisma iz mog mlina. Zagreb: Znanje, 1986, стр. 170-173.
  31. Славко Јаневски, Глуви команди. Мисла, Скопје, 1966, стр. 8.
  32. Славко Јаневски, Глуви команди. Мисла, Скопје, 1966, стр. 54.
  33. Славко Јаневски, Глуви команди. Мисла, Скопје, 1966, стр. 53.
  34. Славко Јаневски, Глуви команди. Мисла, Скопје, 1966, стр. 19-20.
  35. Славко Јаневски, Глуви команди. Мисла, Скопје, 1966, стр. 14.
  36. Славко Јаневски, Глуви команди. Мисла, Скопје, 1966, стр. 10-11.
  37. Јован Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966, стр. 57-59.
  38. Desanka Maksimović, Izabrane pesme (peto dopunjeno izdanje). Beograd: BIGZ, 1985, стр. 212.
  39. Desanka Maksimović, Izabrane pesme (peto dopunjeno izdanje). Beograd: BIGZ, 1985, стр. 171.
  40. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 112-114.
  41. Живко Николовски, Низа ситно нанижана. Скопје: Детска радост, 1985, стр. 46.
  42. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 132.
  43. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 89.
  44. Кочо Рацин, Бели мугри. Скопје: Кочо Рацин, 1963, стр. 11-13.
  45. Џани Родари, Приказни по телефон. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993.
  46. Djorđe Živanović, „Adolf Rudnjicki“, во: Adolf Rudnjicki, Zlatni prozori. Beograd: Rad, 1961, стр. 121.
  47. Tadeuš Ruževič, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 179-183.
  48. Шејмас Хини, Песме. Београд: Цицеро, Земун: Писмо, Нови Сад: Матица српска, 1993, стр. 76.
  49. Fridrih Šiler, Knjiga poezije. Beograd: Rad, 1964, стр. 58-59.
  50. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 187.
  51. Discogs, The Adicts ‎– Sound Of Music (пристапено на 9.12.2021)
  52. Kate Bush - Army Dreamers 1980 (пристапено на 9.5.2017)
  53. The Vibrators – V2 (пристапено на 16.9.2024)
  54. DISCOGS, Tom Waits ‎– Swordfishtrombones (пристапено на 25 септември 2021)
  55. Scott Walker – Scott 3 (пристапено на 10.1.2024)
  56. Gang Of Four, Entertainment!, EMI 724383214624, 1995.
  57. Gang Of Four – Songs Of The Free (пристапено на 19.4.2024)
  58. Discogs, The Doors ‎– Waiting For The Sun (пристапено на 20.5.2020)
  59. Discogs, The Exploited – Punks Not Dead (пристапено на 7.10.2022)
  60. DISCOGS, The Clash ‎– Sandinista! (пристапено на 10.6.2020)
  61. DISCOGS, Elvis Costello & The Attractions ‎– Armed Forces (пристапено на 29.4.2020)
  62. DISCOGS, John Lennon ‎– Imagine (пристапено на 18.4.2020)
  63. Discogs, Massive Attack ‎– Blue Lines (пристапено на 11.1.2021)
  64. – Dolgcajt (пристапено на 8.7.2023)
  65. Discogs, The Pogues ‎– Rum Sodomy & The Lash (пристапено на 17.3.2021)
  66. YouTube, In The Army Now (пристапено на 6.9.2020)
  67. Discogs, Stiff Little Fingers – Nobody's Heroes (пристапено на 18.4.2024)
  68. Discogs, Hüsker Dü ‎– Warehouse: Songs And Stories (пристапено на 23.6.2020)
  69. DISCOGS, The Jam ‎– Setting Sons (пристапено на 3.6.2020)
  70. IMDb, We Were Soldiers (2002) (пристапено на 2.10.2017)