Бафало (Њујорк)
Бафало е американски град во западен Њујорк. Тој е вториот по големина град во оваа сојузна држава, по Њујорк, и е седиште на областа Ири. Метрополската област Бафало-Нијагара има околу 1,1 милиони жители. Без разлика на неговата сива, индустриска слика, Бафало е дом на различно население, уметност, култура, ноќен живот и слично.
Бафало има неколку прекари. Најчесто користениот е The Queen City, кој се однесува на неговата позиција на преминот од дваесеттиот век, како втор по големина град во областа на Големите езера, по Чикаго, Илиноис. Бафало е исто така познат и како The Nickel City, како резултат на појавата на бизон на позадината на американските монети во раниот дваесетти век. The City of Good Neighbours се однесува на духот на неговото население.
|