Прејди на содржината

Билјана Беличанец-Алексиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Билјана Беличанец)
Билјана Беличанец-Алексиќ
Родена Билјана Беличанец
25 јули 1973
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Починала 6 април 2019(2019-04-06) (возр. 45)[1]
Скопје
самоубиство
Националност Македонка
Народност Македонка
Позната по улогата во:
Од денес за утре
Мајки
Занимање глумица
градоначалник на Општина Кисела Вода
Татко Симон Беличанец

Билјана Беличанец-Алексиќ (25 јули 1973 во Скопје6 април 2019 во Скопје)[1] — македонска театарска, телевизиска и филмска глумица.[2] Во периодот од 2013 до 2017 година ја извршувала функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода.[3]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Беличанец е родена на 25 јули 1973 во Скопје. Ќерка е на познатиот водител на манифестации, Симон Беличанец. Во 1994 година дипломирала како најмлад глумец на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и истата година се вработила во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно играла главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија. Во 1997 година се вработила во Драмски театар - Скопје. Има остварено бројни главни и споредни улоги во повеќе театарски проекти во Драмски театар и други установи и проекти.[4] Во 2012 година го добила признанието „Мајка Тереза“.

На 6 април 2019 година била пронадена мртва во стан во Скопје. Според полицијата, се работело за самоубиство.

Филмографија

[уреди | уреди извор]
Година Филм Улога
1992 Македонски народни приказни ТВ-серија
1994 Сон предизвикан од летот на калинка, пред да се разбуди ТВ-филм
1995 Во светот на бајките ТВ-серија
1997-2000 Македонски народни приказни ТВ-серија
1998 Денес, утре ТВ-филм Жената
2000 Мајка Тереза ТВ-филм
2000 Погрешно време ТВ-серија Верче
2007 Сенки ТВ-филм
2010 Мајки ТВ-филм Продавачка
2010-2011 Од денес за утре ТВ-серија Цветанка
  1. 1,0 1,1 Глумицата Билјана Беличанец пронајдена мртва, потврдија од МВР
  2. Културно-просветната заедница на Македонија. Културен живот. 4.
  3. „Беличанец: Кисела Вода не памети вакви резултати, граѓаните избраа дела“. Курир. 26 март 2013. Архивирано од изворникот на 2013-03-29. Посетено на 21 мај 2013.
  4. „Билјана Беличанец-Алексиќ“. Драмски Театар Скопје. Посетено на 21 мај 2013.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]