Брезица
Брезица | |
Координати 41°52′17″N 21°43′32″E / 41.87139° СГШ; 21.72556° ИГД | |
Регион | Скопски |
Општина | Петровец |
Население | 9 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1043 |
Шифра на КО | 25015 |
Надм. вис. | 698 м |
Брезица на општинската карта Атарот на Брезица во рамките на општината | |
Брезица на Ризницата |
Брезица — село во Општина Петровец, во областа Блатија, во околината на градот Скопје.
Според некои документи Брезица постоела уште пред IX век.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Брезица се наоѓа во западното подножје на Градиштанска Планина на надморска висина од 698 метри. Вкупната површина на селскиот атар изнесува 11,7 км2, од на обработливо земјиште припаѓаат 147 ха, на пасишта 329 ха и на шуми 661 ха.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Земјоделство, сточарство, живинарство, пчеларство и др.
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Брезниче и било христијанско, каде имало 35 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 135 мажи христијани, со 7 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 284 жители.[3]
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 160 жители.[4]
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, селото Брезица имало 350 жители, сите Македонци.[5] Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година, во Брезица имало 400 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 450 Македонци.[7]
Селото е зафатено со значителна депопулација и деаграризација, бидејќи од него се иселило грото од населението. Така, во 1961 година селото броело 189 жители, а во 1994 година бројот се намалил само на 9 жители, македонско население.
Според пописот од 2002 година, во селото Брезица живееле 13 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, селото Брезица има население од 9 жители, сите Македонци и претставува едно од најмалите села во општината и Скопскиот Регион.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 350 | 400 | 372 | 357 | 189 | 87 | 29 | 25 | 9 | 13 | 9 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
[уреди | уреди извор]Брезица e македонско село.
Според истражувањата од 1951 година, родови во Брезица се:
- Староседелци и доселеници со непознато потекло: Ѓоревци (2 к.), Стевовци (1 к.), Филиповци (4 к.), Мусовци (1 к.), Дудиновци (3 к.), Малиновци (2 к.), Гусларовци (1 к.), Тошевци (1 к.), Јовановци (2 к.), Стамболџијовци (1 к.), Уњеровци (2 к.), Бокчевци (1 к.), Гроздановци (1 к.), Вренковци (1 к.), Мајсторовци (3 к.), Бунгуровци (1 к.), Милошевци (1 к.), Кендеровци (1 к.), Зрзо (1 к.), Трајановци (3 к.), Масларовци (3 к.), Спасевци (2 к.), Мичевци (1 к.) и Митревци (1 к.)[13]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Месна заедница на с. Брезица
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото влегува во рамките на Општина Петровец, која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната Општина Петровец.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Петровец.
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Манастир св.Петка - св.Недела и црква св.Троица. Во селото постои водоводен систем изграден пред 2000 г. Постојат и три јавни селски чешми, четири улици, извиднички дом.
Редовни настани
[уреди | уреди извор]Секоја година на 7 и 8 август во Брезица се собираат некогашните жители по повод Света Петка - Света Недела. На крајот од селото има два манастира едниот Света Петка другиот Света Недела. Има музика и мини панаѓур. Тоа се деновите кога Брезица повторно живнува како некогаш.
Исто така во селото се слави и 2 август по старата изрека "Свети Илија" - славниот Илинден од 1903 година. Во селото се слави и 31.01 секоја година, славата е зимски Свети Атанас кој се слави и пошироко во околните населени места.
Личности
[уреди | уреди извор]Панче Трајковски, Благоја Смилевски, Симо Божиновски, членови на селско — црковниот одбор како и многубројни луѓе во минатото.
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Извиднички дом "Јадран".
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Постои село - град на жалост.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Населени места“. Општина Петровец. 3 февруари 2009. Посетено на 2010-07-22.[мртва врска]
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
- ↑ Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.207
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.114-115.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Архивирано од изворникот на 2012-03-24. Посетено на 6 јануари 2022.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља скопске котлине. Скопје.