Прејди на содржината

Бјеловарска катедрала

Од Википедија — слободната енциклопедија
Катедрала „Св. Тереза Авилска“ во Бјеловар
Katedrala sv. Terezije Avilske u Bjelovaru
Беловарска катедрала
Основни податоци
МестоБјеловар, Хрватска
ПрипадностКатолицизам
ОбредРимски
ЕпархијаБјеловарско-крижевачка бискупија
Духовно-организациски статусКатедрала
Архитектонски опис
Архитектонски типЦрква
Архитектонски стилБарокна
Основан1765
Завршен1770

Катедрала „Св. Тереза Авилска“ во Бјеловарбарокна црква на Бјеловарско-крижевачката бискупија.[1] Се наоѓа во средиштето на Бјеловар на плоштадот Еуген Кватерник. Таа станала катедрала во 2009 година, дотогаш била парохиска црква.

Спомен плоча на жртвата од гранатирањето на катедралата за време на битката за касарната Бјеловар.

Историја

[уреди | уреди извор]

На покана на воената управа во Бјеловар во 1761 година дошле браќата Хуберт и Игнације Дивиш, Чеси по националност, членови на пиаристичкиот црковен ред, кои одгледувале деца и млади. Нашле мала капела во Бјеловар, па решиле да изградат црква.[2]

Темелот бил поставен на 10 април 1765 година, а камен-темелникот на 2 мај истата година. Црквата била изградена во 1770 година и благословена на15 октомври 1772 година на празникот Св. Тереза Авилска.[3] Во 1774 на кулата бил поставен часовник. Загрепскиот бискуп Јосип Гаљуф ја осветил црквата на 15 октомври 1775 година.[4] Црквата собирала околу илјада луѓе.[5] Под црквата има подземни ходници за погребување, но многу малку луѓе биле закопани во нив. Камбанаријата на катедралата е висока 52 метри.[6]

Црквата е посветена на Св. Тереза Авилска, шпанска светица и црковна учителка. Таа била светица-заштитничка на австриската царица Марија Терезија, која го основала Бјеловар во 1756 година.

Земјотресот од 1880 година ја оштетил црквата и ректоратот. Црквата била обновена од архитектот Херман Боле во 1888 година, а во 1896 година црквата е темелно внатрешно обновена.[7]

Црквата Св. Тереза Авилска била парохиска црква за целиот град Бјеловар и околината до 1980 година кога биле основани новите парохии Св. Антониј Падовански и Св. Ана.

Една граната ја погодила црквата и убила три жени на 29 септември 1991 година, за време на вооружениот судир во Бјеловар меѓу хрватската армија и ЈНА. На предната страна на парохискиот уред била поставена спомен-плоча на починатите жени.[8]

На 5 декември 2009 година папата Бенедикт XVI ја основал Бјеловарско-крижевачката бискупија со првиот бискуп Вјекослав Хузјак, па црквата станала катедрала Св. Тереза Авилска.

По три години обнова и надградба, во август 2023 година во катедралата биле донесени оргули обновени во Австрија.[9]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „katedrala Sv. Terezije Avilske“. Bjelovarsko-križevačka biskupija (хрватски). Посетено на 2023-08-11.
  2. „Katedrala sv. Terezije Avilske u Bjelovaru“. Turistička zajednica Bjelovarsko-bilogorske županije. Посетено на 2023-08-11.
  3. „katedrala Sv. Terezije Avilske“. Bjelovarsko-križevačka biskupija (хрватски). Посетено на 2023-08-11.
  4. Vinko Gregur: Posveta crkve sv. Ane, Prosvjeta Bjelovar 1993.
  5. „Župa svete Terezije Avilske Bjelovar » Katedrala“ (хрватски). Посетено на 2023-08-11.
  6. Tikvica, Mihaela (2019-03-10). „Upoznajmo hrvatske katedrale (8): znate li zašto je bjelovarska katedrala posvećena upravo sv. Tereziji Avilskoj?“. narod.hr (хрватски). Посетено на 2023-08-11.
  7. „Župa svete Terezije Avilske Bjelovar » Katedrala“ (хрватски). Посетено на 2023-08-11.
  8. Tikvica, Mihaela (2019-03-10). „Upoznajmo hrvatske katedrale (8): znate li zašto je bjelovarska katedrala posvećena upravo sv. Tereziji Avilskoj?“. narod.hr (хрватски). Посетено на 2023-08-11.
  9. Maletić, Inka: U bjelovarsku katedralu stigle nove orgulje, a restauracija starih dijelova trajala je 9000 sati klikni.hr. Objavljeno 21. kolovoza 2023.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]