Васа Чубриловиќ
Васо Чубриловиќ | |
---|---|
Роден(а) | 14 јануари 1897 Градишка Австроунгарија, денес Босна и Херцеговина |
Починал(а) | јуни 11, 1990 Белград СФРЈ, денес Србија | (возр. 93)
Полиња | историја |
Васо или Васа Чубриловиќ[1] (српски: Васо или Васа Чубриловић; Градишка, 14 јануари 1897 година — Белград, 11 јуни 1990)[2] — српски академик, професор на Белградски универзитет[3], министер и историчар. Како гимназијалец бил учесник во Сараевскиот атентат.
Животопис
[уреди | уреди извор]Детство
[уреди | уреди извор]Роден бил на 14 јануари 1897 година во Градишка,[4] од мајка Савка, родена Лазаревиќ и татко Јове. Мајка му била Краишкиња,[5] едниот брат и бил директор на банка, а другиот поп. Била писмена, што претставувало права реткост помеѓу нејзините врснички. [6] Татк ому бил со порекло до Крупа на Врбасу, одкаде потекнуваат многу Чубриловиќи. Таткото се занимавал со трговија, учествувал во Востанието 1875–1878 и бил доброволец во Српско-турска војна 1876.[5]
Бил најмлад од десетте деца, кои се раѓале по следниот редослед: Јованка, Чедо, Здравко, Стака, Вељко, Лепа, Вида, Милорад, Бранко и Васо. Троицата првородени рано умреле.[7]
Како таткото после раѓањето на Васа умрел, а после десет годими им умрела и мајката, грижата за децата водел вујкото на таткоим Васо Видовиќ,[8] кој важел за важен трговец во Градишца. Грижата за младите деца ја преземале постариот брат Вељко и сестрата Станка и Вида. [5]
Сараевски атентат
[уреди | уреди извор]Додека учел VI-то одделение во гимназија, станал член на национално-револуционерната организација Млада Босна.[9]
После демонстративното напуштања на светосавската приредба на 27 јануари 1914, на која била свирена химната на царот Фрања Јосиф, избркан е од гимназијата во Тузла и преминал кај сестрата Стајка во Сараево, каде ја продолжил гимназијата.[9] Во Сараево се поврзал со Данило Илиќ и со другите членови на организацијата Млада Босна, кои се подготвуваледа извршат атентат на надвојводата Франц Фердинанд.
Бил учесник во Сараевскиот атентат на 28 јуни 1914 година во Сараево,[1] како член на втората илиќева тројка (Чубриловиќ, Поповиќ и Мехмедбашиќ). На денот на атентатот го чекал Франц Фердинанд со бомба и со револвер кај Вишото женско училиште во Сараево. Фатен бил во Босанска Дубица и вратен во Сараево.[10] На судењето одржано во октомври, на кое имало 25 обвинети за злосторство велепредавство, по службена должост за бранител му е доделен адвокатскиот приправник Рудолф Цистлер. Бранителот при прифаќањето на работа се обврзал дека совесно ќе пристапи кон својата должост.[11] Се обидел да го оспори обвинувањето, докажувајќи дека велепредавство не е казниво дело и објазложувајќи го тоа со фактот дека анексијата на Босна и Херцеговина била незаконска состојба, со оглед дека не е ратификувана во австрискиот и угарскиот парламент,[12] поради што по судењето е обвинет за согласување со велепредавство.[13] Васо поради малолетност, судот го поштедил од смртна казна, но го осудил на 16 години најстрог затвор[1], која ја издржувал во Мелерсдорф во Австрија и во Заница.[10] Во затвор проминл 4,5 години, од кои повеќе од три години во самица . Еден е од петте преживеани во затвор, од вкупно тринаесетте осудени на затвор.[14] За велепредавство се осудени и негови те браќа[4] Вељко на истото судењето на смрт со бесење, а Бранко во Бањалучкиот процес на 14 години тежок затвор. На 6 недели затвор без признавање на олеснувања за политички виновници, Врховниот суд ја осудил и сестрата Стака, бидејќи во писмото на братот Бранко, известувајќи го за вељковата смрт, навела дека брат им „бил јунак и дека мирно починал”, славејќи го со тоа покојниковото дело.[15]
Меѓувоен период
[уреди | уреди извор]По Првата светска војна и распадот на Австроунгарската монархија, во ноември 1918 година ослободен е, а потоа во февруари 1919 година завршил гимназија во Сараево. Потоа најпрво се запишал на Филозофскиот факултет во Загреб, а потоа преминал на Филозофскиот факултет на Универзитет во Белград. [16] Дипломирал во 1922 година[1] и истата година во Сараево се оженил со Радунка Анѓелковиќ (1895). Тие двајца во 1926 година го добииле синот Милош (1926—1987) и ќерката Богдана, омажена Мастиловиќ. Вториот брак го склучил со Даница Трипковиќ со која немал деца.[4][17][9]
Како професор во гимназија работел во Сремска Митровица, во Сараево и Белград. Го положил професорскиот испит во 1927 година.[16] Докторирал историја во 1929 година на Белградскиот универзитет,[1] на тема Босанското востание од 1875—1878. [16] Истaта година (1929), како асистент на Семинарот за општа историја на новиот век, го примил Владимир Ќоровиќ, а во 1934 година станал доцент, по предметот „Општа историја на новиот век“, за да во 1939 година биде примен за вонреден професор.[16] Преку Ректоратот на Белградскиот универзитет барал да се врати од Воената архива во Виена на Југославија, бројната архивска граѓа, која се однесува на поблиската и подалеката историја и во врска со тоа изготвил ралични извештаји за Српската кралска академија, како и за Информационото биро за историски науки за Источна Европа во Варшава.[18] Од 1921 до 1939 година бил член на Земјоделската партија. Првиот говор во корист на таа партија го одржал во Бијелина во 1921 година.[9]
Дела
[уреди | уреди извор]Според сопствено кажување, се формирал како историчар, најмногу под влијание на тројца научници:
- Владимир Ќоровиќ, со кој како соработник ја сфатил комплексноста на историските истражувања.
- Васиљ Поповиќ, кој го вовел во методологијата на модерната европска историографија
- Јован Цвијиќ, од кого го наследил антропогеографскиот пристап, држејќи сè до ставот дека историјата на човечкото општество се развива под влијание на географската средина.
Првиот труд, краток оглед за Васа Пелагиќ го објавил во 1924 година.
Автор е на повеќе научни трудови од домашната историографија. Библиографијата ја сочинуваат 167 историографски трудови - монографии, студии, расправи, статии, прилози, осврти и прикази. Останал доследен интегрален Југословен по определување и марксист по нужда. Историографија уште не го вреднува неговото дело, постојат само поединечни прикази и оцени, но тие се повеќе од пригодна природа и далеку се од непристрасна, сеопфатна и темелна анализа.
Неговите научни дела можат да се поделат во четири меѓусебно испреплетени тематски круга:
1. Историја на српскиот народ под турска власт. Зборува за патријалхалното општество, долготрајна турска окупација, улога на СПЦ, ајдуци, ускоци, етнички миграции во југословенските земји во период од 15 до 19 век. Од оваа област најпознати трудови се:
- „Босански Фрајкори во Австриско-турската војна 1788—1791” („Босански Фрајкори у Аустро-турском рату 1788—1791”), „Братство”, 1933;
- „Политички причини зи преселбите на Балканот” ( „Политички узроци сеоба на Балкану”), Гласник на географското друштво XVI, Белград 1930, Ја проширил методологијата на проблемите на балканските миграции посматрајќи ги со комплексна метода на историско-политички, социјални и културно-етнички чинители.
- „Потеклото на муслиманското племство во Босна и Херцеговина” („Порекло муслиманског племства у Босни и Херцеговини”), Југословенско историско списание бр. 1-4, Белград 1935;
- „Околу проучавањето на средновековниот феудализам: По повод делото на Георгиј Острогорски, Пронија” („Око проучавања средњовенковног феудализма: Поводом дела Георгија Острогорског, Пронија”), Прилог кон историјат на феудализмот во Византија и јужнословенските земји, Историско списание, 1952;
- „Терминологија на племенското општество во Црна Гора” („Терминологија племенског друштва у Црној Гори”), Белград 1959;
- „Српска православна црква под Турците од XV до XIX век” („Српска православна црква под Турцима од XV до XIX века”), Зборник на Филозофскиот факултет V, Белград, 1960;
- „Настанувањето на племето Куча” („Постанак племена Куча”),[19] Зборник на Филозофскиот факултет VII–1, 1963;[20]
- „Малоншиќи, племе во Црна Гора” („Малоншићи, племе у Црној Гори”)[21] Зборник на Филозофскиот факултет VIII–2, 1964.[20]
2. Историја на српската револуција:
- „Босанско Подриње и Првтоо српско востание” („Босанско Подриње и Први српски устанак”), Зборник во слава на Филип Вишњиќ и народни песни, Белград 1936;[22]
- „Историска основа на Вишњиќевата песна „Борба на Мишар” („Историјска основа Вишњићевој песми „Бој на Мишару”), Прилози кон проучувањето на народната историја V, 1938;[23]
- „Првто српско востание и босанските Срби” („Први српски устанак и босански Срби”), Белград, 1939;[1]
- „Првото српско востание” („Први српски устанак”), реферат на свачената академија по повод 150 години од Првото српско востание, одржана во Белград на 14 февруари 1954 година. Ги изложил основните одлики на востанието во збиена форма: динамиката на борбата, меѓународното значење, социјално и демократско прашање, револуционерно творештво. Ги допрел важните прашања кои сè уште не се доволно проучувани, ниту решени: причини за стагнацијата на феудалните држави на исток, слабеење на турската феудална држава во 18 век и нејзиниот стопанскии и општествен развој, растот на производството во Србија и јакнење на трговијата со Австрија, значењето на самоуправа на кнежевствата во српската историја;[24]
- „Во што е суштината и каква е историската и културна улога на Првото српско востание од 1804 година” ( „У чему је суштина и каква је историјска и културна улога Првог српског устанка 1804. године”), Југословенско историско списание, 1963година; [20]
- „Улога на народните маси и личности во српската револуција” („Улога народних маса и личности у српској револуцији”), Зборник на трудови од научниот собир од 3 до 5 јуни 1980 година, Белград 1983;
- „Хајдук Вељко - херој на народната песна” („Хајдук Вељко - херој народне песме”),[21] Зборник на трудови од научниот собир од во Неготин и Кладово по повод 170 години од смртта на Хајдук Вељко и 150 години од ослободувањето од Турците, Белград 1984година;[25]
3. Најобемни трудови од српската историја во 19 век:
- Босанско востание 1875—1878 (Босански устанак 1875—1878), Српска кралевска академија на науките 1930 LXXXIII.[1] Ги опишува условите, појавата, развојот и спласнување на востанието во Босанска Крајина. Настало е како резултат на повеќегодишни архивски истражувања во земјата и во Виена, со консултирање на огромна мемоарска граѓа, која ја собирал и меѓу своите блиски сродници; [21]
- „Србија 1858–1903”, со Владимир Ќоровиќ, монографија, Белград 1938;[23]
- „Историја на политичките мисли во Србија во 19 век” („Историја политичке мисли у Србији 19. века”)[1], Белград 1958 година. Ова е негово најзрело и најобемно дело. Работата на него ја започнал во периодот помеѓу двете светски војни, но белешките и ракописите му пропаднале во Управата на град Белград во Гестапо. По војната, по враќањето на катедрата за историја, се вратил на пишувањето, со желба да ја заокружи темата од историјата на Србите во 19 век.[26] Делото го објавил за потребите на студената историја на Филозофскиот факултет и пошироката публика. За него имало неколку пофални прикази и белешки, а едина одмерена и блага критика напишал Драгослав Јанковиќ, забележувајќи низа пропусти, погрешни сфаќања и тврдења, како што се оние за настанувањето и природата на државата, периодизација на Србија во 19 век, авторството на „Начертаније” од 1844 година, Никола Пашиќ и други;[27]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Чубриловић 1983.
- ↑ „Биографија на мрежното место на САНУ“. Архивирано од изворникот на 2012-01-10. Посетено на 2018-06-06.
- ↑ Чубриловиќ 1983.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Лопушина & 16 ноември 2013.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Балканика 2000, стр. 139.
- ↑ Бабиќ & 18 август 2012.
- ↑ 7,0 7,1 Бабић & 18 август 2012.
- ↑ Светлишиќ & Крајшиќ 1997.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 9,3 Балканика 2000, стр. 141.
- ↑ 10,0 10,1 Стојнић 2014, стр. 43.
- ↑ Кољевић 2014, стр. 17.
- ↑ Кољевић 2014, стр. 18.
- ↑ Кољевић 2014, стр. 19.
- ↑ Балканика 2000, стр. 140.
- ↑ Ћоровић 2002.
- ↑ 16,0 16,1 16,2 16,3 Светлишић & Крајшић 1997.
- ↑ Ћирковић 2009.
- ↑ Балканика 2000, стр. 148.
- ↑ Балканика 2000, стр. 1.
- ↑ 20,0 20,1 20,2 Балканика 2000, стр. 157.
- ↑ 21,0 21,1 21,2 Балканика 2000, стр. 146.
- ↑ Балканика 2000, стр. 153.
- ↑ 23,0 23,1 Балканика 2000, стр. 154.
- ↑ Матковић 1956, стр. 215.
- ↑ Балканика 2000, стр. 162.
- ↑ Балканика 2000, стр. 147.
- ↑ Љушић 2011, стр. 402.
Литература
[уреди | уреди извор]- Чубриловић, Васа (1983). Одабрани историјски радови. Београд: Народна књига.
- Petranović, Branko (1992). Srbija u Drugom svetskom ratu 1939—1945. Beograd: Vojnoizdavački i novinski centar.
- Tomasevich, Jozo (1975). War and Revolution in Yugoslavia, 1941–1945: The Chetniks. Stanford: Stanford University Press. ISBN 978-0-8047-0857-9.
- „Васа Чубриловић (1897–1990) основач и први директор Балканолошког института САНУ“ (PDF). Балканика. Београд: Балканолошки институт. XXX - XXXI. 2000. ISSN 2406-0801. Посетено на 29 август 2017.
- Кољевић, Срђан (2014). Кустурица, Емир (уред.). „Адвокат Рудолф Цистлер утврдио озбиљне мањкавости и упитност начела легитимитета судске пресуде младобосанаца“ (PDF). Историјске свеске. Андрићград - Вишеград: Андрићев институт. 2. ISSN 2303-5293. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-22. Посетено на 31 август 2017.
- Стојнић, Бојан (2014). Поповић, Душан (уред.). Млада Босна и сарајевски атентат - каталог изложбе. Бања Лука: Архив Републике Српске и Удружење архивских радника Републике Српске.
- Стојанчевић, Владимир (1968). Хасанагић, Едиб (уред.). „Кнез Милош Обреновић и проблеми балканских миграција у Србију после Другог устанка“ (PDF). Зборник. Београд: Историјски музеј Србије. ISSN 0354-3153. Посетено на 1 септември 2017.
- Бабић, Јован (18 август 2012). „Звијезде Змијања: Др Стака Чубриловић-Бокоњић“. Бања Лука: Завичајно друштво ”Змијање”. Архивирано од изворникот на 2017-09-02. Посетено на 2 септември 2017.
- Ћоровић, Владимир (1920). Црна књига: Патње Срба Босне и Херцеговине за време Светског Рата 1914-1918 (1.. изд.). Београд-Сарајево.
- Лопушина, Марко (16 ноември 2013). „Аустрија прогонила породице атентатора“. Вечерње Новости онлајн. Београд: Компанија Новости. Посетено на 2 септември 2017.
- Светлишић, Ксенија; Крајшић, Љиљана (1997). Вуксановић, Миро (уред.). Васа Чубриловић (1987-1990) каталог изложбе. Нови Сад: Библиотека Матице српске. Посетено на 2 септември 2017.
- Ћирковић, Симо Ц. (2009). Ко је ко у Недићевој Србији : 1941-1944 : лексикон личности : слика једне забрањене епохе. Београд: Просвета. стр. 515–516. ISBN 978-86-7274-388-3. Посетено на 2 септември 2017.
- Алексић, Перо (1998). „Нечастиви на Београдском универзитету“. Српско наслеђе. Београд: НИП „Глас“. 3. Посетено на 2 септември 2017.
- Симић, Јованка (30 ноември 2013). „Василије Крестић: Војводина одувек била дика српства“. Вечерње Новости онлајн. Београд: Компанија Новости. Посетено на 2 септември 2017.
- Симић, Перо (22 април 2007). „Држава без плана“. Вечерње Новости онлајн. Београд: Компанија Новости. Архивирано од изворникот на 2020-06-29. Посетено на 2 септември 2017.
- Симић, Перо (23 април 2007). „Тапија - само реч“. Вечерње Новости онлајн. Београд: Компанија Новости. Архивирано од изворникот на 2020-06-29. Посетено на 2 септември 2017.
- Растодер, Шебо (2013). „Један мање познат рад Васе Чубриловића о рјешавању мањинског проблема у новој југославији од 3. новембра 1944“ (PDF). Годишњак. Сарајево: Бошњачка заједница културе "Препород". Посетено на 3 септември 2017.
- Владимир, Петровић (2007). Тркуља, Јовица (уред.). „Репресалије у српском и југословенском друштву - Досије - Васа Чубриловић - Мањински проблем у новој Југославији“ (PDF). Hereticus. Нови Бегорад: Центар за унапређивање правних студија. V/1. ISSN 1451-1582 Проверете ја вредноста
|issn=
(help). Посетено на 3 септември 2017. - Петрановић, Бранко (1992). Ђондовић, Радомир (уред.). Србија у Другом светском рату 1939-1945 (PDF). Београд: Војноиздавачки новински центар. Посетено на 7 септември 2017.
- Матицка, Маријан (1982). „Судјеловање Хрватске у федералној колонизацији [[1945]].1948 године“. Зборник. Загреб: Завод за повјесне и друштвене знаности Хрватске академије знаности и умјетности. 11. ISSN 1848-896X. Посетено на 7 септември 2017. URL–wikilink conflict (help)
- Матковић, Хрвоје (1957). Шидак, Јарослав (уред.). „Историјски гласник 1953 (1–2, 3–4), 1954 (1–2, 3, 4)“ (PDF). Хисторијски зборник. Загреб: Повијесно друштво Хрватске. 10. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 7 септември 2017.
- Љушић, Радош (2011). Васиљевић, Мирко (уред.). „Полемика Јанковић-Чубриловић“ (PDF). Анали. Београд: Правни факултет. 1: 400–412. ISSN 2406-2693. Посетено на 10 септември 2017.
- Драговић, Раде (23 септември 2016). „Државно-партијски врх смишља скандале“. Вечерње Новости онлајн. Београд: Компанија Новости. Архивирано од изворникот на 2020-06-29. Посетено на 10 септември 2017.
- Јовић, Момир (2007). Кавкаски Албанци лажни Илири - проширени текстови реферата изложених 21. јуна 2007. године на мултидисциплинарном округлом столу у САНУ: "Методолошки проблем истраживања порекла Албанаца" - чланак: О балканским старинцима (PDF). Београд: Пешић и синови. Посетено на 10 септември 2017.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Родени во 1897 година
- Починати во 1990 година
- Градишчанци
- Срби од 20 век
- Југословенски комунисти
- Српски историчари
- Членови на Млада Босна
- Академици на САНУ
- Југословенски политичари
- Бањички логораши
- Членови на Словенечката академија на науките и уметностите
- Членови на Босанската академија на науките и уметностите
- Странски членови на Академијата на науките на Советскиот Сојуз
- Срби во Босна и Херцеговина
- Погребани во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта (Белград)