Википедија:Избрана слика/2017/октомври
Изглед
- 2007
- 2008: XI • XII
- 2009: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2010: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2011: I • II
- 2016: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2017: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2018: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2019: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2020: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2021: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2022: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2023: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2024: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2025: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- Избрани слики се оние слики кои корисниците на Ризницата ги сметаат за најквалитетни согласно тамошните правила за избрани слики. Овие слики се прикажуваат на Главната страница на Википедија на македонски јазик.
- Доколку викизаедницата која ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница за одреден ден биде избрана друга слика, за неа поведува постапка согласно правилата за избор на слика, т.е. сликата мора да биде изгласана за содржина и квалитет, сликата мора да има регулирани авторски права.
- Предлагачот на избрана слика потребно е на страницата за разговор да предложи и предлог кој ќе оди на главната страница, и истиот да биде ставен на увид при гласањето. Текстот кој ќе го предложи во описот под сликата исто така оди на главната страница, и ја опишува сликата или нејзините особености.
- Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас за, воздржан или против, како и свое мислење преку коментар, користејќи ги за сето ова соодветните предлошки: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} и {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници ќе бидат земени в предвид при пребројувањето на резултатите. Гласањето завршува 6 часа пред почетокот на денот на објавувањето на сликата на главната страница.
- Избрана слика е сликата која на Ризницата била избрана за слика на денот, освен ако викизаедницата ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница треба да биде избрана друга слика. Во тој случај за избрана слика се смета:
- сликата која добила најмногу гласови {{за}};
- доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, сликата која има добиено помалку гласови {{против}};
- доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}} и {{против}}, сликата која има добиено помалку гласови {{воздржан}};
- доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, {{против}} и {{воздржан}}, или доколку никој не гласал, сликата која е избрана на Ризницата.
- Избраната слика се поставува на главната страница.
Архив на избрани слики прикажани на Главната страница во текот на месец октомври 2017 година.
1 октомври 2017 | 2 октомври 2017 |
Скелет на свиња во Музејот на ветеринарна анатомија при Универзитетот во Саун Пауло, Бразил. |
Поглед на Староградскиот плоштад во Прага. |
3 октомври 2017 | 4 октомври 2017 |
Сина костеновка (Junonia orithya) — вид од семејството на шарените пеперутки (Nymphalidae) застапен во Африка, Азија и Австралија. |
Црквата „Св. Никола“ во Портомарин, Галисија, Шпанија. Изградена е во XII век во романски стил и преместена камен по камен во 1960 г. поради изградбата на брана. |
5 октомври 2017 | 6 октомври 2017 |
Доцноготскиот олтар на црквата „Св. Михаил“ во Гринбах, Горна Австрија. |
Расејување на светлината како мали виножита во плитка вода, каде бранчињата во поволни услови имаат улога на призми. Фјорд Брофјорден, Бохуслен, југозападна Шведска. |
7 октомври 2017 | 8 октомври 2017 |
Калифорниски морски лав (Zalophus californianus) и западен галеб (Larus occidentalis) кај Сан Диего, Калифорнија, САД. |
Дворецот Ниномару во крепоста на замокот Ниџо, во Кјото, Јапонија. Замокот е заштитен како светско наследство на УНЕСКО. |
9 октомври 2017 | 10 октомври 2017 |
Поштенски сандачиња во месноста Окотило Велс, Калифорнија, САД. |
Панорама на селото Абјане од калето. Сместено е во округот Натанз на покраината Исфахан, Иран. |
11 октомври 2017 | 12 октомври 2017 |
Портокалов дневен лилјан (Hemerocallis fulva), веројатно градинарска сорта, во Украина. |
Прибор клучеви „Гедор бр. 7“ во големини од 6 до 19 мм. |
13 октомври 2017 | 14 октомври 2017 |
Градинскиот павилјон на Мелчкиот манастир, Долна Австрија. |
Буквени водилки за техничко цртање. |
15 октомври 2017 | 16 октомври 2017 |
Татевскиот манастир (IX в.) во покраината Сјуник, југоисточна Ерменија. |
Главниот свод на Шаховата џамија во Исфахан, Иран, заштитена како светско наследство на УНЕСКО. |
17 октомври 2017 | 18 октомври 2017 |
Неколку африкански мршојадци (Gyps africanus) во Националниот парк Чобе, Боцвана. |
Носест мајмун (Nasalis larvatus) во скок, на три слики споени во една. |
19 октомври 2017 | 20 октомври 2017 |
Пристаништен ланец на езерскиот брег во Халтерн ам Зе, Северна Рајна-Вестфалија, Германија. |
„Опис“ (Umschreibung, 2004) — уметничка инсталација на Олафур Елијасон во седиштето на КПМГ, Минхен. |
21 октомври 2017 | 22 октомври 2017 |
Ф-16 Фајтинг фалкон како прима гориво од дотурниот авион Боинг КЦ-135 Стратотанкер. |
Камбанарија на црквата „Св. Јован Претеча под Борот“ во Москва. |
23 октомври 2017 | 24 октомври 2017 |
Борбен хеликоптер Сикорски УХ-60Л Арпија III („Црн јастреб“) на Воздхупловните сили на Колумбија како исфрла топлински мамци. |
Одајата под ветрофатот на Голестанскиот дворец во Техеран, Иран. Денес објектот служи како фотографски музеј. |
25 октомври 2017 | 26 октомври 2017 |
Спортскиот теренец Тојота ФЏ Крузер. |
Пеперутка Mycalesis junonia од потсемејството на окатките (Satyrinae) во јужна Индија. |
27 октомври 2017 | 28 октомври 2017 |
Висока печка во пределниот парк северно од Дисбург, Северна Рајна-Вестфалија, Германија. |
Бродот „Норднорге“ во протокот Рафтсундет кај Хадсел, Нурлан, Норвешка. |
29 октомври 2017 | 30 октомври 2017 |
Дваесетгодишна мачка. |
Брадавичести свињи (Phacochoerus africanus) пред борба. Резерват Цвалу Калахари, Северен Кејп, ЈАР. |
31 октомври 2017 | |
Таваница над гробот на поетот Хафиз (1315-1390) во Шираз, Иран. |
Намена
[уреди извор]- Избрана слика на главната страница за месец октомври 2017 година.
- thumb=yes — прикажува слика во рамка (минијатура)
- title=yes — приказ на насловот (само ако се користи thumb=yes)
- caption=no — не прикажувај опис
- float=left/right — за поставање на сликата лево или десно (по основно = left)
- day — датум за кој се бара сликата на денот