Виктор Скрипник
Виктор Скрипник | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 19 ноември 1969 | ||
Роден во | Новомосковск, Украина | ||
Држава | Украина | ||
Висина | м | 1,82||
Играчки податоци | |||
Позиција | одбрана | ||
Повлекување | 2004 - како играч | ||
Младинска кариера | |||
Днипро | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1986-1989 | Днипро | 0 | (0) |
1989-1994 | Металург Запорожје | 124 | (7) |
1994-1996 | Днипро | 64 | (17) |
1996-2004 | Вердер Бремен | 138 | (7) |
Репрезентација ‡ | |||
1994-2003 | Украина | 24 | (2) |
Раководител на екипите | |||
2004–2013 | Вердер Бремен младинци | ||
2013–2014 | Вердер Бремен II | ||
2014–2016 | Вердер Бремен | ||
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Виктор Анатолијович Скрипник (украински: Віктор Анатолійович Скрипник; роден на 19 ноември 1969) — украински фудбалски тренер и поранешен играч од одбраната.
Играчка кариера
[уреди | уреди извор]Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Како играч, во својата кариера Скрипник играл за три клубови и тоа Днипро (во два наврати 1986-1989 и 1994-1996), Металург Запорожје во својата родна Украина и германскиот Вердер Бремен. Својте најголеми успеси во кариерата ги доживеал во дресот на Вердер Бремен со кој ги освоил Бундеслигата во сезоната 2003-2004 и Купот на Германија во сезоните 1998-1999 и 2003-2004. Веднаш по завршувањето на сезоната 2003-2004 во која со Вердер ја освоил двојната круна, Скрипник објавил крај на својата кариера.
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Скрипник дебитирал за украинската репрезентација во 1994 година во натпревар против Литванија. Тој одиграл 24 натпревари за својата репрезентација во периодот 1994–2003 и постигнал два гола.
Тренерска кариера
[уреди | уреди извор]Во јуни 2013, Скрипник бил назначен за тренер на Вердер Бремен II. По успешната работа во вториот тим, во октомври 2014 бил назаначен за тренер на првиот тим на Вердер, откако тренерот Робин Дут добил отказ неколку дена порано. На 18 септември 2016, Скрипник добил отказ на функцијата главен тренер на Вердер Бремен, заедно со својот помошник Торстен Фрингс.
Тренерска кариера
[уреди | уреди извор]- Обновено на 17 септември 2016
Екипа | Од | До | Успешност | |||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
ОН | П | Н | И | Победи % | Нав. | |||
Вердер Бремен II | 18 јуни 2013 | 25 октомври 2014 | 47 | 31 | 7 | 9 | 65,96 | |
Вердер Бремен | 25 октомври 2014 | 18 септември 2016 | 70 | 26 | 14 | 30 | 37,14 | |
Вкупно | 117 | 57 | 21 | 39 | 48,72 | — |
Титули
[уреди | уреди извор]Вердер Бремен
[уреди | уреди извор]- Бундеслига (1) : 2003-2004
- Куп на Германија (1) : 1998–1999, 2003–2004