Државен удар
Државен удар (француски: coup d'état; се користат и термините воен преврат или пуч) е насилно преземање на власта во една држава од страна на политичка фракција, бунтовничка група, војска или диктатор,[1] извршено преку кршење на уставните и правните норми кои се на сила во државата,[2] и апсење или ликвидација на дотогашните водачи.[3] Се смета дека пучот е успешен ако узурпаторите ја преземат и ја задржат власта најмалку седум дена.[1]
Зачестеност и историја
[уреди | уреди извор]Според податоците за државен удар од Клејтон Тајн и Џонатан Пауел во периодот од 1950 до 2010 година имало 457 обиди за државен удар, од кои 227 (49,7%) биле успешни, а 230 (50,3%) биле неуспешни.[4] Според овие податоци државните удари „најчести се во Африка и Америка (36,5% и 31,9%, соодветно). Во Азија и на Блискиот Исток процентот на државни удари бил 13,1% и 15,8% од вкупните воени удари во светски рамки, соодветно. Во Европа имало најмалку обиди за државен удар: 2,6%“[4] Повеќето од обидите за државен удар се случиле кон средината на 1960-тите, но имало и многу обиди за државен удар во средината на 1970-тите и раните 1990-ти.[4] Од 1950 до 2010 година, мнозинството преврати на Блискиот Исток и во Латинска Америка биле безуспешни. Шансите за успех биле нешто поголеми во Африка и Азија.[5] Бројот на успешни државни удари се намалува со текот на времето.[4]
Исходи
[уреди | уреди извор]Една студија од 2016 година наведува дека се можни четири исходи по државен удар во диктатура:[6]
- Неуспешен државен удар
- Државен удар без промена на режимот, на пример кога лидерот е незаконски сменет од власт без промена на идентитетот на групата на власт или правилата на владеење
- Замена на еден режим со друга диктатура
- Соборување на диктатурата проследено со демократизација (познати и како „демократски удари“) [7]
Во студијата се наведува дека околу половина од државните удари во диктатурите - за време на Студената војна и по неа - се воведуваат нови автократски режими.[6] Новите диктатури воведени по државен удар се порепресивни во годините што следат по државниот удар отколку што бил режимот пред пучот.[6] Во една третина од државните удари во диктатурите за време на Студената војна и 10% од ударите по неа немало промена на режимот.[6] Во 12% од државните удари во Студената војна и во 40% од оние по неа биле воведена демократија.[6]
Превратите во периодот по Студената војна поверојатно е да резултираат со воведување на демократски системи отколку превратите за време на Студената војна,[6][8][9] иако и по државните удари сè уште владее авторитаризмот.[5] Превратите за време на граѓанска војна го скратуваат времетраењето на војната.[10]
Предвесници
[уреди | уреди извор]Според академски извештај од 2003 година следниве фактори може да се предвесници на државни удари:
- лични жалби на офицерите
- жалби од воени организации
- воена популарност
- воена кохезивност на ставови
- економска рецесија
- домашна политичка криза
- прелевање од други воени удари во регионот
- надворешна закана
- учество во војна
- дослух со странска воена сила
- доктрина за национална безбедност на војската
- офицерска политичка култура
- неинклузивни институции
- колонијално наследство
- економски развој
- недиверзифициран извоз
- офицерски класен состав
- големина на војската
- силата на граѓанското општество
- легитимитетот на режимот и минати државни удари.
Во студијата од 2016 година се додаваат и етничкиот фракционизам, странски влади кои даваат поддршка, неискуство на лидерите, бавен економски раст, ценовни шокови на стоките и сиромаштија.[11]
Замка од државен удар
[уреди | уреди извор]Вкупниот број на државни удари е во една земја е силен предвесник за идни државни удари.[12][13][14] Овој феномен се нарекува замка од државен удар.[14][15] Студија од 2014 година во 18 земји од Латинска Америка покажала дека воспоставувањето политички натпревар им помага на земјите да се извлечат од „замката од државен удар“ и ги намалува циклусите на политичка нестабилност.[15]
Тип на режим и поларизација
[уреди | уреди извор]Хибридните режими се поподложни на државни удари од авторитарните или демократските држави.[16] Во студијата од 2021 година се наведува дека демократските режими имаат мала веројатност да доживеат пуч.[17] Студија од 2015 година открива дека тероризмот е поврзан со државни удари без промена на режимот.[18] Студија од 2016 година открива дека има етничка компонента во државните удари: „Кога лидерите се обидуваат да создадат етнички армии или да ги уништат оние создадени од нивните претходници, тие предизвикуваат насилен отпор од воените офицери“.[19] Друга студија од 2016 година покажува дека со протестите се зголемува ризикот од пуч.[20] Трета студија од 2016 година открива дека државните удари се поверојатни во пресрет на избори во автократија, откако резултатите ќе откријат изборна слабост на актуелниот автократ.[21] Четвртата студија од 2016 година открива дека нееднаквоста меѓу социјалните класи ја зголемува веројатноста за пуч.[22] Петтата студија од 2016 година не најде докази за регионално прелевање на државните удари; државен удар во еден регион не предизвикува други државни удари во тој регион.[23] Едно истражување покажа дека поверојатно е државните удари да се случат во држави со мало население, бидејќи се надминуваат проблемите во координацијата меѓу пучистите.[24]
Во автократиите, зачестеноста на државните удари е под влијание на постоечките правила за наследување.[25][26][27]
Во студија од 2014 година за 18 земји од Латинска Америка во 20-тиот век покажала дека законодавните овластувања на претседателството не влијаат на зачестеноста на државен удар.[15]
Територијални спорови, внатрешни конфликти и вооружени конфликти
[уреди | уреди извор]Студија од 2017 година покажа дека автократските лидери чии држави се вклучени во меѓународни територијални спорови имаат поголема веројатност да бидат соборени со државен удар.[28] Сепак, две студии од 2016 година покажале дека лидерите вклучени во милитаризирани конфронтации и конфликти е помалку веројатно да се соочат со државен удар.[29][30]
Студија од 2019 година покажала дека државите кои неодамна потпишале мировни договори по граѓанска војна е поверојатно да доживеат пуч, особено кога тие договори содржат одредби кои ги загрозуваат интересите на војската.[31]
Народна опозиција и регионални бунтови
[уреди | уреди извор]Истражувањата наведуваат дека протестите поттикнуваат државни удари, затоа што им помагаат на елитите во државниот апарат да ги координираат државните удари.[32]
Ефект на војската
[уреди | уреди извор]Студија од 2018 година покажала дека обидите за државен удар биле поневеројатни во државите каде што војската остварува значителни приходи од мировни мисии.[33] Студијата тврди дека војската била одвратена од организирање пуч затоа што се плашеле дека ОН повеќе нема да ја ангажира војската во мировни мисии.[33]
Друга студија од 2018 година покажала дека постоењето на воени академии е поврзано со државни удари. Авторите тврдат дека воените академии им олеснуваат на воените офицери да планираат пуч, бидејќи училиштата им помагаат на воените офицери да изградат мрежа.[34]
Економија, стапка на раст и развој
[уреди | уреди извор]Студијата од 2018 година покажала дека „шоковите на цената на нафтата поттикнуваат државни удари во земји кои располагаат со нафта, а ги спречуваат во земји кои немаат нафта“.[35]
Студија од 2020 година покажала дека изборите имаат двострано влијание врз обидите за државен удар, во зависност од економската состојба. За време на периоди на економска експанзија, изборите ја намалуваат веројатноста на обиди за државен удар, а изборите за време на економска криза ја зголемуваат.[36]
Студија од 2021 година покажала дека земји богати со нафта имаат зголемен ризик од обиди за државен удар, но тие удари веројатно нема да успеат.[37]
Студија од 2014 година за 18 земји од Латинска Америка утврдила дека зачестеноста на државните удари не зависи од нивото на економски развој, економската нееднаквост, ниту од стапката на економски раст.[15]
Заштита од државен удар
[уреди | уреди извор]Во т.н. „заштита од државен удар“, режимите создаваат структури кои ѝ отежнуваат на некоја мала група да ја преземе власта. Овие стратегии за заштита од државен удар опфаќаат стратешко поставување на семејните, етничките и религиозните групи во војската; создавање на паравоени сили паралелно со редовната војска и создавање на внатрешни безбедносни агенции со преклопна надлежност каде што постојано се надгледуваат една со друга.[38] ТИстражувањата покажуваат дека некои стратегии за заштита од државен удар го намалуваат ризикот од негова појава.[39][40] Сепак, методите на заштита од државен удар ја намалуваат воената делотворност.[41][42][43][44][45] Една од причините зошто авторитарните влади се стремат да имаат некадарни војски е затоа што тие се плашат дека нивната војска ќе изврши државен удар.[46]
Влијание
[уреди | уреди извор]Демократија
[уреди | уреди извор]Истражувањата укажуваат дека државните удари преку кои се цели кон демократизација во авторитарни режими со текот на времето шансите за воспоставување на демократски систем се намалуваат, но и дека позитивното влијание се зајакнува по завршувањето на Студената војна.[6][8][47][48][49]
Репресија и контра пучеви
[уреди | уреди извор]Според Наунихал Синг, автор на Преземање на моќта: Стратешка логика на воените удари (2014), „прилично е ретко“ владата насилно да ја исчисти армијата по спречување на државен удар. Ако се започне со масовно убивање на елементи од армијата, како и офицери кои не биле вмешани во пучот, тоа може да предизвика „контра-пуч“ од војници кои се плашат дека тие се следни. За да се спречи таков контра-пуч кој може да биде поуспешен од првиот обид, владите обично прибегнуваат кон отпуштање на истакнати офицери и ги заменуваат со лојалисти.[50]
Некои истражувања укажуваат дека обично и по успешните и по неуспешните обиди за државен удар следат зголемената репресија и насилството.[51]
Попознати контра пучеви се: Отоманскиот контра пуч од 1909 година, контра пучот во Лаотија во 1960 година, масовните убиства во Индонезија од 1965-66 година, нигерискиот контра-пуч од 1966 година, грчкиот контра државен удар од 1967 година, суданскиот контра пуч од 1971 година и државниот удар од дванаесетти декември во Јужна Кореја.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Празен навод (help). — «Clearly the coup is by definition illegal».
- ↑ Празен навод (help) „Архивированная копия“. Архивирано од изворникот на 2012-07-02. Посетено на 2011-07-13.CS1-одржување: неподобна URL (link)
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 „Coup d'état“. Oxford Dictionaries. Архивирано од изворникот на 6 November 2015. Посетено на 12 January 2019.
- ↑ 5,0 5,1 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 6,6 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Varol, Ozan O. (20 May 2021). The Democratic Coup d'État. Oxford University Press. ISBN 9780190626020 – преку Amazon.com.
- ↑ 8,0 8,1 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)(бара претплата)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)

- ↑ Przeworski, Adam; Alvarez, Michael E.; Cheibub, Jose Antonio; Limongi, Fernando (2000). Democracy and Development: Political Institutions and Well-Being in the World, 1950–1990. Cambridge Studies in the Theory of Democracy. Cambridge University Press. ISBN 9780521793797.
- ↑ 14,0 14,1 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)(бара претплата)
- ↑ 15,0 15,1 15,2 15,3 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)(бара претплата)

- ↑ 33,0 33,1 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ T., Quinlivan, James (1 January 2000). „Coup-Proofing“. Посетено на 20 January 2016. Наводот journal бара
|journal=
(help) - ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)(бара претплата)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)(бара претплата)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Zack Beauchamp (16 July 2016). „Why Turkey's coup failed, according to an expert“. Vox. Посетено на 16 July 2016.
- ↑ „Are coups good for democracy?“. Washington Post. Посетено на 17 July 2016.