Прејди на содржината

Годивле

Координати: 41°22′7″N 21°19′3″E / 41.36861° СГШ; 21.31750° ИГД / 41.36861; 21.31750
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Годивје (Прилепско))
Годивле

Поглед на селото

Годивле во рамките на Македонија
Годивле
Местоположба на Годивле во Македонија
Годивле на карта

Карта

Координати 41°22′7″N 21°19′3″E / 41.36861° СГШ; 21.31750° ИГД / 41.36861; 21.31750
Регион  Пелагониски
Општина  Кривогаштани
Област Прилепско Поле
Население 112 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7524
Повик. бр. 048
Шифра на КО 20020
Надм. вис. 650 м
Годивле на општинската карта

Атарот на Годивле во рамките на општината
Годивле на Ризницата

Годивле (порано: Годивје) — село во Општина Кривогаштани, во околината на градот Прилеп.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Влезот во селото

Селото се наоѓа на крајниот западен дел на Прилепското Поле, а на северозападната страна на територијата на Општина Кривогаштани, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Крушево.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 650 метри. Од градот Прилеп е оддалечено 24 километри.[2]

Годивле се наоѓа помеѓу еден гребен на запад и котлинската рамнина на исток и на југ. Ова му дава погодна местоположба на селото за сточарство и земјоделство. Во минатото, водата за пиење се добивала од чешмите Селска и Стари Лозја, а секое домаќинство поседувало и сопствен бунар. Подалеку од селото извираат изворите Студено Кладенче, Извори, Даб, Неделска Вода и други.[3]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Млака, Лозја, Стари Лозја, Меѓи, Шипче, Спаиска Врба, Дабје, Две Дабчиња, Диздарица, Бари, Круши, Мустафини Слогои, Мамудица, Бачилиште, Голица, Минојца, Камејнца, Русалије, Пречни Слогои, Конопи, Дуњи, Решетарица, Влашки Дол, Влашко Трло, Штеже, Чука, Мериз, Матоец, Опаленица, Солена Вода и Талев Вир.[3]

Селото има збиен тип, составено од следниве маала: Ѓуроско, Дувнимагловско и Ацеско. Имињата на маалата се од познатите или поголемите родови. Маалата се слабо одвоени едно од друго.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]
Жители на Годивле пред селски дуќан во почетокот на XX век

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името Годиле и имало 13 семејства, 1 неженет и 2 вдовици, сите христијани. Селото било тимар на Јусуф, сина на Мухаммеди, и Мухаммеди, син на Јахша.[4]

На местото на денешното село и на земјата околу него се наоѓале остатоци од куќни ѕидови, садови, како и по некој бунар, поради што се верува дека селото е доста старо.[3]

Денешното село е основано многу рано. За време на отоманскиот период станало големо село (секоја година имало по 70 свадби), но потоа селото било погодено од чума. Преживеале три семејства и од нив потекнуваат денешните родови Колевци, Несторовци и Ѓурчевци. По чумата, земјата станала чифчиска и единствено трите споменати семејства останале со своја земја.[3]

Први сопственици биле Турци од родот Дериовци населени во Прилеп. Од нив подоцна земјата ја купиле тројца браќа Албанци наречени Џаберковци, кои живееле во Дебар. Тие ја држеле земјата до 1923 година, која селаните ја купиле земјата.[3]

Во 2014 година на дотогашното Годивје официјално му е вратено традиционалното име Годивле.[5]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот е мал и зафаќа простор од 5,5 км2. На него преовладуваат обработливите површини на површина од 320,2 хектари, на пасиштата отпаѓаат 177,9 хектари, а на шумите отпаѓаат само 37,4 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948314—    
1953369+17.5%
1961399+8.1%
1971346−13.3%
1981297−14.2%
ГодинаНас.±%
1991232−21.9%
1994214−7.8%
2002166−22.4%
2021112−32.5%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Годивле живееле 244 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Годивле имало 144 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Годивље се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 19 куќи.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[9]

Во 1961 година селото броело 399 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 214 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Годивле живееле 166 жители, од кои 165 Македонци и 1 Србин.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 112 жители, од кои 109 Македонци и 3 Роми.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 244 144 314 369 399 346 297 232 214 166 112
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Годивле е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички.[3]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1955 година родови во селото се:

  • Староседелски родови: Несторовци (12 к.), Колевци (3 к.) и Ѓуровци (2 к.).
  • Доселенички родови: Гулабовци (3 к.), доселени се однекаде; Дувнимагловци (11 к.), родот го основал Тасе, кој имал синови Тоше и Божин. Тасе се доселил од некое село во Охридско, најпрво се населил во Кривогаштани, па набрзо од таму прешол во Годивле; Толевци (5 к.), потекнуваат од домазет кој влегол во родот Несторовци, а се доселил од некаде; Ацевци (8 к.),Стојановци (1 к.), потекнуваат од домазет кој дошол од селото Свето Митрани, таму припаѓале на родот Ѓаќеровци, подалечно потекло од некое село во Железник.

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село: Колевци иселени се во Кореница, Бозаровци иселени се во Кривогаштани, Сираковци и Мрснакора иселени се во Турско. Од родот Колевци во селото, има иселеници во Бугарија (едно семејство). Од родот Несторовци има иселеници во Турско и Прилеп (по едно семејство). Од родот Дувнимагловци има иселеници во Прилеп. Од родот Гулабовци како домазет се има иселено еден човек во Кривогаштани.[3]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
Поглед на основното училиште

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Годивле било село во Прилепската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Кривогаштани, која била една од ретките општини во Македонија која не била изменета при територијалната поделба во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на тогашната Општина Кривогаштани.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Прилеп.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Кривогаштани, во која покрај селото Годивле, се наоѓале и селата Врбоец, Кореница, Кривогаштани, Крушеани, Локвени, Милошево, Свето Митрани и Подвис. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Годивје, кога во нејзе се наоѓале селата Годивје, Кореница, Локвени и Подвис.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1508 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 106 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 105 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Главната селска црква „Св. Атанасиј“
Археолошки наоѓалишта[3][18]
Цркви[19]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]
Слави[3]

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во или по потекло од Годивле

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 70. Посетено на 5 јануари 2022.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 Трифуноски; Јован Ф. (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina: antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
  4. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр. 69
  5. „Закон за изменување и дополнување на законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија“ (PDF). Сл. Весник на Р Македонија, бр.149 од 13.09.2014 година. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-10-28. Посетено на 2020-05-30.
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 237.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 148-149.
  8. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 22.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 5 јануари 2022.
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 5 јануари 2022.
  18. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 292. ISBN 9989-649-28-6.
  19. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  20. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  21. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  22. 22,0 22,1 . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]