Прејди на содржината

Давид Рикардо

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Дејвид Рикардо)
Давид Рикардо
Класична економија
Роден19 април 1772(1772-04-19)
Починал11 септември 1823(1823-09-11) (возр. 51)
НационалностБританец
Влијанија одСмит · Бентам
Влијаел врзРикардовски социјалисти · Мил · Маркс · Срафа · Баро
ПридонесиРикардова еквиваленција, трудова теорија на вредноста, компаративна предност, закон за опаѓачката добивка, економска рента[1]

Давид Рикардо (анг. David Ricardo; Лондон, 19 април 1772Лондон, 11 септември 1823) — англиски економист, главен претставник на англиската класична школа.

Творештво

[уреди | уреди извор]

Во 1809 г. го објавил памфлетот „Цената на златото“. Неговото најпознато дело е „Принципи на политичката економија“.

Значење и влијание

[уреди | уреди извор]

Творештвото на Рикардо извршило големо влијание врз Карл Маркс кој ја позајмил Рикардовата трудова теорија на вредноста како основа за неговото социо-политичко учење. Всушност, Фридрих Енгелс тврди дека сите правци на целиот современ (тогашен) социјализам се надоврзуваат, речиси без исклучок, на Рикардовата теорија на вредноста.[2]

Маркс имал пофални зборови за теоријата на Рикардо за определувањето на вредноста од работното време потрошено во производството, истакнувајќи дека неговото големо историско значење за науката се состои во тоа што неговото учење научно ја објаснува „основата врз која почива внатрешната поврзаност, стварната физиологија на граѓанското општество...“, како и тоа дека „Рикардо ја открил и ја искажал економската спротивност на класите... така што во економијата се открива и се зафаќа во коренот историската борба и процесот на развој.“[3]

Од друга страна, Маркс го вклучува Рикардо во економистите-фаталисти кои во својата теорија се рамнодушни кон недостатоците на буржоаскиот начин на производството и кои ја застапуваат буржоазијата и кои се трудат да им дадат потстрек на индустријата и на трговијата. Според Маркс, единствената мисија на економистите-фаталисти е односите на буржоаското производство да ги формулираат во категории и закони и да докажат дека тие закони и категории се многу подобри од законите и категориите на феудалното општество при што пролетеријатот трпи само привремени страдања.[4]

  1. Miller, Roger LeRoy. Economics Today. Fifteenth Edition. Boston, MA: Pearson Education. стр. 559
  2. Фридрих Енгелс, „Предговор“, во: Карл Маркс, Беда филозофије (Одговор на Филозофију беде г. Прудона). Култура, Београд, 1946, стр. 10.
  3. „Регистар имена“, во: Карл Маркс, Беда филозофије (Одговор на Филозофију беде г. Прудона). Култура, Београд, 1946, стр. 189.
  4. Карл Маркс, Беда филозофије (Одговор на Филозофију беде г. Прудона). Култура, Београд, 1946, стр. 112.