Прејди на содржината

Димко Митрев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Димко Митрев
Роден 1919
Велес, Кралство Југославија
Починал 10 декември 1942
Велес, Југославија
Националност Македонец
Занимање партизан

Димко Митрев (роден во 1919 година во Велес - починал на 10 декември 1942 година во Велес) — македонски револуционер, организатор на НОБ во Велес, борец на НОПО „Димитар Влахов“ (од април 1942).[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Димко Митрев бил организатор на работнички штрајкови во Велес пред војната, член на СКОЈ (од 1938), на КПЈ (од 1940), а на МК на КПЈ за Велес (од 1941). Во неговата куќа (октомври 1941) бил отпечатен првиот број на илегалниот весник „Народен билтен“. Во 1941 г. преминал во илегалство, а во април 1942 г. заминал во партизани. Бил комесар на Велешкиот НОПО. Загинал при предвремена експлозија на нагазна мина за диверзија на германски воз.

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Митрев“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 966. Text "series " ignored (help)