Прејди на содржината

Борис Елцин

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Елцин)
Борис Елцин
Роден 1 февруари 1931
Бутка, СССР
Починал 23 април 2007
Москва, Русија

Борис Николаевич Елцин (руски: Борѝс Никола̀евич Ѐльцин) — првиот претседател на Руската федерација.

Роден е на 1 февруари 1931 година во селото Бутка во близина на Свердловск, СССР. Во текот на 1955 година дипломирал по градежништво. Во текот на студентските си години, Елцин се занимавал со одбојка. Во 1961 година станал член на Комунистичката партија на СССР. Имал брз напредок низ партиската хиерархија за во 1975 година стане секретар во Свердловск, таен советски град, во кој има исклучиво воена индустрија. Михаил Горбачов во 1985 одлучил да го назначи за градоначалник на Москва, чија главна цел била да се справи со корупцијата во градот и партијата.

Реформаторската ревност на Елцин им пречела на многумина „стари комунисти“, кое довело до негов судир со Горбачов. Во 1988 година го напуштил Политбирото. И покрај прогонот тој останал популарен меѓу народот.

По распаѓањето на СССР Елцин го презел раководството со Руската федерација. Бил избран за претседател во два мандата. Во август 1991 година најтврдокорните комунисти се обиделе да изведат воен удар против Горбачов. Елцин успеал да го спречи тоа и да го врати Михаил на чело на државата. Во тие моменти маестрално го искористил обидот за пуч за јавно да ги дискредитира и Горбачов и заговорниците. По ова тој ја забранил Комунистичката партија, што до крајот на 1991 година, довело и до конечно распаѓање на Советскиот Сојуз. Од тој момент, Елцин станал претседател на самостојна Русија.

Две години подоцна, во 1993, рускиот парламент повторно се нашол под опсада, но овојпат тенковите излегле по наредба на Елцин. Опозиционите пратеници се противиле на повикот за нови избори, што гарантирано значело дека истите ќе ги исфрли од парламентот. По акцијата на војската, бунтовниците се предале.

Во 1994 година, руската војска се одидела да го смири бунтот во далечната јужна република Чеченија. Резултатот на војната бил десетици илјади убиени, целосно уништени градови и срамен пораз за моќната руска армија. И покрај моќната опозиција од комунистичката парија, Елцин на изборите во 1996 успеал да се воскресне и со енергична кампања повторно да ги добие претседателските избори. Ова беше времето кога Руската приватизација создала мал број на т.н руски олигарси, кои станале побогати и повлијателни и од самиот претседател.

Во ноември 1996 година, во централната московска болница, на Елцин му била извршена успешна операција за петократен бајпас. Два месеца подоцна бил повторно хоспитализиран како резултат на пневмонија. Лошата здравствена состојба значително ја намалило неговата контрола над власта, која сè повеќе била разграбувана од неговите блиски соработници. Откако во рок од 2 години разреши вкупно 4 премиери, во август 1999 година, за претседател на владата го назначил поранешниот шпион Владимир Путин. На 31 декември 1999 Елцин го прави својот најнеочекуван потег, објавувајќи дека се повлекува од претседателската позиција и на своето место го назначи дотогашниот премиер Владимир Путин, со кој потпишал указ кој гарантирал дека Елцин нема да биде судствено испитуван.

Починал на 76 години на 23 април 2007 година.

Руски владетели
Руски кнезови и цареви (1283–1547) Даниел МосковскиЈуриј IIIИван IСимеонИван IIДмитриј ДонскиВасилиј IВасилиј IIИван IIIВасилиј IIIИван IVФјодор IБорис ГодуновФјодор IIЛажен Дмитриј IВасилиј IVМихаил РомановАлексеј IФјодор IIIИван VПетар I
Императори на Русија (1721–1917) Петар IКатерина IПетар IIАна ИвановнаИван VIЕлисавета ПетровнаПетар IIIКатерина IIПавле IАлександар IНиколај IАлександар IIАлександар IIIНиколај II
Лидери на Советскиот Сојуз (1917–1991) Владимир ЛенинЈосиф СталинГеоргиј МаленковНикита ХрушчовЛеонид БрежневЈуриј АндроповКонстантин ЧерненкоМихаил Горбачов
Претседатели на Русија (1991–) Борис Елцин • Владимир Путин  • Дмитриј Медведев • Владимир Путин