Прејди на содржината

Киро Мукаетов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Киро Мукаетов
Роден 5 декември 1923
Кавадарци, Кралство Југославија
Починал 10 април 2005
Скопје, СФРЈ
Националност Македонец
Занимање новинар

Киро Мукаетов (роден на 5 декември 1923 година во Кавадарци - починал на 10 април 2005 година во Скопје) — македонски новинар, припадник на првата повоена генерација.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]
Првата разгласна станица во Кавадарци после ослободувањето - 9 март 1945. Програмата ја подготвувале Александар Грков, Илија Каровски и Лазар Грозданов. Вестите ги подготвувале Васил Анастасов, Велко Поп Коцев и Киро Мукаетов, а со техниката раководелe Диме Мустеников-Перодршковиќ и Тодор Мурџев.

Киро Мукаетов дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1950). Учествувал во НОБ од октомври 1942 година, и бил уапсен и интерниран. Од октомври 1944 г. го уредувал Билтенот на НОФ за Тиквешијата.[1] Програмата ја подготвувале Александар Грков, Илија Каровски и Лазар Грозданов. Вестите ги подготвувале Васил Анастасов, Велко Поп Коцев и Киро Мукаетов, а со техниката раководелe Диме Мустеников-Перодршковиќ и Тодор Мурџев.[2][3]

Новинар во „Нова Македонија“ (1945/46), потоа цела деценија дописник на Танјуг од Македонија. Во периодот 1957/79 година бил уредник, главен уредник и директор на „Стопански весник“. Соработувал со повеќе медиуми, особено од Словенија. Го редактирал и подготвил за печат шестомниот зборник „Тиквешијата во НОБ 1941-1945“.[1]

  1. 1,0 1,1 1,2 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Мукаетов“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 996. Text "series " ignored (help)
  2. „На 9 март 1945 започнала со работа првата разгласна станица во Кавадарци“. www.ktv.mk. Посетено на 2024-07-06.
  3. „На денешен ден - Разглас во Кавадарци“. rtk.mk. 9 март 2017.