Левкада
Левкада Λευκάδα | |
---|---|
Поглед на градот Левкада | |
Земја | Грција |
Област | Јонски Острови |
Површина | |
• Општина | 333,6 км2 (1,288 ми2) |
Население (2011)[1] | |
• Општ. | 22.652 |
• Општ. густина | 6,8/км2 (18/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Мреж. место | https://www.lefkadaofficial.com |
Левкада или Лефкада (англиски: Λευκάδα) — остров кој припаѓа на групата Јонски Острови во источна Грција. Административно Левкада заедно со неколку помали околни острови го сочинува округот Левкада. Најважно и најголемо место е истоимениот град Левкада.
Природни услови
[уреди | уреди извор]Вкупната површина на островот е преку 300 км2 (90% од префектурата). Островот е одвоен од копното со проток, широк околу 2 км, но споен со мост. Северно од Левкада се наоѓа Крф, а јужно Кефалонија и Итака. Левкада е главно карпеста и ридеста. Постојат и неколку мали плодни долини.
Климата на островот е средоземна со долги и топли лета и благи и врнежливи зими. Растителниот и животинскиот свет е препознатлив за Средоземјето. Разни култури се одгледуваат во неколкуте мали долини - маслинка, винова лоза, агруми и останат зеленчук и овошје.
Историја
[уреди | уреди извор]Левкада е населена уште од праисториско време. Лежи северозападно од полуостровот Пелопонез, а северно од островот Кефалонија во Јонско Море, и денес припаѓа на Грција.
Во средниот век островот припаѓал на Византија. Средновековниот дворец, со италијанско име Santa Maura го основал италијанското владетелско семејство Токо (Tocco).
Турците го држеле островот под контрола повеќепати. Почнувајќи од 1479. до 1502. и од 1504. до 1684. Островот го зазедоа уште еднаш, но кратко, од 1715. до 1716. Тој бил единствен Јонски Остров кој го контролирале Турците. Во 1716. година Млетачката република го вратила островот под своја управа, која го поседувала од 1684. па сè до 1797 година. Во 1864. Левкада е припоена кон грчкото кралство.
|
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.