Лилјана Минова-Ѓуркова
Д-р Лилјана Минова - Ѓуркова ( 1939- 12 декември 2008) била истакнат македонист и редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ пру Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Творештво
[уреди | уреди извор]Таа е една од најпродуктивните македонски македонисти во областа на македонистиката. Нејзината четиридецениска творечка дејност ја вбројува во еден од најплодните македонисти во Македонија, чии трудови се познати и во светските славистички центри. Во својот творечки живот објавила над 270 библиографски единици во Македонија, Европа и САД во многу научни списанија, зборници, единици и слично. Како најсовремени и најквалитетни нејзини дела се прифатени универзитетските учебници „Синтакса на македонскиот стандарден јазик“ и „Стилистика на современиот македонски јазик“. Исто така таа е заслужна и за издавање на учебници за летната школа при Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, учебници по македонски јазик за странци и слично. За афирмацијата на македонскиот јазик во странство, Минова - Ѓуркова издала уште две книги: „Граматика на македонскиот јазик за странци“ со превод на француски јазик во 2006 година и во 2007 истата книга со превод на англиски јазик. Покрај издаваштвото, таа била основач и прв претседател на Советот за македонски јазик.
Голем е придонесот на Лилјана Минова - Ѓуркова за реализирање на меѓународни и домашни проекти и еден од најзначајните проекти е монографијата на македонски јазик објавена во Ополе, Полска во рамките на општословенскиот проект „Најнова историја на словенските јазици - современи промени во словенските јазици“. Како дел од нејзиниот меѓународен ангажман се вбројува и активноста како претставник на македонистиката во меѓународни тела како на пример Меѓународната комисија за пручување на граматичката структура на словенските јазици.