Прејди на содржината

Тореадор

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Матадор)
Матадорот Евгенио де Мора во изведба

Тореадор или тореро (шпански: torero) е главниот изведувач во коридата (борба со бик) во Шпанија и во Латинска Америка. Тој е лицето кое се бори и на крајот го убива бикот. Интересно е што изразот „тореадор“ воопшто не се користи во шпанскиот јазик. Во ова занимање спаѓаат борците на нозе, како и оние на коњ (пикадори и рехонеадори).

Највештите тореадори ја добиваат почесната титула Матадор на посебна корида наречена алтернатива. На оваа корида помладиот тореадор (новиљеро) се претставува на публиката како matador de toros (убиец на бикови).

Матадорот (убиец) се смета колку за натпреварувач, толку и за уметник. Еден од најпознатите матадори на сите времиња бил Хуан Белмонте, чија техника во рингот извршила револуција на коридата и до ден денес го претставува стандардот според кој се оценуваат матадорите. Стилот и јунаштвото на матадорот се сметаат за барем толку важни колку тоа дали тој ќе го убие бикот или не. Најуспешните матадори порано биле третирани како поп ѕвезди, со соодветни примања, и култни следења заедно со таблоидски приказни за нивните сексуални подвизи. Меѓутоа моментално матадорите заработуваат во реална вредност помалку од нивните колеги во 1960-тите. Ова е исто така опасна професија; матадорите често страдаат од повреди од биковите, а досега имаат загинато не помалку од четириесеттина. Еден од најславните тореадори во историјата, Манолете, загинал вака во 1947. Оваа опасност игра централна улога во карактерот на професијата.

Речиси сите матадори се мажи. Меѓутоа во последно време се имаат појавено и некои жени како кандидати за матадори, но ова се смета за прилично контроверзно.

Американскиот писател Ернест Хемингвеј се стремел да стане матадор. Неговиот роман Сонцето изгрева исто така има автобиографски елементи со коридски мотиви. Тој исто така има напишано и две стручни книги за корида, насловени како Смрт на пладне (1933) и Опасното лето (1959).

Пикадор е тореадорот кој користи ланцета (тенко копје) јавајќи за да го провери бикот и за да го подготви за последната изведба на матадорот. Обликот на ланцетата („пика“) во Шпанија е регулирана со закон за да се спречи сериозна повреда на бикот - бидејќи ова се смета за мамење. Бикот јуриша кон коњите во рингот и во тој момент на контакт пикадорот ја забодува ланцетата во големиот мускул од задната страна на вратот бикот. Искусните пикадори знаат како да ги поправаат грешките во јуришот на бикот забодувајќи го на начин на кој тој престанува да тера на страна, што може сериозно да го загрози матадорот.

Бандериљеро

[уреди | уреди извор]

Бандериљеро е тореадор кој поставува бандериљи. Овие се шаренолики прачки со зашилени врвови кои се стават врз плеќата на бикот. Бандиљеросите пробуваат да ги постават прачките трчајќи што поблизу можат до бикот. Потоа ним толпата им суди на нивниот стил и јунаштво. Понекогаш некои матадори кои биле одлични бандериљероси пред да станат матадори го прават ова самите.

Тореадорот како мотив во уметноста

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Блаже Конески, Везилка. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 62.