Прејди на содржината

Меѓународен фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Меѓународен фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“
Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“
Датум18-27 септември 2015
ЛокацијаБитола, Македонија
Години на постоење36 (до 2015)
Првпат1979
ПоддржувачПретседател на Македонија, Министерство за култура, Општина Битола
Мрежно место
manaki.mk


Меѓународен фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ — меѓународен филмски фестивал што се одржува секоја година во Битола, организиран од Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ).

Историја

[уреди | уреди извор]

Основано на 21 мај 1950 година, со седиште во Скопје, ДФРМ ги претставува интересите на филмските професионалци и автори во нашата земја. Покрај тоа што се грижи за правата на своите членови, ДФРМ се залага за професионален развој и раст на филмската креативност во Република Македонија. Друштвото, со своите активности, има за цел да ја зајакне македонската кинематографија и да обезбеди нејзин континуитет. Од година на година, ДФРМ дава значаен придонес за македонскиот филм, а исто така ја афирмира и светската филмска уметност во нашата земја. Една од главните активности на друштвото е Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

Покровителство

[уреди | уреди извор]

Секоја година, ИФФК „Браќа Манаки“ се одржува под покровителство на претседателот на Македонија и е поддржан од Министерството за култура. Фестивалот, со својата впечатлива програма што од година на година станува сè побогата, е привлечен како за филмските професионалци, така и за вљубениците во филмот од целиот свет.

Програма

[уреди | уреди извор]

Стожер на фестивалската програма е „Камера 300“ — конкуренцијата на долгометажни филмови од најновата европска и светска продукција. Директорите на фотографија на филмовите кои учествуваат во оваа програма се натпреваруваат за Златна, Сребрена и Бронзена Камера 300. Тоа се официјални фестивалски награди што ги доделува меѓународно жири составено од пет члена. Фестивалот доделува и награда за животно дело „Златна камера 300“ и специјална „Златна камера 300“ за особен придонес во филмската уметност. Од 36.издание на фестивалот беа воведени две нови натпреварувачки програми - Нов европски филм, во која се прикажуваат први или втори играни филмови на европски режисери, како и СЕЕ Камера, во која акцентот се става на регионалната кинематографија. Натпреварувачки карактер има и програмата на краток филм, каде се наградува најдобриот кинематографер. Студентската програма е посветена на младите таленти — студенти на филмски академии и школи во целиот свет. Во рамките на Фестивалот, како придружни настани се организираат работилници, семинари, дебатни сесии, изложби, конференции и слично.

36. издание

[уреди | уреди извор]

Под мотото „Филмот е убав“ а славејќи го јубилејот 110 години од творештвото на браќата Манаки, на 18 септември 2015 година, во Битола започна 36. издание на фестивалот „Браќа Манаки“, на кое беа воведени две нови натпреварувачки програми: „Нов европски филм“ (со 10 филма, избрани од Дејан Трајкоски) и „СЕЕ камера“ (со осум филма, избрани од Саша Станишиќ), наменети за младите европски автори и за великаните на филмот од Југоисточна Европа. Во рамките на сите програми беа прикажани 215 филма, од кои над 20 македонски. Инаку, во официјалната програма се натпреваруваа 13 филма, а Ришард Ленчевски беше претседател на петчлената жири-комисија. Покрај натпреварувачкиот дел, на фестивалот биле застапени и Документарната програма, чиј селектор била Гена Теодосиевска, и Вип - детската програма, која годинава се одржа под мотото „Големо платно - голема разлика“.[1]
Фестивалот беше свечено отворен со светската премиера на филмот „Лазар“ во режија на Светозар Ристовски. Церемонијата на отворањето ја водеше глумецот од Народниот театар во Битола, Огнен Дранговски, а отворањето и затворањето на фестивалот ги режираше Благој Мицевски. Лауреати на 36. издание на фестивалот беа добитниците на Наградата за животно дело „Златна камера 300“: Божидар Бота Николиќ (прв добитник на наградата „СЕЕ камера“), Ришард Ленчевски и Јаромир Шофр; како и глумците Бруно Ганц и Алексеј Серебрјаков - добитници на специјалната „Златна камера 300“ за особен придонес во филмската уметност.[1]

Добитници на Златна Камера 300

[уреди | уреди извор]

Фестивалот, исто така, ја доделува Наградата за животно дело „Златна Камера 300“, што е резервирана за водечки имиња во светот кинематографери. Досегашни лауреати во Клубот на Великаните се: Милтон Манаки, Љубе Петковски и Бранко Михајловски, Виторио Стораро, Вадим Јусов, Раул Кутар, Тонино Дели Коли, Мирослав Ондричек, Анри Алекан, Фреди Френсис, Јиржи Војчик, Свен Никвист, Лучано Тиволи, Бруно Делбонел, Вилмош Жигмонд, Хосе Луис Алкаин, Крис Менџис, Божидар-Бота Николиќ и Ришард Ленчевски.[1]

Фестивалот бил посетен од многу познати личности од културниот, општествениот и политичкиот живот вклучувајќи ги и светските филмски ѕвезди: Мајкл Јорк, Чарлс Денс, Викторија Абрил, Дерил Хана, Катрин Денев, Изабел Ипер како и многу претставници на политичкиот и општестевниот живот во Македониаја како: претседателите на Македонија (Киро Глигоров, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски, Ѓорге Иванов) и многу други јавни личности како: Раде Шербеџија, Милчо Манчевски, Мики Манојловиќ, Мирјана Карановиќ, Столе Попов и многу други.

Списоци на досегашни добитници на награди1

[уреди | уреди извор]

Добитници на Златна камера 300 за животно дело

[уреди | уреди извор]

Добитници на Специјална златна камера 300 за особен придонес во светската уметност

[уреди | уреди извор]

Добитници на Златна камера 300

[уреди | уреди извор]

На XIV фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ (1993 година), воведени се официјалните награди Златна, Сребрена и Бронзена камера 300.

Добитници на Сребрена камера 300

[уреди | уреди извор]

На XIV фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ (1993 година), воведени се официјалните награди Златна, Сребрена и Бронзена камера 300.

Добитници на Бронзена камера 300

[уреди | уреди извор]

На XIV фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ (1993 година), воведени се официјалните награди Златна, Сребрена и Бронзена камера 300.

Добитници на Мала златна камера 300 за најдобар краток филм

[уреди | уреди извор]

Добитници на Големата ѕвезда на македонскиот филм

[уреди | уреди извор]

Список на директорите на фестивалот1

[уреди | уреди извор]

Пред 1993 година фестивалот немал директор, функцијата е воведена во 1993 година.

Список на досегашните жирија1

[уреди | уреди извор]
  • 2015 – Божидар Николиќ, Ришард Ленчевски, Митко Панов, Хајет Бенкара, Ерџан Кесал
  • 2014 – Гиора Бејач, Ребека, Толи, Срѓан Драгоевиќ, Симон Таншек, Лазар Секуловски
  • 2013 – Хосе Луис Алкаине, Амнон Залаит, Божидар Манов, Елма Татарагиќ, Дејан Дуковски
  • 2012 – Фред Келемен, Миладин Чолаковиќ, Дамјан Козоле, Илија Пенушлиски, Виржини Сен Мартен
  • 2011 – Данте Спиноти, Ева Заоралова, Гоце Смилевски, Најџел Валтерс, Мартин Швајгхофер
  • 2010 – Вилмош Жигмонд, Павел Павликовски, Доминик Фири, Наташа Брајер, Дарко Митревски, Кристине Долхофер
  • 2009 – Питер Сашицки, Слободан Шијан, Јури Клименко, Минас Бакалчев
  • 2008 - Кристијан Бергер, Менахем Голан, Столе Попов, Су Гибсон, Иван Фенјо
  • 2007 - Кароли Мак, Филип Бергсон, Сергеј Станојковски, Матијас Мац, Марек Добеш
  • 2006 - Фабио Чанчети, Мартин Блејни, Срѓан Карановиќ, Мартин Гшлахт, Владимир Блажевски
  • 2005 - Виторио Стораро, Мануел Алберто Кларо, Иво Кумер, Ренат Рожина, Лабина Митевска
  • 2004 – Сезар Чарлон, Росана Серењи, Андреас Фишер-Хансен, Жан Роа, Умберто Роси
  • 2003 – Вили Курант, Олинка Вистика, Антонио Коста, Милан Влајчиќ
  • 2002 – Роби Милер, Ален Маркоен, Роналд Берган, Јан Вејнге, Антонио Митриќески
  • 2001 – Андреас Хефер, Доминик Бакс, Ерик Гишар, Александр Баширов, Дејан Дуковски
  • 2000 – Јаромир Шофр, Јацек Петрицки, Џон Кристијан Розенлунд, Иво Трајков
  • 1999 - Стефан Кулангер, Бранко Гапо, Ханс-Гунтер Дикс, Пол Хаусон, Милош Черњенко
  • 1998 – Мортен Брус, Сергеј Астахов, Мартин Лангер
  • 1997 – Живко Залар, Симон Пери, Дебора Јанг
  • 1996 – Марсел Мартен, Томас Пленерт, Фабијан Едер
  • 1995 – Дик Поуп, Рон Холовеј, Столе Попов
  • 1994 - Жан Монсињи, Карпо Година, Мирослав Чепинчиќ
  • 1993 - Доминик Вилен, Владислав Василевски, Љубе Петковски

Светски, регионални национални филмски премиери на фестивалот

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 „Фестивал во знакот на 110 години од првата камера на Балканот“, Дневник, година XIX, број 5868, петок, 18 септември 2015, стр. 19.
  2. 2,0 2,1 http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=&id=9257df5f-df7f-4f3e-8d84-30f3e8791dbe[мртва врска]
  3. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2019-06-30. Посетено на 2019-06-30.
  4. https://www.manaki.com.mk/mk/2018/09/22/%D0%BD%D0%B0%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B7%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D1%80%D0%B0-300-%D0%B7%D0%B0-%D0%B6%D0%B8%D0%B2%D0%BE%D1%82%D0%BD-2/#[мртва врска]
  5. https://www.manaki.com.mk/mk/2019/06/05/%d0%b4%d0%be%d0%b1%d0%b8%d1%82%d0%bd%d0%b8%d0%ba-%d0%bd%d0%b0-%d0%b7%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%ba%d0%b0%d0%bc%d0%b5%d1%80%d0%b0-300-%d0%b7%d0%b0-%d0%b6%d0%b8%d0%b2%d0%be%d1%82-2/[мртва врска]
  6. „КРИСТИЈАН БЕРГЕР, ДОБИТНИК НА ЗЛАТНА „КАМЕРА 300" ЗА ЖИВОТЕН ОПУС НА „БРАЌА МАНАКИ". 24. 9.09.2021. Посетено на 10 септември 2021. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  7. „ДОБИТНИК НА СПЕЦИЈАЛНАТА НАГРАДА ЗЛАТНА КАМЕРА 300 E МИЛЧО МАНЧЕВСКИ“. Манаки. 30 септември 2017. Посетено на 12 септември 2018.[мртва врска]
  8. „КЛАУДИЈА КАРДИНАЛЕ ЛАУРЕАТ НА СПЕЦИЈАЛНАTA ЗЛАТНА КАМЕРА 300 ЗА ОСОБЕН ПРИДОНЕС ВО СВЕТСКАТА ФИЛМСКА УМЕТНОСТ“. Манаки. 24 август 2018. Посетено на 12 септември 2018.[мртва врска]
  9. 9,0 9,1 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-10-08. Посетено на 2016-09-18.
  10. https://www.fakulteti.mk/news/17-10-01/ungarecot_marsel_rev_e_dobitnik_na_zlatnata_kamera_300_na_filmskiot_festivalot_brakja_manaki
  11. https://www.manaki.com.mk/mk/2018/12/06/%d0%b4%d0%be%d0%b1%d0%b8%d1%82%d0%bd%d0%b8%d0%ba%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%b7%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%bd%d0%b0-%d0%ba%d0%b0%d0%bc%d0%b5%d1%80%d0%b0-300-%d0%bd%d0%b0-39-%d0%b8%d1%84%d1%84%d0%ba/[мртва врска]

Забелешки

[уреди | уреди извор]
  1. Податоци од официјалното мрежно место на фестивалот.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]