Прејди на содржината

Министерство за трговија и земјоделство (Отоманско Царство)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Министерство за трговија и земјоделство
(османски турски: تجارت و زراعت نظارتی
Ticaret ve Ziraat Nezâreti
Податоци за органот
Основан 1839
Надлежност Османлиско Царство Отоманско Царство
Седиште Константинопол


Министерство за трговија и земјоделство било името дадено на министерството одговорно за трговија и земјоделски работи во Отоманското Царство.[1]

Отоманскиот државник Ибрахим Едхем-паша, кој служел 4 пати како министер за трговија и земјоделство, а исто така и како голем везир.

Во Отоманската империја, пред формирањето на министерствата (турски: nazırlık), титулата за одговорното лице за земјоделските и трговските работи во империјата била „Арпа Емини“.[2] Името на Хајредин Челеби го среќаваме во 1484 година, кој според османлиските записи бил првиот Арпа Емини. За време на владеењето на Селим III, Арпа Емини била трансформирана во Министерство за жито (Hububat ve Zahire Nazırlığı). Сепак, ова министерство не траело долго. Титулата повторно била вратена во Арпа Емини. Конечно, во 1839 година, за прв пат било основано Министерството за трговија и земјоделство (Ticaret ve Ziraat Nezâreti), а за негов раководител бил назначен Халил Рифат-паша.

Министерството за трговија и земјоделство продолжило да постои до распадот на Отоманското Царство. Меѓутоа, тие двете биле разделени во различни периоди, а во некои периоди биле споени со Министерството за јавни работи (Nafia Nazırlığı) и биле нарекувани Министерството за трговија и јавни работи. Абдулатиф Сафа-бег бил последниот човек што ја имал титулата министер за трговија и земјоделство, служејќи од јуни 1921 до ноември 1922 година.

Список на министри

[уреди | уреди извор]
  • Ахмет Фети-паша (декември 1839 – јануари 1840)
  • Дамад Мехмед Саид-паша (јануари 1840 – март 1841)
  • Ибрахим Сарим-паша (јуни 1841 – декември 1841)
  • Мехмед Тахир-паша (декември 1841 – февруари 1845)
  • Хусеин-бег (декември 1845 – септември 1845)
  • Дамат Гурчу Халил Рифат-паша (септември 1845 – декември 1845)
  • Ариф-паша (16 јануари 1846 – 22 април 1846)
  • Ибрахим Сарим-паша (22 април 1846 – 20 јули 1846)
  • Хасан Риза-паша (20 јули 1846 – 13 мај 1848)
  • Мехмед Камил-паша (13 мај 1848 – 1 јули 1848)
  • Сулејман Рефет-паша (1 јули 1848 – 13 март 1849)
  • Хеким Исмаил-паша (13 март 1849 – 10 јануари 1851)
  • Мехмед Изет-паша (10 октомври 1851 – 9 јануари 1852)
  • Јусуф Ќамил-паша (9 ноември 1852 – 26 февруари 1853)
  • Мехмед Намик-паша(26 февруари 1853 – 11 септември 1854)
  • Јусуф Ќамил-паша (11 септември 1854 – 11 јануари 1855)
  • Муса Сафети-паша (11 јануари 1855 – 12 јануари 1856)
  • Хеким Исмаил-паша (12 јануари 1856 – 27 март 1858)
  • Али Галиб-паша (27 март 1858 – 29 август 1858)
  • Махмуд Недим-паша (29 август 1858 – 9 јануари 1860)
  • Ибрахим Едхем-паша (9 јануари 1860 – 17 јули 1861)
  • Мехмед Есад Сафет-паша (17 јули 1861 – 16 февруари 1863)
  • Ибрахим Едхем-паша (16 февруари 1863 – 13 јули 1863)
  • Мехмед Есад Сафет-паша (13 јули 1863 – 19 март 1865)
  • Ибрахим Едхем-паша (19 март 1865 – 19 јули 1866)
  • Ибрахим Халил-паша (19 јули 1866 – 14 мај 1867)
  • Мехмед Есад Сафет-паша (14 мај 1867 – 1 јуни 1867)
  • Али Кабули-паша (1 јуни 1867 – 10 септември 1871)
  • Ибрахим Едхем-паша (10 септември 1871 – 17 јуни 1872)
  • Русту-паша (1 септември 1872 – 2 август 1874)
  • Али Кабули-паша (2 август 1874 – 25 октомври 1875)
  • Дамат Махмуд Џелаледин-паша (25 октомври 1875 – 4 април 1876)
  • Садула-паша (4 април 1876 – 30 мај 1876)
  • Мехмед Халет-паша(16 октомври 1876 – 6 февруари 1877)
  • Оханес Камич Ефенди (6 февруари 1877 – 10 октомври 1877)
  • Муниф-паша (10 ноември 1877 – 18 април 1878)
  • Оханес Камич Ефенди (18 април 1878 – 4 октомври 1878)
  • Ахмет Џевдет-паша (1 октомври 1878 – 19 октомври 1879)
  • Кадри-паша (19 октомври 1879 – декември 1879)
  • Бедрос Кујумџујан Ефенди (јуни 1880 – 12 септември 1880)
  • Косе Мехмед Раиф-паша (12 септември 1880 – 25 ноември 1882)
  • Абдулатиф Суфи-паша (25 ноември 1882 – 25 септември 1885)
  • Исмаил Хаки-паша (25 септември 1885 – 19 декември 1886)
  • Мустафа Зихни-паша (19 декември 1886 – 10 мај 1890)
  • Косе Мехмед Раиф-паша (10 мај 1890 – 3 септември 1891)
  • Махмуд Џелаледин-паша (4 септември 1891 – 11 септември 1891)
  • Хусеин Тевфик-паша (4 септември 1891 – ноември 1895)
  • Селим Мелхаме-паша (ноември 1895–1908)
  • Мехмет Тевфик-паша (19 јули 1908 – 24 јули 1908)
  • Мехмед Зија-паша (3 August 1908 – 7 August 1908)
  • Габриел Норадункјан (7 August 1908 – јануари 1910)
  • Димитраки Маврокордато Ефенди (24 јули 1908 – 22 април 1909)
  • Бедрос Халахијан Ефенди (22 април 1909 – 21 септември 1911)
  • Киркор Синапјан Ефенди (21 септември 1911 – 20 ноември 1911)
  • Аристиди-паша (20 ноември 1911 – 9 јули 1912)
  • Мустафа Решит-паша (9 јули 1912 – 11 јануари 1913)
  • Мехмед Џелал-бег (11 јануари 1913 – 4 јуни 1913)
  • Сулејман ал-Бустани ефенди (4 јуни 1913 – 23 октомври 1914)
  • Ахмед Несими-бег (23 октомври 1914 – 22 октомври 1916)
  • Мустафа Шереф-бег (22 октомври 1916 – октомври 1918)
  • Чуруксулу Зија-паша(октомври 1918 – 11 ноември 1918)
  • Костаки Вајанис ефенди (11 ноември 1918 – 24 февруари 1919)
  • Абдула Лами-бег (24 февруари 1919 – 4 март 1919)
  • Ибрахим Едхем-бег (4 март 1919 – 11 August 1919)
  • Тахир Хајредин-паша (11 August 1919 – 11 септември 1919)
  • Багдадли Мехмед Хади-паша (11 септември 1919 – февруари 1920)
  • Абдурахман Шереф Ефенди (февруари 1920 – 8 март 1920)
  • Мехмед Зијаедин-бег (8 март 1920 – 5 април 1920)
  • Хусеин Ремзи-паша (5 април 1920 – 31 јули 1920)
  • Ибрахим Едхем-бег (јуни 1920 – 31 јули 1920)
  • Артин Џемал-бег (31 јули 1920 – септември 1920)
  • Багдадли Мехмед Хади-паша (септември 1920 – 21 октомври 1920)
  • Хусеин Казим-бег (21 октомври 1920 – 12 јуни 1921)
  • Абдулатиф Сафа-бег (12 јуни 1921 – 1 ноември 1922)