Прејди на содржината

Мексиканска музика

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Музиката во Мексико)
Мексиканска музика
Música Mexicana
Потекло18 век, Халиско (маријачи)
  • 1910-1920, Мексиканската револуција (традиционална/народна мексиканска музика)
ИнструментиВиолина, гитара, труба и повремено харфа
КомпозиториАгустин Лара, Хосе Алфредо Хименес, Хосе Пасквал
ИзведувачиЛос Кабалерос, Педро Инфанте итн.

Мексиканската музика (шпански: la música mexicana) е разновидна и оригинална музика која потекнува од американската држава Мексико. Оформена е под влијание на културниот развиток на Мексико врз основа на музиката на Шпанија, Португалија и американските староседелци. Главно при изведувањето на овој тип на музика се користат инструментите виолина, гитара и труба, додека има и некои народни мексикански композиции во кои се користи харфата. Секоја федеративна држава на Мексико има свој типичен стил на музика како резултат на различните културни влијанија врз различните области на Мексико во историјата. Главно во мексиканската музика се пее на шпански јазик или на различните дијалекти на шпанскиот јазик во Мексико. Исто така во СФРЈ се појавија групи кои преведуваа мексикански песни од шпански на хрватски јазик кои подоцна станаа познати како југомексикански песни.

Поврзано

[уреди | уреди извор]