Прејди на содржината

Народноослободителна војска на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од НОВМ)
Народноослободителна војска на Македонија
Знамето на НОВМ
КратенкаНОВМ
Основана1943
Укината1945
Видвоена организација
Правен статусрасформирана
Целнародноослободителна
РегионВардарска Македонија
Членство1,000-8,000(1941)-66,000(1944)-100,000(1945)
Службени јазицимакедонски
КомандантМирче Ацев
Михајло Апостолски
Методија Андонов - Ченто
Главно телоГлавен штаб на НОВ

Народноослободителна војска на Македонија (НОВМ) — македонска војска која се создала во екот на Народноослободителната борба во Вардарска Македонија и Македонија во Втората светска војна. Партизанскиот облик на вооружена борба преовладувал до средината на 1943 година, кога биле формирани поголеми воени формации кои имале маневарски карактер, но биле организациски похомогени и поквалитетни од партизанските одреди. Примената на комбиниран облик на вооружена борба почнала во втората половина на 1943 година.

Во текот на војната во македонската војска биле формирани 24 пешадиски бригади, шест артилериски, четири инженериски, една автомобилска и една коњаничка бригада. Од овие бригади формирани се седум дивизии, а подоцна и 8-та дивизија на КНОЈ, како и три корпуси. Бројната состојба на НОВМ во декември 1944 изнесувала околу 66.000 борци, во март 1945 година 83.814, а по капитулацијата на Нацистичка Германија на 9 мај 1945 година НОВМ имала околу 110.000 борци [1].

Историја

[уреди | уреди извор]
Оперативни зони на НОВ и ПОМ во 1943 година

Антифашистичкиот отпор започнал на 11 октомври 1941 година, со појавата на македонските партизански одреди кои, во текот на војната, прераснале во Народноослободителна Војска на Македонија. Денот на создавањето на првата поголема единица, баталјонот Мирче Ацев, на 18 август 1943 на планината Славеј [2] помеѓу Охрид, Охридското Езеро и Кичево, е прогласен за Ден на Армијата на Република Македонија.

Споменик "Ослободители на Скопје" во центарот на Скопје.

На 11 ноември 1943 година, била формирана Првата македонско-косовско ударна бригада во западна Македонија со обединување на два македонски и еден косовски баталјон. Втора поголема воена единица била Втората македонска ударна бригада која што била формирана на 22 декември 1943 година [3]. На 26 февруари 1944 година во селото Жегљане, во близина на Куманово, била формирана Третата македонска ударна бригада. Овие три бригади биле јадрото на Народноослободителна Војска на Македонија, која по постојаните битки станувала бројчено посилна. Од 7.000 партизани на крајот на 1943 година, до завршните воените операции за ослободување на Југославија во април 1945 година, Народноослободителна Војска на Македонија се зголемила на три корпуси, седум дивизии и триесет бригади, со вкупно 100.000 редовни војници [4].

Војската била предводена од Главен штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија, на чело со Михајло Апостолски [5].

Команданти

[уреди | уреди извор]

Странски воени мисии при ГШ на НОВ и ПОМ

[уреди | уреди извор]

Број и состав на Народноослободителната војска на Македонија

[уреди | уреди извор]

Хронолошкиот број на НОВМ во текот на годините [6]:

Септември 1943 Крај на 1943 Август 1944[7][8] Крај на 1944[9] Март 1945 Мај 1945
Бројност 10.000 7.000 8.000 66.000 83.814 110.000
Штабот на втората чета на Народноослободителниот партизански одред Димитар Влахов 1942
Партизански одред Димитар Влахов
Одред Јане Сандански
Партизани на планината Мукос, 1942
НОПО Даме Груев
Партизанска колона на Народноослободителната војска на Македонија во Февруарскиот поход
Штабот на втората чета на Народноослободителниот партизански одред Димитар Влахов 1942
  1. Boro Mitrovski, Rad i funkcionisanje Glavnog štaba Makedonije u vreme formiranja armija, Armije u strategijskoj koncepciji NOR-a i Revolucije, Beograd, 1986;
  2. Јован Поповски „НОБ на Македонија“. Скопје, 1962
  3. Александар Стојановски, Иван Катарџиев, Данчо Зографски "Историја на Македонскиот Народ". Скопје, 1988
  4. Зимските операции на Македонска војска 1943/44 – Раде Гогов, носител на "Партизанска споменица 1941"
  5. History of the Army of the Republic of Macedonia - World War II Архивирано на 10 октомври 2007 г. - Ministry of Defense of the Republic of Macedonia Official site
  6. Cohen, Philip J.; Riesman, David (1996). Serbia's Secret War: Propaganda and the Deceit of History. Texas A&M University Press. ISBN 0890967601, p. 96.
  7. Bulgaria During the Second World War, Marshall Lee Miller, Stanford University Press, 1975, p. 202.
  8. Who Are the Macedonians? Hugh Poulton, C. Hurst & Co. Publishers, 2000. p. 104.
  9. The Slavonic and East European review, School of Slavonic and East European Studies, University of London, 1991, p. 304.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]