Прејди на содржината

Норман Мејлер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Норман Мејлер
Норман Мејлер фотографиран од Карл Ван Вехтен во 1948 година
Роден/аНахем Малех Мејлер
јануари 31, 1923(1923-01-31)
Лонг Бранч, Њу Џерси, САД
Починат/аноември 10, 2007(2007-11-10) (возр. 84)
Њујорк, САД
Занимање
  • Романописец
  • есеист
  • новинар
  • колумнист
  • поет
  • драматург
Апсолвент наХарвард (додипломец)
Период1941–2007
Потпис

Икона за портал Портал: „Книжевност

Нахем Малех Мејлер (англиски: Nachem Malech Mailer; 31 јануари 1923 – 10 ноември 2007 година), познат по неговиот псевдоним Норман Кингсли Мејлер (англиски: Norman Kingsley Mailer) ― американски писател, новинар, драматург и режисер.

Стекнал популарност со неговиот роман „Голи и мртви“ објавен во 1948 година. За романот Армии на ноќта од 1968 година добил Пулицерова награда за не-фикција и Национална награда за книга. Меѓу неговите најпознати дела е Песната на џелатот, добитник на Пулицерова награда за фикција во 1979 година.

Мејлер, заедно со Труман Капоти, Џоан Дидион и Том Волф, се смета за основоположник на „креативната не-фикција“ или „Ново новинарство“. Во 1955 година, бил еден од основачите на The Village Voice, неделен весник насочен кон уметноста и политиката, дистрибуиран во Гринич Вилиџ.

Во 1960 година, Мејлер бил осуден за напад и одлежал тригодишна условна казна откако за малку со нож ќе ја убиел неговата сопруга Адел Моралес. Во 1969 година, бил кандидат за градоначалник на Њујорк, но не успеал да победи на изборите.

Детство и образование

[уреди | уреди извор]

Нахем „Норман“ Малех („Крал“) Мејлер е роден во еврејско семејство во Лонг Бранч, Њу Џерси, на 31 јануари 1923 година.[1] [2] Неговиот татко, Исак Барнет Мејлер, бил сметководител[2] кој емигрирал од Јужна Африка; а неговата мајка Фани (моминско Шнајдер), водела агенција за нега на стари лица. Неговата сестра, Барбара, е родена во 1927 година.[3]

Мејлер детството го поминал во Бруклин.[1][1] Дипломирал во машкото средно училиште во Бруклин и во 1939 година се запишал на Харвардовиот колеџ. На Харвард, дипломирал инженерство, но како изборни предмети ги земал предметите по пишување.[1] Во 1941 година ја објавил неговата прва сторија, „Најголемото нешто на светот“, со која победил на натпреварот на на магазинот <i id="mwSw">Story</i>.[4]

Во 1943 година Мејлер дипломирал на Харвард. Во јануари 1944 година, непосредно пред да повикан во американската армија, се оженил со неговата прва сопруга Беатрис „Беа“ Силверман.[1]

Мејлер на неговото биро, 1967 година

Мејлер за 59 години напишал 12 романи. Откако зел курсеви по француски јазик и култура на Универзитетот во Париз во 1947-48 година, се вратил во САД. Во мај 1948 година го објавил романот „Голи и мртви“.[1] Романот 62 недели бил бестселер на Њујорк Тајмс, и бил единствен роман од Мејлер кој стигнал до прво место.[5] Многумина го сметале за еден од најдобрите американски романи за време на војната[4] и е вклучен во списокот на стоте најдобри романи на англиски јазик на дваесеттиот век од Модерната библиотека. Книгата се продала во преку милион примероци во првата година,[6] (три милиони до 1981 година).[7]

Варварски брег (1951) не била добро прифатена од критичарите.[8] Неговиот роман од 1955 година „Паркот на елените“ пред да биде отпечатен бил отфрлен од седум издавачи поради неговата наводна сексуална содржина. Имал лоши критики, но бил на листата на најпродавани книги, со продадени над 50.000 примероци во првата година.[1]

Кон средината на 1950-тите, Мејлер станал познат по неговите контракултурни есеи. Во 1955 година, бил коосновач на њујоршкиот неделник The Village Voice, кој објавувал истражувачки написи и политички анализи, како и културни статии. Неговите колумни во неделникот придонеле да ја открие неговата склоност кон новинарството.[9] Познатиот есеј на Мејлер „Белиот црнец“ (The White Negro) (1957) е меѓу најантологизираните и најконтроверзните есеи од повоениот период во САД.[10] Мејлер го реобјавил делото во 1959 година во неговата збирка Реклами за себе, која ја опишал како „Прво дело кое го напишав со стил кој би можел да го наречам свој“.[11] Рецензиите биле позитивни, а повеќето коментатори го нарекуваа негово откритие. [1]

Личен живот

[уреди | уреди извор]

Мејлер се женел шест пати и имал девет деца. Тој бил татко на осум деца од неговите сопруги и неформално го посвоил синот на неговата шеста сопруга од друг брак.

Смрт и наследство

[уреди | уреди извор]
Мејлер во 2006 година

Мејлер починал од акутна бубрежна инсуфициенција на 10 ноември 2007 година, еден месец откако имал операција на белите дробови во Менхетен, Њујорк.[12] Погребан е во Провинтаун, Масачусетс.[13]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Lennon 2013.
  2. 2,0 2,1 Dearborn 1999.
  3. McGrath 2007.
  4. 4,0 4,1 Lennon & Lennon 2018.
  5. Lennon 2008.
  6. Празен навод (help)
  7. Schoenvogel 2016.
  8. Rollyson 1991.
  9. Menand 2009.
  10. Lennon 1988.
  11. Mailer 2003.
  12. „Author Norman Mailer dies at 84“. BBC News. Entertainment. November 10, 2007. Посетено на September 15, 2017.
  13. Planet, Lonely (October 1, 2017). Culture Trails. Lonely Planet. ISBN 9781787011748 – преку Google Books.