Прејди на содржината

Нула по поведение (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Нула по поведение“ (француски: Zéro de conduite) — француски филм од 1933 година, во режија на Жан Виго, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Жан Дасте (Jean Dasté), Робер ле Флон (Robert le Flon) и Луј Лефевр (Louis Lefebvre). Филмот бил премиерно прикажан на 7 април 1933 година, а потоа бил забранет сè до 1945 година.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Во еден интернат за ученици се применуваат строги правила за однесување. Затоа, четворица ученици одлучуваат да кренат бунт. На денот на прославата, тие се качуваат на покривот и оттаму фрлаат предмети врз присутните гости.