Одвоено тело
Резонантен Заднептунец & Плутино Кубевани (класични ТКП) | Тело од Расеаниот Диск Одвоено тело |
Одвоено тело — динамична класа на мали планети на работ од Сончевиот Систем и се припадници на поширокото семејство на Заднептунци. Овие тела имаат орбити чии најблиски точки до Сонцето (перихел) се доволно далечни од гравитациското влијание на Нептун така што тие се само делумно зафатенио од Нептун и другите познати планети: на овој начин тие како да се „одвоени“ од остатокот од Сончевиот Систем, со исклучок на привлекувањето на Сонцето.[1][2]
На овој начин, одвоените тела значително се разликуваат од повеќето познати Заднептунци, кои образуваат лабаво дефинирано множество од населеност растроена до различни степени во нивната моментална орбита преку гравитациските средби со џиновски планети, воглавно она на Нептун. Одвоените тела имаат поголем перихел од останатите Заднептунци, вклучувајќи ги тука и телата во орбитална резонанција со Нептун, како што се Плутон, Класичните тела на Кајперовиот Појас во нерезонантна орбита како што е Макемаке, и телата од Расеаниот Диск како што е Ерида.
Одвоените тела во дел од научната литература се познати како надополнување на телата од Расеаниот Диск (Н-ТРД),[3] далечни одвоени тела (ДОТ),[4] или надополнети-расеани, како што се во формалната класификација на Длабокиот еклиптички преглед.[5] На овој начин се добива динамичкото градирање кое постои меѓу орбиталните параметри на расеаниот диск и населението на одвоени тела.
Досега се забележани девет вакви тела,[6] од кои најголемото, најдалечното, и најпознатото е Седна. Тие со перихел поголем од 50 ае се наречени Седноиди. Од 2018 година, познати се три Седноиди, Седна, 2012 VP113 и Лелеакухонуа.
Орбити
[уреди | уреди извор]Одвоените тела имаат перихел многу поголем од Нептуновиот афел. Тие честопати имаат крајно елиптична, многу голема орбита со големи полуоски од неколку стотини астрономски единици (ае, полупречникот на Земјината орбита). Овие орбити не можат да се создадат од гравитиациони расејувања предизвикани од џиновските планети, дури и од оние на Нептун. Наместо тоа, дадени се бројни објаснувања, вклучувајќи ја и средбата со ѕвезда кој поминала во близина[7] или пак далечни тела со големини на планети,[4] или самиот Нептун (кој можно е некогаш да имал позанесена орбита, од која ги повлекло телата во нивните моментални орбити)[8][9][10][11][12] или исфрлени планети (постоеле во почетниот Сончев Систем и подоцна биле исфрлени од истиот).[13][14][15]
Класификацијата според екипата од Длабокиот еклиптички преглед боведува формална разлика меѓу телата кои се расено-блиски (кои можно е да се расеани од Нептун) и расеано-издолжни тела (на пример 90377 Седна) користејќи го Тисерановиот параметар со вредност од 3.[5]
Предложената претпоставка за Планетата Девет наведува дека орбитите на неколку расеани тела може да се објаснат преку гравитациското влијание на големите, сè уште незабележани планети меѓу 200 ае и 1200 ае од Сонцето и/или влијанието на Нептун.[16]
Класификација
[уреди | уреди извор]Одвоените теласе едн од петте динамички класи на ЗНТ; другите четири класи се класични тела од Кајперовиот Појас, резонантни тела, тела од Расеаниот Диск (ТРД) и Седноиди. Одвоените тела вообичаено имаат перихел поголем од 40 АЕ, со што се спречени силните заемодејтва со Нептун, која пак има приближно кружна орбита на растојание од 30 АЕ од Сонцето. Сепак, не постојат јасни граници меѓу Расеаниот Диск и областите со одвоени тела, од причина што и двете области се ЗНТ и имаат пресечна област на растојанија од 37 и 40 АЕ.[6] Тело од оваа пресечна област кое е идентификувано е (120132) 2003 FY128.
Забележувањето на 90377 Седна во 2003 година, заедно со други тела откриени во тој период како што се (148209) 2000 CR105 и 2004 XR190, ја потикнало дебатата за категорија на далечни тела кои можно е да се дел од внатрешниот Ортов Облак или (поверојатно) преодни тела меѓу Расеаниот Диск и внатрешниот Ортов Облак.[2]
Иако Седна се вбројува како тело од Расеаниот Диск од страна на КМП, откривачот Мајкл Браун го дал тој предлог поради растојанието, односно перихел од 76 АЕ што пак значи дека е премногу далеку за да биде под влијсние на надворешните планети би требало да се вбројува како тело од внатрешниот Ортов Облак, а не како дел од Расеаниот Диск.[17] Оваа класификација на Седна како одвоено тело е се поприфатено во поновите трудови.[18]
Овој начин на размислување наведува дека недостатокот на значително гравитациско заемодејство со надворешните планети оформува продолжена надворешна група која започнува некаде меѓу перихелот на Седна од 76 АЕ и попознатите тела од Расеаниот Диск како што се 1996 TL66 (перихел од 35 АЕ), кое се наведува како тело од Расеаниот Диск според Длабокиот еклиптички преглед.[19]
Влијанието на Нептун
[уреди | уреди извор]Еден од проблемите со дефинирањето на оваа продолжена категорија е слабата резонанса која е можно да постои и е тешко докажлива поради хаотичните планетарни растројувања и моменталниот недостаток на точно определени орбити на овие далечни тела. Нивните орбитални периоди се поголеми од 300 години и нивното набљудување траело кратко лачно само неколку години. Поради големите растојанија и спорото движење во однос на позадинските ѕвезди, најверојатно ќе бидат потребни десетолетија пред повеќето од овие далечни орбити се определат со фдоволно голема прецизност за да се потврди или отфрли постоењето на резонанса. Дополнителното подобрување на пресметките за орбитите и потенцијалните резонанси на овие тела ќе помогне во разбирањето на поместувањето на џиновските планети и создавањето на Сончевиот Систем. За пример, симулациите спроведени од страна на Емелјаненко и Киселева во 2007 година покажуваат дека многу од далечните тела можно е да се во резонанса со Нептун. Се забележало дека посоти 10% можност 2000 CR105 е во резонанса со однос од 20:1, и шанса од 38% дека 2003 QK91 е во резонанса со однос од 10:3, и шанса од 84% дека (82075) 2000 YW134 е во резонанса со однос од 8:3.[20] Можната џуџеста планета (145480) 2005 TB190 најверојатно има шанса од околу 1% да е во резонанса со однос 4:1.[20]
Влијанието на можни планети кои постојат зад Нептун
[уреди | уреди извор]Мајк Браун кој ја постави претпоставката за постоењето на девета планета забележал дека „сите познати далечни тела се привлечени малку од Кајперовиот Појас, најверојатно се групираат под влијанието на претпоставената планета (особено тела со голема полуоска поголема од 100 АЕ и перихел поголем од 42 АЕ)."[21] Карлос де ла Фуенте и РалФ де ла Фуенте Маркос пресметале дека некои од статистички значајните коменсурабилности се во согласност со претпоставката за постоење на девета планета; особено, бројни тела како [б 1] кои се познати под името крајни заднептунски тела (КЗТ).[24] можно е да се заробени во резонатни односи од 5:3 и 3:1 со претпоставената девета планета ∼700 AU.[25]
Можни одвоени тела
[уреди | уреди извор]Ова е and therefore are likely to be detached objectсписокот на познати тела според намалувачки перихел, кои не може ласно да се расејат од моменталната орбита на Нептун и од таа причина се најверојатно одвоени тела, но сè уште се во внатрешноста на перихелната празнина меѓу ≈50–75 АЕ која ги дефинира седноидите:[26][27][28][29][30][31]
Телата кои се наведени подолу имаат перихел поголем од 40 АЕ, и голема полуоска поголема од 47,7 АЕ (резонансата од 1:2 со Нептун, и приближната надворешна граница на Кајперовиот Појас) [32]
Ознака | Пречник [33] (km) |
H | q (АЕ) |
a (АЕ) |
Q (АЕ) |
ω (°) | Година на откривање |
Откривач | Забелешки и наводи |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
2000 CR105 | 243 | 6.3 | 44.252 | 221.2 | 398 | 316.93 | 2000 | M. W. Buie | [34] |
2000 YW134 | 216 | 4.7 | 41.207 | 57.795 | 74.383 | 316.481 | 2000 | Spacewatch | ≈3:8 резонанса со Нептун |
2001 FL193 | 81 | 8.7 | 40.29 | 50.26 | 60.23 | 108.6 | 2001 | R. L. Allen, G. Bernstein, R. Malhotra | слабо истражена орбита множно е да не е ЗНТ |
2001 KA77 | 634 | 5.0 | 43.41 | 47.74 | 52.07 | 120.3 | 2001 | M. W. Buie | гранично класично ТКП |
2002 CP154 | 222 | 6.5 | 42 | 52 | 62 | 50 | 2002 | M. W. Buie | слабоистражена орбита, но дефинитивно е одвоено тело |
2003 UY291 | 147 | 7.4 | 41.19 | 48.95 | 56.72 | 15.6 | 2003 | M. W. Buie | гранично класично ТКП |
Sedna | 995 | 1.5 | 76.072 | 483.3 | 890 | 311.61 | 2003 | M. E. Brown, C. A. Trujillo, D. L. Rabinowitz | Седноид |
2004 PD112 | 267 | 6.1 | 40 | 70 | 90 | 40 | 2004 | M. W. Buie | слабоистражена орбита, можно е да не е одвоено тело |
2004 VN112 | 222 | 6.5 | 47.308 | 315 | 584 | 326.925 | 2004 | Cerro Tololo (unspecified) | [35][36][37] |
2004 XR190 | 612 | 4.1 | 51.085 | 57.336 | 63.586 | 284.93 | 2004 | R. L. Allen, B. J. Gladman, J. J. Kavelaars J.-M. Petit, J. W. Parker, P. Nicholson |
Псевдо седноид, голема накосеност; Нептунова резонанса на средното движење (MMR), придружена со Козајова резонанса (KR) го обликуваат занесувањето и накосеноста на 2004 XR190 при што се добива голем перихел[34][38][39] |
2005 CG81 | 267 | 6.1 | 41.03 | 54.10 | 67.18 | 57.12 | 2005 | CFEPS | — |
2005 EO297 | 161 | 7.2 | 41.215 | 62.98 | 84.75 | 349.86 | 2005 | M. W. Buie | — |
2005 TB190 | 372 | 4.5 | 46.197 | 75.546 | 104.896 | 171.023 | 2005 | A. C. Becker, A. W. Puckett, J. M. Kubica | Нептунова резонанса на средното движење (MMR), придружена со Козајова резонанса (KR) го обликуваат занесувањето при што се добива голем перихел[39] |
2006 AO101 | 168 | 7.1 | -- | -- | -- | -- | 2006 | Mauna Kea (unspecified) | слабоистражена орбита, можно е да не е ЗНТ |
2007 JJ43 | 558 | 4.5 | 40.383 | 48.390 | 56.397 | 6.536 | 2007 | Palomar (unspecified) | гранично класично ТКП |
2007 LE38 | 176 | 7.0 | 41.798 | 54.56 | 67.32 | 53.96 | 2007 | Mauna Kea (unspecified) | — |
2008 ST291 | 640 | 4.2 | 42.27 | 99.3 | 156.4 | 324.37 | 2008 | M. E. Schwamb, M. E. Brown, D. L. Rabinowitz | ≈1:6 резонанса со Нептун |
2009 KX36 | 111 | 8.0 | -- | 100 | 100 | -- | 2009 | Mauna Kea (unspecified) | слабоистражена орбита, можно е да не е ЗНТ |
2010 DN93 | 486 | 4.7 | 45.102 | 55.501 | 65.90 | 33.01 | 2010 | Pan-STARRS | ≈2:5 резонанса со Нептун; Нептунова резонанса на средното движење (MMR), придружена со Козајова резонанса (KR) го обликуваат занесувањето при што се добива голем перихел[39] |
2010 ER65 | 404 | 5.0 | 40.035 | 99.71 | 159.39 | 324.19 | 2010 | D. L. Rabinowitz, S. W. Tourtellotte | — |
2010 GB174 | 222 | 6.5 | 48.8 | 360 | 670 | 347.7 | 2010 | Mauna Kea (unspecified) | — |
2012 FH84 | 161 | 7.2 | 42 | 56 | 70 | 10 | 2012 | Las Campanas (unspecified) | — |
2012 VP113 | 702 | 4.0 | 80.47 | 256 | 431 | 293.8 | 2012 | S. S. Sheppard, C. A. Trujillo | Седноид |
2013 FQ28 | 280 | 6.0 | 45.9 | 63.1 | 80.3 | 230 | 2013 | S. S. Sheppard, C. A. Trujillo | ≈1:3 резонанса со Нептун; Нептунова резонанса на средното движење (MMR), придружена со Козајова резонанса (KR) го обликуваат занесувањето при што се добива голем перихел[39] |
2013 FT28 | 202 | 6.7 | 43.5 | 310 | 580 | 40.3 | 2013 | S. S. Sheppard | — |
2013 GP136 | 212 | 6.6 | 41.061 | 155.1 | 269.1 | 42.38 | 2013 | OSSOS | — |
2013 GQ136 | 222 | 6.5 | 40.79 | 49.06 | 57.33 | 155.3 | 2013 | OSSOS | гранично класично ТКП |
2013 GG138 | 212 | 6.6 | 46.64 | 47.792 | 48.946 | 128 | 2013 | OSSOS | гранично класично ТКП |
2013 JD64 | 111 | 8.0 | 42.603 | 73.12 | 103.63 | 178.0 | 2013 | OSSOS | — |
2013 JJ64 | 147 | 7.4 | 44.04 | 48.158 | 52.272 | 179.8 | 2013 | OSSOS | гранично класично ТКП |
2013 SY99 | 202 | 6.7 | 50.02 | 694 | 1338 | 32.1 | 2013 | OSSOS | — |
2013 SK100 | 134 | 7.6 | 45.468 | 61.61 | 77.76 | 11.5 | 2013 | OSSOS | — |
2013 UT15 | 255 | 6.3 | 43.89 | 195.7 | 348 | 252.33 | 2013 | OSSOS | — |
2013 UB17 | 176 | 7.0 | 44.49 | 62.31 | 80.13 | 308.93 | 2013 | OSSOS | — |
2013 VD24 | 128 | 7.8 | 40 | 50 | 70 | 197 | 2013 | Dark Energy Survey | слабоистражена орбита, можно е да не е ЗНТ |
2013 YJ151 | 336 | 5.4 | 40.866 | 72.35 | 103.83 | 141.83 | 2013 | Pan-STARRS | — |
2014 EZ51 | 770 | 3.7 | 40.70 | 52.49 | 64.28 | 329.84 | 2014 | Pan-STARRS | — |
2014 FC69 | 533 | 4.6 | 40.28 | 73.06 | 105.8 | 190.57 | 2014 | S. S. Sheppard, C. A. Trujillo | |
2014 FZ71 | 185 | 6.9 | 55.9 | 76.2 | 96.5 | 245 | 2014 | S. S. Sheppard, C. A. Trujillo | Псевдо седноид; ≈1:4 резонанса со Нептун;Нептунова резонанса на средното движење (MMR), придружена со Козајова резонанса (KR) го обликуваат занесувањето при што се добива голем перихел[39] |
2014 FC72 | 509 | 4.5 | 51.670 | 76.329 | 100.99 | 32.85 | 2014 | Pan-STARRS | Псевдо седноид; ≈1:4 резонанса со Нептун; Нептунова резонанса на средното движење (MMR), придружена со Козајова резонанса (KR) го обликуваат занесувањето при што се добива голем перихел[39] |
2014 JM80 | 352 | 5.5 | 46.00 | 63.00 | 80.01 | 96.1 | 2014 | Pan-STARRS | ≈1:3 резонанса со Нептун; Нептунова резонанса на средното движење (MMR), придружена со Козајова резонанса (KR) го обликуваат занесувањето при што се добива голем перихел[39] |
2014 JS80 | 306 | 5.5 | 40.013 | 48.291 | 56.569 | 174.5 | 2014 | Pan-STARRS | гранично класично ТКП |
2014 OJ394 | 423 | 5.0 | 40.80 | 52.97 | 65.14 | 271.60 | 2014 | Pan-STARRS | во резонанса од 3:7 со Нептун |
2014 QR441 | 193 | 6.8 | 42.6 | 67.8 | 93.0 | 283 | 2014 | Dark Energy Survey | — |
2014 SR349 | 202 | 6.6 | 47.6 | 300 | 540 | 341.1 | 2014 | S. S. Sheppard, C. A. Trujillo | — |
2014 SS349 | 134 | 7.6 | 45 | 140 | 240 | 148 | 2014 | S. S. Sheppard, C. A. Trujillo | ≈2:10 резонанса со Нептун; Нептунова резонанса на средното движење (MMR), придружена со Козајова резонанса (KR) го обликуваат занесувањето при што се добива голем перихел[40] |
2014 ST373 | 330 | 5.5 | 50.13 | 104.0 | 157.8 | 297.52 | 2014 | Dark Energy Survey | — |
2014 UT228 | 154 | 7.3 | 43.97 | 48.593 | 53.216 | 49.9 | 2014 | OSSOS | гранично класично ТКП |
2014 UA230 | 222 | 6.5 | 42.27 | 55.05 | 67.84 | 132.8 | 2014 | OSSOS | — |
2014 UO231 | 97 | 8.3 | 42.25 | 55.11 | 67.98 | 234.56 | 2014 | OSSOS | — |
2014 WK509 | 584 | 4.0 | 40.08 | 50.79 | 61.50 | 135.4 | 2014 | Pan-STARRS | — |
2014 WB556 | 147 | 7.4 | 42.6 | 280 | 520 | 234 | 2014 | Dark Energy Survey | — |
2015 AL281 | 293 | 6.1 | 42 | 48 | 54 | 120 | 2015 | Pan-STARRS | гранично класично ТКП слабоистражена орбита, можно е да не е одвоено тело |
2015 AM281 | 486 | 4.8 | 41.380 | 55.372 | 69.364 | 157.72 | 2015 | Pan-STARRS | — |
2015 BE519 | 352 | 5.5 | 44.82 | 47.866 | 50.909 | 293.2 | 2015 | Pan-STARRS | гранично класично ТКП |
2015 FJ345 | 117 | 7.9 | 51 | 63.0 | 75.2 | 78 | 2015 | S. S. Sheppard, C. A. Trujillo | Псевдо седноид; ≈1:3 резонаса со Нептун; Нептунова резонанса на средното движење (MMR), придружена со Козајова резонанса (KR) го обликуваат занесувањето при што се добива голем перихел[39] |
2015 GP50 | 222 | 6.5 | 40.4 | 55.2 | 70.0 | 130 | 2015 | S. S. Sheppard, C. A. Trujillo | — |
2015 KH162 | 671 | 3.9 | 41.63 | 62.29 | 82.95 | 296.805 | 2015 | S. S. Sheppard, D. J. Tholen, C. A. Trujillo | — |
2015 KG163 | 101 | 8.3 | 40.502 | 826 | 1610 | 32.06 | 2015 | OSSOS | — |
2015 KH163 | 117 | 7.9 | 40.06 | 157.2 | 274 | 230.29 | 2015 | OSSOS | ≈1:12 резонанса со Нептун |
2015 KE172 | 106 | 8.1 | 44.137 | 133.12 | 222.1 | 15.43 | 2015 | OSSOS | 1:9 резонанса со Нептун |
2015 KG172 | 280 | 6.0 | 42 | 55 | 69 | 35 | 2015 | R. L. Allen D. James D. Herrera |
слабоистражена орбита, можно е да не станува збор за одвоено тело might |
2015 KQ174 | 154 | 7.3 | 49.31 | 55.40 | 61.48 | 294.0 | 2015 | Mauna Kea (unspecified) | Псевдо седноид; ≈2:5 резонаса со Нептун;Нептунова резонанса на средното движење (MMR), придружена со Козајова резонанса (KR) го обликуваат занесувањето при што се добива голем перихел [39] |
2015 RX245 | 255 | 6.2 | 45.5 | 410 | 780 | 65.3 | 2015 | OSSOS | — |
Leleākūhonua | 300 | 5.5 | 65.02 | 1042 | 2019 | 118.0 | 2015 | S. S. Sheppard, C. A. Trujillo, D. J. Tholen | Седноид |
2017 DP121 | 161 | 7.2 | 40.52 | 50.48 | 60.45 | 217.9 | 2017 | — | |
2017 FP161 | 168 | 7.1 | 40.88 | 47.99 | 55.1 | 218 | 2017 | гранично класично ТКП | |
2017 SN132 | 97 | 5.8 | 40.949 | 79.868 | 118.786 | 148.769 | 2017 | S. S. Sheppard, C. A. Trujillo, D. J. Tholen | |
2018 VM35 | 134 | 7.6 | 45.289 | 240.575 | 435.861 | 302.008 | 2018 | ??? |
Следниве тела исто така може да се разгледуваат како одвоени тела, но со малку покуси растојанија на перихелот од 38-40 АЕ.
Ознака | Пречник [33] (km) |
H | q (AU) |
a (AU) |
Q (AU) |
ω (°) | Година на откривање |
Откривач | NЗабелешки и наводи |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
2003 HB57 | 147 | 7.4 | 38.116 | 166.2 | 294 | 11.082 | 2003 | Mauna Kea (unspecified) | — |
2003 SS422 | 168 | >7.1 | 39 | 200 | 400 | 210 | 2003 | Cerro Tololo (unspecified) | слабоистражена орбита, можно е да не е одвоено тело |
2005 RH52 | 128 | 7.8 | 38.957 | 152.6 | 266.3 | 32.285 | 2005 | CFEPS | — |
2007 TC434 | 168 | 7.0 | 39.577 | 128.41 | 217.23 | 351.010 | 2007 | Las Campanas (unspecified) | 1:9 резонанаса со Нептун |
2012 FL84 | 212 | 6.6 | 38.607 | 106.25 | 173.89 | 141.866 | 2012 | Pan-STARRS | — |
2014 FL72 | 193 | 6.8 | 38.1 | 104 | 170 | 259.49 | 2014 | Cerro Tololo (unspecified) | — |
2014 JW80 | 352 | 5.5 | 38.161 | 142.62 | 247.1 | 131.61 | 2014 | Pan-STARRS | — |
2014 YK50 | 293 | 5.6 | 38.972 | 120.52 | 202.1 | 169.31 | 2014 | Pan-STARRS | — |
2015 GT50 | 88 | 8.6 | 38.46 | 333 | 627 | 129.3 | 2015 | OSSOS | — |
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Класично тело од Кајперовиот Појас
- Список на тела од Сончевиот Систем подредени по афел
- Список на Заднептунци
- Крајни Заднептунци
- Планети зад Нептун
Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Дванаесет мали планети со големи полуоски поголеми од 150 АЕ и перихел поголем од 30 АЕ.[22] 2003 SS422 не се вбројува бидејќи има observation arc од само 76 дена и со тоа не е доволно добро осознаена неговата голема полуоска.[23]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Lykawka, P.S.; Mukai, T. (2008). „An outer planet beyond Pluto and the origin of the trans-Neptunian belt architecture“. Astronomical Journal. 135 (4): 1161–1200. arXiv:0712.2198. Bibcode:2008AJ....135.1161L. doi:10.1088/0004-6256/135/4/1161.
- ↑ 2,0 2,1 Jewitt, D.; Delsanti, A. (2006). „The Solar System Beyond the Planets“. Solar System Update: Topical and Timely Reviews in Solar System Sciences (PDF) (Springer-Praxis. изд.). ISBN 3-540-26056-0. Архивирано од изворникот (PDF) на 29 јануари 2007.
- ↑ Gladman, B.; и др. (2002). „Evidence for an extended scattered disk“. Icarus. 157 (2): 269–279. arXiv:astro-ph/0103435. Bibcode:2002Icar..157..269G. doi:10.1006/icar.2002.6860.
- ↑ 4,0 4,1 Gomes, Rodney S.; Matese, J.; Lissauer, Jack (2006). „A distant planetary-mass solar companion may have produced distant detached objects“. Icarus. Elsevier. 184 (2): 589–601. Bibcode:2006Icar..184..589G. doi:10.1016/j.icarus.2006.05.026.
- ↑ 5,0 5,1 Elliot, J.L.; Kern, S.D.; Clancy, K.B.; Gulbis, A.A.S.; Millis, R.L.; Buie, M.W.; Wasserman, L.H.; Chiang, E.I.; Jordan, A.B.; Trilling, D.E.; Meech, K.J. (2006). „The Deep Ecliptic Survey: A search for Kuiper belt objects and centaurs. II. Dynamical classification, the Kuiper belt plane, and the core population“ (PDF). The Astronomical Journal. 129 (2): 1117–1162. Bibcode:2005AJ....129.1117E. doi:10.1086/427395.
- ↑ 6,0 6,1 Lykawka, Patryk Sofia; Mukai, Tadashi (July 2007). „Dynamical classification of trans-neptunian objects: Probing their origin, evolution, and interrelation“. Icarus. 189 (1): 213–232. Bibcode:2007Icar..189..213L. doi:10.1016/j.icarus.2007.01.001.
- ↑ Morbidelli, Alessandro; Levison, Harold F. (November 2004). „Scenarios for the Origin of the Orbits of the Trans-Neptunian Objects 2000 CR105 and 2003 VB12“. The Astronomical Journal. 128 (5): 2564–2576. arXiv:astro-ph/0403358. Bibcode:2004AJ....128.2564M. doi:10.1086/424617.
- ↑ Gladman, B.; Holman, M.; Grav, T.; Kavelaars, J.; Nicholson, P.; Aksnes, K.; Petit, J.-M. (2002). „Evidence for an extended scattered disk“. Icarus. 157 (2): 269–279. arXiv:astro-ph/0103435. Bibcode:2002Icar..157..269G. doi:10.1006/icar.2002.6860.
- ↑ „Mankind's Explanation: 12th Planet“.
- ↑ „A comet's odd orbit hints at hidden planet“.
- ↑ „Is There a Large Planet Orbiting Beyond Neptune?“.[мртва врска]
- ↑ „Signs of a Hidden Planet?“.
- ↑ Mozel, Phil (2011). „Dr. Brett Gladman“. Journal of the Royal Astronomical Society of Canada. A moment with ... 105 (2): 77. Bibcode:2011JRASC.105...77M.
- ↑ Gladman, Brett; Chan, Collin (2006). „Production of the Extended Scattered Disk by Rogue Planets“. The Astrophysical Journal. 643 (2): L135–L138. Bibcode:2006ApJ...643L.135G. CiteSeerX 10.1.1.386.5256. doi:10.1086/505214.
- ↑ „The long and winding history of Planet X“. Архивирано од изворникот на 2016-02-15. Посетено на 2020-08-07.
- ↑ Batygin, Konstantin; Brown, Michael E. (20 January 2016). „Evidence for a distant giant planet in the Solar system“. The Astronomical Journal. 151 (2): 22. arXiv:1601.05438. Bibcode:2016AJ....151...22B. doi:10.3847/0004-6256/151/2/22.
- ↑ Brown, Michael E. „Sedna (The coldest most distant place known in the solar system; possibly the first object in the long-hypothesized Oort cloud)“. California Institute of Technology, Department of Geological Sciences. Посетено на 2 јули 2008.
- ↑ Jewitt, D.; Moro-Martın, A.; Lacerda, P. (2009). „The Kuiper belt and other debris disks“. Astrophysics in the Next Decade (PDF). Springer Verlag.
- ↑ Buie, Marc W. (28 декември 2007). „Orbit fit and astrometric record for 15874“. Space Science Department. SwRI. Посетено на 12 ноември 2011.
- ↑ 20,0 20,1 Emel’yanenko, V.V. (2008). „Resonant motion of trans-Neptunian objects in high-eccentricity orbits“. Astronomy Letters. 34 (4): 271–279. Bibcode:2008AstL...34..271E. doi:10.1134/S1063773708040075. S2CID 122634598.(subscription required)
- ↑ Mike Brown. „Why I believe in Planet Nine“. Архивирано од изворникот на 2019-10-24. Посетено на 9 јули 2021.
- ↑ „Minor Planets with semi-major axis greater than 150 AU and perihelion greater than 30 AU“.
- ↑ „2003 SS422 semi-major axis“.
- ↑ C. de la Fuente Marcos; R. de la Fuente Marcos (1 септември 2014). „Extreme trans-Neptunian objects and the Kozai mechanism: Signalling the presence of trans-Plutonian planets“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 443 (1): L59–L63. arXiv:1406.0715. Bibcode:2014MNRAS.443L..59D. doi:10.1093/mnrasl/slu084. S2CID 118622180.
- ↑ de la Fuente Marcos, Carlos; de la Fuente Marcos, Raúl (21 July 2016). „Commensurabilities between ETNOs: a Monte Carlo survey“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society: Letters. 460 (1): L64–L68. arXiv:1604.05881. Bibcode:2016MNRAS.460L..64D. doi:10.1093/mnrasl/slw077. S2CID 119110892.
- ↑ Michael E. Brown (10 септември 2013). „How many dwarf planets are there in the outer solar system? (updates daily)“. California Institute of Technology. Архивирано од изворникот на 18 октомври 2011. Посетено на 27 мај 2013.
Diameter: 242km
- ↑ „objects with perihelia between 40–55 ае and aphelion more than 60 ае“.
- ↑ „objects with perihelia between 40–55 AU and aphelion more than 100 AU“.
- ↑ „objects with perihelia between 40–55 AU and semi-major axis more than 50 AU“.
- ↑ „objects with perihelia between 40–55 AU and eccentricity more than 0.5“.
- ↑ „objects with perihelia between 37–40 AU and eccentricity more than 0.5“.
- ↑ „MPC list of q > 40 and a > 47.7“. Minor Planet Center. Посетено на 7 May 2018.
- ↑ 33,0 33,1 „List of Known Trans-Neptunian Objects“. Johnston's Archive. 7 October 2018. Посетено на 23 October 2018.
- ↑ 34,0 34,1 E. L. Schaller; M. E. Brown (2007). „Volatile loss and retention on Kuiper belt objects“ (PDF). Astrophysical Journal. 659 (1): I.61–I.64. Bibcode:2007ApJ...659L..61S. doi:10.1086/516709. Посетено на 2008-04-02.
- ↑ Buie, Marc W. (8 ноември 2007). „Orbit Fit and Astrometric record for 04VN112“. SwRI (Space Science Department). Архивирано од изворникот на 18 август 2010. Посетено на 17 јули 2008.
- ↑ „JPL Small-Body Database Browser: (2004 VN112)“. Посетено на 2015-02-24.
- ↑ „List Of Centaurs and Scattered-Disk Objects“. Посетено на 5 јули 2011.
Discoverer: CTIO
- ↑ R. L. Allen; B. Gladman (2006). „Discovery of a low-eccentricity, high-inclination Kuiper Belt object at 58 ае“. The Astrophysical Journal. 640 (1): L83–L86. arXiv:astro-ph/0512430. Bibcode:2006ApJ...640L..83A. doi:10.1086/503098. S2CID 15588453.
- ↑ 39,0 39,1 39,2 39,3 39,4 39,5 39,6 39,7 39,8 Sheppard, Scott S.; Trujillo, Chadwick; Tholen, David J. (July 2016). „Beyond the Kuiper Belt Edge: New High Perihelion Trans-Neptunian Objects with Moderate Semimajor Axes and Eccentricities“. The Astrophysical Journal Letters. 825 (1): L13. arXiv:1606.02294. Bibcode:2016ApJ...825L..13S. doi:10.3847/2041-8205/825/1/L13. S2CID 118630570.
- ↑ Sheppard, Scott S.; Trujillo, Chad (August 2016). „New Extreme Trans-Neptunian Objects: Towards a Super-Earth in the Outer Solar System“. Astrophysical Journal. 152 (6): 221. arXiv:1608.08772. Bibcode:2016AJ....152..221S. doi:10.3847/1538-3881/152/6/221. S2CID 119187392.
|
|