Прејди на содржината

Парасимпатолитични средства

Непроверена
Од Википедија — слободната енциклопедија

Тоа се група лекови кои по компетитивен пат ги антагонизираат дејствата на ацетахолинот врз мускаринските рецептори, а истовремено се способни да ги инхибираат дејствата кои се добиваат при стимулација на холинергичките нерви.
Поделени се во две групи :

  • Природни парасимпатолитични лекови
  • Синтетички парасимпатолитични лекови

Природни парасимпатолитични лекови

[уреди | уреди извор]

Во оваа група спаѓаат два алкаоида, кои се добиваат до некои билки како што се: Atropa Belladonna (лудо биље), и Hyoscyamus niger (буника). Овие два алкалоида се : Атропин и Скополамин. (Atropin и Scopolamin).

Atropa belladonna
Hyoscyamus niger

Фармаколошките дејства на двата природни лека се слични, со мали разлики кои ќе бидат нагласени. Двата лека се врзуваат за мускаринските рецептори врз кои дејствува ацетилхолинот во некои органи како што се: мазни мускули, срце, жлезди со надворешно лачење.
Дејства врз одделени системи:
ЦНС: Атропинот во почетокот покажува стимуларно дејство врз повисоките зони во ЦНС, а подоцна следува депресина. Скополаминот пак од почетокот покажува силно депресивно дејство.

Кардиоваскуларен систем

[уреди | уреди извор]

Во тераписките дози немаат некои битни дејства, додека при давање на големи дози настапува тахикардија.

Гастроинтестинален тракт

[уреди | уреди извор]

Дадени во тераписките дози, тие го редуцираат моталитетот и тонусот на овој систем, со едновермена редукција на лачењето на жлезди со надворешна секреција (во желудникот, панкерасот и др.). Поради намалената секреција на жлездите во устата, устата станува сува и човек тешко голта.

Апликацијата на 0,5%--1% дава мидријаза со парализа на акомодација, а кај пациенти кои се склони кон глaуком доаѓа до пораст на интраокуларниот притисок. Овие дејства на атропинот врз очите (овој лек се користи во офталмологијата) траат долго време (7--10 дена) при што човек има нарушен вид, а заради тоа и несигурен од. При системската апликација, дејствата траат само неколку часа.

Респираторен систем

[уреди | уреди извор]

Врз овој систем покажуваат бронходилаторното дејство, последно со инхибиција на секрецијата на жлездите (сува уста, фаринкс, бронхи).

Потни жлезди

[уреди | уреди извор]

Инхибициа на нивната секреција, поради што е спречено потење, па при труења кожата се зацрвенува, а телесната температура расте.

Начин на давање, судбина во организмот и елиминација

[уреди | уреди извор]

Овие алкалоиди добро се резорбираат од дигестивниот тракт, како и по локална апликација (очи). Се дистрибутира речиси во сите ткива. Се метаболизираат во црниот дроб, а се елиминираат главно преку бубрезите. Двата лека минуваат во плацентата.

Индификации

[уреди | уреди извор]

Офтамологија: локално атропин по концентрации 0,5%--1% за имобилација на пупилата при хируршки зафати. Во преанестетичната медикација се даваат двата лека со цел пациентот да се седира, како и да се намали секрецијата во плунковите и бронхиалните жлезди.
Во терапија на Паркинсовата болест. Кинетози, поефикасен е Скополамин.
Бронхиална астма.
Ulcus pepticus,спазма на пилорус кај новородени деца. Спазми во дигестивниот тракт, уринарниот и во жолчните патишта.
Мениеров синдром.
Токсичниот синдром на природните парасимпатолитици. До нив доаѓа при нагла резорпција, или при јадење на полови од некои билки. Симпроматологијата е бурна, поставувањето дијагноза е мошне тешко. Пациентот има интензивно црвена кожа, висока температура. Терапијата на труењето е симптоматска, снижување на телесната температура, барбитурати за да се смири, како и давање на пилокапин кој е антагонист на атропиот и скополаминот.

Синтетички замени за алкалоидите од беладона

[уреди | уреди извор]

Овие лекови се поделени во 3 групи :

  • Со претежно дејство на очите;
  • Со претежно дејство на дигестивниот тракт;
  • Со претежно дејство на ЦНС.

Со претежно дејство на очи Хоматропин (Homatropin)

[уреди | уреди извор]

Се користи како 2% раствор од офталмологијата за предизвикување на дријаза при преглед на очното дно.
Еумидрин (Eumidrin) се користи како 0,5%--1% раствор за мидриаза.

Со претежно дејство на дигестивниот тракт

[уреди | уреди извор]

Во оваа група спаѓаат поголем број на лекови кои имаат силно спазмолитично дејство во дигестивниот тракт, а нивната способност да ја намалат секрецијата на хлородоводородната кислениа е малку послаба. Меѓу почесто користените средства ќе ги споменеме: Бантин (Bantin), Пробантин (Probantin), Бускопан (Buscopan), Дарикон (Daricoon), Антренил (Anrenyl), Авакан (Avacan) и др. Индикации: Спазми од дигестивниот тракт (желудник, црева, жолчни мочни и генитални органи). Нивната ефикасност во терапијата на улкус вожелудникот или дуденумот е послаба од онаа на атропинот. Дози: дозите им се движат меѓу 10 мг (Дарикон) до 50 мг (Бантин).

Со претежно дејство на центраниот нервен систем

[уреди | уреди извор]

Ова се група лекови кои се користат во терапија на Паркинсовата болест или на некои слични состојби кои настануваат при лекување со некои лекови. Меѓу почесто користените лекови од оваа група спаѓаат: Бипериден (Biperiden) (Akineton), Карамифен (Karamphen)(Panparnit), Орфенадрин (Orphenadrin)(Disipal), Трихексифенидил (Trihexyphenydil)(Artane). Индификации: Паркисонова болест и слични синдроми кои се јавуваат при употреба на големи дози на фенотиазински лекови при терапија на психози.