Парк на водопадите
Парк на водопадите | |
---|---|
Πάρκο των Καταρρακτών | |
Водопад во паркот | |
Место | Воден, Егејска Македонија |
Површина | 10 ха |
Создаден | 1942 |
Стопанисувач | Општина Воден |
Статус | градски парк |
Парк на водопадите (грчки: Πάρκο των Καταρρακτών) — парк во градот Воден, Егејска Македонија, чија главна знаменитост се познатите Воденски водопади на реката Вода. Сместен е во источниот дел на градот, северно од старата градска населба Варош и зафаќа вкупно 10 хектари. На неговата јужна граница се сместени погоните на старата Воденска јажарница, денес прогласена за споменик на културата.[1] Во XIX век и подоцна тука се изградени и погони на други производни претпријатија.
Меѓу патеките на паркот е и стариот пат кој бил дел од познатата магистрала Вија Егнација[2] и ги поврзувал древниот град Едеса и Воденската тврдина (Варошот) со Солун сè до почетокот на XX век.
Историја
[уреди | уреди извор]Водопадите се образувале во XIV век по пат на силна природна појава (можеби земјотрес). Поради ова, со време карпите напукнале и низ тие пукнатини се пробиле водите од езерото кое тогаш постоело во западниот дел на градот.[1]
Подрачјето на паркот служело како градски гробишта сè до германската окупација за време на Втората светска војна. Летото 1942 г. Германците ги срушиле гробиштата и создале парковскиот простор со цветни леи, градини, засадиле дрјва и направиле две пливалишта за војниците.[1]
По крајот на војната паркот прешол во надлежност на општината, која се погрижила за неговото одржување и изградила инфраструктура за да го направи подостапен за граѓаните. Во 1960-тите донесено е решение паркот да се уништи и да се создаде друго езеро, чија електрана би давало повеќе електрична енергија. Поради остра реакција од јавноста и големи простести, владата на Константин Караманлис поднела оставка и Паркот на водопадите продолжил да постои.[1]
Во минатото имало 11-12 водопади, од кои денес се останати 7, а само 2 од нив се достапни за посетителите. Најголемиот водопат е наречен Каран (Κάρανος) и е висок 70 метри. Водите на водопадите немаат постојат тек, бидејќи се регулираат за потребите на хидроцентралата на недалечното Владовско Езеро.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Έδεσσα: Με τη δύναμη του νερού“. Η Διαδρομή. 4 јуни 2013. Посетено на 20 март 2018.
- ↑ „Archaeological Site of Edessa - GTP“. Посетено на 26 август 2018.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Парк на водопадите на Ризницата ?