Песна на Германците
макед. Песната на Германците | |
---|---|
Факсимил од записот на Хофман фон Фалерслебен | |
Национална химна на Германија | |
Друг наслов | Das Deutschlandlied (Песната на Германија) Deutschland über alles (Германија над сè) |
Текст | Хофман фон Фалерслебен, 1841 г. |
Музика | Јозеф Хајдн, 1797 г. |
Усвоена | 1922 г. |
Звучен извадок | |
инструментална верзија на германската химна | |
Песна на Германците (гер. Das Lied der Deutschen) — државна химна на Германија. Текстот го напишал Август Хајнрих Хофман фон Фалерслебен на 26 август 1841 година на островот Хелголанд[1].
Музиката ја напишал Јозеф Хајдн. Најпрвин, музиката била компонирана за химната на Австрија, за текстот на песната “Боже, чувај го императорот Франц“ (Gott erhalte Franz den Kaiser).
Фалерслебен ја напишал „Песната на Германците“ (Das Lied der Deutschen) во време кога Германија сè уште била разделена на кралства и принципати. Песната ја изразувала неговата желба за обединета и силна Германија. Стихот “Германија, Германија над сè, над сè во светот“ (Deutschland, Deutschland über alles, über alles in der Welt) значи дека Германците и нивните владетели мораат пред очите да ја имаат обединета Германија како цел. Во времето на Фалерслебен, текстот на песната имал револуционерен и либерален призвук, бидејќи повикот на обединување на Германија обично вклучувал и барања за слобода на весниците и поголеми граѓански права.
Сите три строфи станале државна химна на Германија во 1922 година. Меѓутоа, наскоро песната почнала да ја користи нацистичката партија на Хитлер во склад со својата идеологија. Првиот стих членовите на партијата го протолкувале како “Германија мора да владее со целиот свет“, а сликата на Фалерслебен за обединета татковина ја промениле во Трет Рајх, што довело до Втората светска војна.
Во 1949 година, кога Западна Германија се формирала како демократска држава, Германците заклучиле дека поради споменатиот негативен призвук не можат да ги користат сите строфи. Сепак, не сакале ни да ја отфрлат песната, затоа што изворно била создадена со желба за демократија. Затоа ја задржале како државна химна.
Денес германска државна химна е само третата строфа. Првите две строфи не се забранети, но никогаш не се пеат во официјални пригоди. Пеењето или користењето на првата строфа може да се протолкува како изразување на десничарски политички став.
Текст
[уреди | уреди извор]германски | македонски | |
---|---|---|
прва строфа | ||
Deutschland, Deutschland über alles, |
Германија, Германија над сè, | |
втора строфа | ||
Deutsche Frauen, deutsche Treue, |
Германските жени, германската верност, | |
трета строфа (Германска химна) | ||
Einigkeit und Recht und Freiheit |
Единство и правда и слобода |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Historical Notes, DAS LIED DER DEUTSCHEN Deutschland, Deutschland ueber Alles..., www.brandenburghistorica.com
|