Прејди на содржината

Рамна

Координати: 41°5′23″N 21°11′8″E / 41.08972° СГШ; 21.18556° ИГД / 41.08972; 21.18556
Од Википедија — слободната енциклопедија
Рамна

Традиционална староградска архитектура во селото

Рамна во рамките на Македонија
Рамна
Местоположба на Рамна во Македонија
Рамна на карта

Карта

Координати 41°5′23″N 21°11′8″E / 41.08972° СГШ; 21.18556° ИГД / 41.08972; 21.18556
Регион  Пелагониски
Општина  Битола
Област Ѓават-Кол
Население 22 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7314
Повик. бр. 045
Шифра на КО 02100
Надм. вис. 820 м
Рамна на општинската карта

Атарот на Рамна во рамките на општината
Рамна на Ризницата

Рамна — село во Општина Битола, во областа Ѓават-Кол, во околината на градот Битола.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Срушени куќи во селото

Селото се наоѓа во областа Ѓават-Кол, во западниот дел од Општина Битола, од десната страна на реката Шемница.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 820 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено околу 17 километри.[2]

Атарот зафаќа површина од 7,3 км2. На него обработливото земјиште зазема простор од 310 хектари, на пасиштата отпаѓаат 267 хектари, а на шумите 112 хектари.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Рамна било село во нахијата Ѓават-Кол во Битолската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 5 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Селото има полјоделска функција.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948310—    
1953325+4.8%
1961299−8.0%
1971285−4.7%
1981256−10.2%
ГодинаНас.±%
1991109−57.4%
199486−21.1%
200261−29.1%
202122−63.9%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Рамна имало 440 жители, од кои 210 Македонци христијани и 230 Албанци муслимани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Рамна имало 486 жители.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]

Селото е мало, коешто во 1961 година имало 299 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 86 жители, од кои 79 се Македонци и 6 Албанци.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Рамна имало 61 жител, од кои 53 Македонци, 7 Албанци и 1 останат.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 22 жители, од кои 12 Македонци, 9 Албанци, 1 останат и 11 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 440 486 310 325 299 285 256 109 86 61 22
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Рамна е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички.

  • Староседелски родови: Јосифовци (12 к.), Лазаровци (5 к.), Савевци (5 к.), Митревци (4 к.), Димовци (3 к.), Ѓерасимовци (2 к.) и Филиповци (2 к.).
  • Доселенички родови: Лозановци (4 к.) доселени се од околината на Ѓирокастро во Албанија, го знаат следното родословие: Стеван (жив на 72 г. во 1951 година) Неделко-Анаќија-Лозан кој се доселил со своите 5 синови. Од Ѓирокастро избегале од крв. Кога бил жив Неделко во Рамна се населиле Албанци муслимани; Базјаловци (7 к.) родот го основал Коте кој се доселил од селото Стрежево; Настевци (2 к.) имаат исто потекло како и Базјаловци; Карапетковци (4 к.) доселени се во турско време од Ѓавато; Чашунковци (1 к.) доселени се од селото Загориче воЖелезник; Анчевци (2 к.) и Ќуљумој (2 к.) однекаде се доселени пред 1912 година.

Албанци: Бесимовци (2 к.) доселени се во XIX век од некое место во Јужна Албанија.[13]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]
Задружниот дом на кој е закачена табла за паднатите херои од селото
Фреска на „Св. Кирил и Методиј“ во селската црква

Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе биле придодадени поранешните општини, Бистрица, Кукуречани и Цапари. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Цапари.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Цапари, во која влегувале селата Рамна, Ротино, Српци и Цапари.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Кажани, во која покрај селото Рамна се наоѓале селата Гопеш, Доленци, Ѓавато, Кажани, Лера, Маловиште, Ротино, Српци и Цапари.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Дихово.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачко место бр. 0209 според Државната изборна комисија, кое е сместено во задружниот дом.[14]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 29 гласачи.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 26 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[17]
Цркви[18]

Личности

[уреди | уреди извор]
Партизани[19]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

До 1951 година од селото имало иселеници во Битола (5 семејства), САД (18 семејства), Бугарија (1 семејство), Скопје (1 семејство) и во Србија (1 семејство).[20]

Иселеништвото продолжило и потоа и водело кон Битола, Скопје, Ресен, прекуокеанските земји (САД, Канада, Австралија), и низ Европа.[21]

Во 1912 година 70 до 80 албански семејства се иселиле од селото. Тие се населиле во Битола и во Турција.[13]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 253. Посетено на 25 ноември 2017.
  3. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 174-175.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 25 ноември 2017.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. 13,0 13,1 13,2 Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 25 ноември 2017.
  15. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-05-29. Посетено на 25 ноември 2017.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  19. Настани 1945 година. Сојуз на борци од НОАВМ - Битола.
  20. . Русиќ, Бранислав. Цапарско Поле. Архивски фонд на МАНУ, к-4, AE 94/16. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  21. Bojchevski, Design by Angela Hristovska, Developed by Dijana Manchevska and Jovan. „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2018-08-01. Посетено на 2021-07-17.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]